• Latest

Полицијата не може да ги замолчи новинарите!

May 3, 2016
Архивска фотографија: Џабир Дерала, Оливер Андонов, интервју (фото: А. Мехмети / ЦИВИЛ)

КОНТЕКСТ со Оливер Андонов: Етно-политички конфликт – подарок за Русија

March 28, 2026
Одеса, Украина, 27-28 март 2026

Се засилува рускиот терор: погодено породилиште, убиени цивили – Украина се брани

March 28, 2026

„Реалистичен пат“ или реална измама

March 28, 2026

е-Фактура, бидете внимателни!

March 27, 2026

Сесија

March 27, 2026
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски (фото извор: Кабинет на Претседателот)

Санкциите против рускиот агресор функционираат – олабавувањето ја финансира војната

March 27, 2026
Никола Младенов (фото извор: ФБ страница „За ликот и делото на Никола Младенов“)

13 години без Никола Младенов – ’рбетот на независното новинарство

March 27, 2026

Удобната неутралност и отсуството на смисла за хумор

March 27, 2026
Трамп „прегова“ со Трамп - сатирична објава на Occupy Democrats

ВОНРЕДНО: Објавени првите „протечени“ фотографии од преговорите на Трамп со Иран

March 27, 2026

Граѓанките и граѓаните имаат каде и како: Граѓанскиот форум на ЦИВИЛ – место за сите (не)пријатни прашања и коментари

March 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
    Одеса, Украина, 27-28 март 2026

    Се засилува рускиот терор: погодено породилиште, убиени цивили – Украина се брани

    Никола Младенов (фото извор: ФБ страница „За ликот и делото на Никола Младенов“)

    13 години без Никола Младенов – ’рбетот на независното новинарство

    Војна во Иран, 2026 (U.S. Navy photo)

    Иран го отфрла американскиот мировен план и поставува пет услови за крај на војната

    Фрагмент од профилната слика на Трамп на Truth Social

    Меѓу Тел Авив и Техеран: Трамп без јасна стратегија

    1.490 ден: Рекордни воздушни напади, рускиот агресор тргна во пролетна офанзива

    Избори 2024 (фото: ЦИВИЛ)

    ДЗР со неповолно мислење за ДИК: системски слабости, неправилности во буџетот, набавки без тендер и хаос во документацијата среде изборна година

    БЛИСКИОТ ИСТОК МЕЃУ ЕСКАЛАЦИЈА И ПРЕСВРТ: Напади на повеќе фронтови, мировен план од Трамп и нестабилни цени на нафтата

    УТРИНСКА ПОШТА: Милановиќ го теши Скопје – ја критикува ЕУ, два милиона евра спорни во ДИК, енергијата како оружје, дезинформациите како фронт

    Запорижја, Украина, 23-24 март 2026

    РУСКИ ТЕРОР: Агресорот ја нападна Украина со 426 дронови и ракети

    Виктор Орбан и Владимир Путин, 2015 (Wikimedia Commons)

    Вашингтон пост: Русија планирала лажен атентат врз Орбан пред изборите во Унгарија

  • ПОЛИТИКА
    • Категорија
    • ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ
    Архивска фотографија: Џабир Дерала, Оливер Андонов, интервју (фото: А. Мехмети / ЦИВИЛ)

    КОНТЕКСТ со Оливер Андонов: Етно-политички конфликт – подарок за Русија

    „Реалистичен пат“ или реална измама

    Никола Младенов (фото извор: ФБ страница „За ликот и делото на Никола Младенов“)

    13 години без Никола Младенов – ’рбетот на независното новинарство

    Удобната неутралност и отсуството на смисла за хумор

    Граѓанките и граѓаните имаат каде и како: Граѓанскиот форум на ЦИВИЛ – место за сите (не)пријатни прашања и коментари

    Израелско-српска изборна синтеза за избори и во малите заедници

    Министерство за култура (фото извор: ФБ страница на министерството)

    Девет книги, нула трага – непријатни прашања за конкурсот на Министерството за култура

    Додека светските медиуми јавуваат за скандалите на Орбан, Вучиќ и Јанша, македонската власт „мудро“ молчи

    Нервозен партиски инфлуенсер во гувернерска фотелја носи голема недоверба кон Народната банка!

    Избори 2024 (фото: ЦИВИЛ)

    ДЗР со неповолно мислење за ДИК: системски слабости, неправилности во буџетот, набавки без тендер и хаос во документацијата среде изборна година

  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
    • Категорија
    • ИСТОРИЈА
    Јирген Хабермас (Фото: Европска комисија/Szabolcs Dudás)

    Замина Јирген Хабермас, гигантот на модерната филозофија

    Илустрација ВИ

    Иницијатива што поврзува жени од Македонија, Шведска и Германија нуди поддршка за семејни кризи, насилство, родителски предизвици и економска несигурност

    Фото: Ариан Мехмети

    Кризата е тешка, законот може да се менува – ама платите не: Здружение на јавни обвинители со порака до пратениците

    Фотомонтажа: Скриншот од видео

    Отворено писмо до претседателката: Ако ви дошло до смеење, дојдете со мене на онкологија

    Моето име, моите корени, мојата земја

    Корубин: Селективен и селектиран устав

    Фото: Државна лотарија на Македонија/ Фејсбук

    Државна Лотарија на Македонија – не, благодарам!

    Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Рајот е место каде ништо не се случува

    Демократијата не се брани сама од себе: Што нè научи 2025 година

    Северна Македонија, 2025: Политичка поларизација, институционални слабости и демократски предизвици

  • СЛОБОДНА ЗОНА
    • Категорија
    • ES-PRESS-O
    • БЛИЦ
    • БРЗА ПОШТА
    • ДИПЛОМАТСКА ПРИЗМА
    • ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ
    • ЕДИТОРИЈАЛ
    • ПО ДОПРЕН ГЛАС
    • САТИРА
    • ТЕЖИШТЕ

    „Реалистичен пат“ или реална измама

    Сесија

    Удобната неутралност и отсуството на смисла за хумор

    Израелско-српска изборна синтеза за избори и во малите заедници

    Блаце, камп за бегалците од Косово, 1999 (Photograph provided courtesy of the ICTY.)

    Косово: Трагедија без целосна одговорност и правда

    Додека светските медиуми јавуваат за скандалите на Орбан, Вучиќ и Јанша, македонската власт „мудро“ молчи

    Нервозен партиски инфлуенсер во гувернерска фотелја носи голема недоверба кон Народната банка!

    Студиото на РТС, 24 март 2026 (скриншот)

    Предизборно лицемерие: РТС одбележува 27 години од бомбардирањето

    Тимчо Муцунски, Марта Кос (фото извор: ФБ страница на Т. Муцунски)

    Мисија Брисел: Како да немаш напредок, а да звучиш како да имаш

    Како Европа да седне на „високата маса“ на новиот поредок?

  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result

Home СЛОБОДНА ЗОНА

Полицијата не може да ги замолчи новинарите!

May 3, 2016 16:33
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ДЕХРАН МУРАТОВ

Кога завршив новинарство и почнав да пишувам и да работам како млад новинар, не бев свесен дека ќе се најдам во ситуација да морам да им давам „отчет“ на полицајците за мојата работа и за тоа дали смеам да снимам или фотографирам одредена ситуација. Но, праксата покажа дека бев млад и наивен и дека тоа што го учев на факултет и тоа што се случува на терен не е исто.

Првото соочување со полицијата беше додека работев во веб-порталот НОВА ТВ кога гo следев протестот на стечајците пред Собранието на Република Македонија. Одненадеж, полицајците се стрчаа кон паркот „Жена борец“. Полицијата на брутален начин приведуваше неколку Роми бездомници. Иако се се одвиваше брзо, сепак, успеав да снимам дел од полициската „акција“. Додека полицајците водеа еден од приведените да го качат во полициско комбе, забележаа дека ги снимам и на многу „културен“ начин ме „замолија“ да ги избришам снимките со зборовите: „Абе мајмун, одма да ги избришеш снимките. Дојди ваму…“

Целиот случај го проследија и неколку активисти вклучувајќи ја и Уранија Пировска од Хелсиншки комитет, која побара од полицајците да ѝ кажат според кој член од законот бараат од новинар да ги избрише снимките. Полицајците не знаеја да ѝ кажат на Пировска ниту на мене дека постои некој пишан закон. Ситуацијата набрзо се смири, откако полицајците видоа дека нема да ги избришам снимките.

Следната средба со полицајците ми беше додека го следев настанот поврзан со Ласте Ивановски, избркан од Царина затоа што службеното возило го вратил два часа подоцна. Тој со неговата колешка протестираа пред Царинската управа во Скопје, бидејќи повеќе од пет години ја бараа правдата. Додека протестираа само четворица, од кои еден малолетник, пред Царина дојде полициско комбе и еден автомобил на специјалната единица „Алфи“. Тие беа фини и пред да си заминат на Ласте му рекоа правдата да си ја бара во надлежните институции и да не прави проблеми затоа што ќе мора да се вратат да го земат во станица. Откако си заминаа „Алфите“, дојдоа полицајците и на Ласте му рекоа дека не може само четири лица да ја блокираат улицата и доколку не се тргне на страна, ќе мораат да го однесат во полициска станица. Додека се одвиваше разговорот, телефонот ми беше в рака, на што реагираа полицајците и побараа да им го дадам телефонот. Бидејќи не снимив ништо, затоа што немаше потреба да снимам, им го дадов да видат дека немам никаква снимка. Откако не се снајдоа со менито на телефонот, морав јас да им покажам дека имам само свои приватни снимки. На ова реагираше Борјан Јовановски, уредникот на НОВА ТВ и Здружението на новинари на Македонија. Од МВР по неколку дена излегоа со соопштение дека немало никакво прегледување на мојот телефон од страна на полицајците. Не се ни изненадив на соопштението од МВР, ќе се зачудев доколку кажеа дека полицајците извршиле грубо прекршување на слободата на медиумите и изразувањето.

Последна средба со полицајците ми беше пред извесен период кога протестираа средношколците. До ЦИВИЛ – Центар за слобода пристигна информација дека учениците во средното училиште „Јосип Броз Тито“ во Скопје се заклучени и дека не ги пуштаат да одат на протести. Веднаш со колегата отидовме пред училиштето да видиме дали е вистина дека вратите се заклучени. Додека стоевме надвор од училишниот двор, учениците почнаа да излегуваат од училиштето. Додека сликав, не ни забележав кога дојде обезбедувањето на училиштето и побара да ги избришам сликите. Откако не ги избришав тогаш морав да влезам во училиштето и да чекаме да дојде полиција. Додека ја чекавме полицијата дојде директорката и неколку професорки и со заповеднички тон побараа да ги избришам снимките. Секако, не ги избришав, а полицајците мораа да направат записник, кој бараа да го потпишам и да ветам дека нема да се доближувам до училиштето.

Причината да ги избришам сликите им била дека сум сликал без дозвола државен објект и дека сум сликал во рамки на училишниот имот. Прв пат дознав дека и надвор од капијата се смета за двор на училиштето. Уште посмешна причина е дека сум сликал малолетници без дозвола на нивните родители и дека сум го сликал училиштето без дозвола на директорката. Ги прашувам директорката и професорките, дали ги прашуваат родителите на децата кога со сликаат со премиерот Никола Груевски, градоначалникот Коце Трајановски, претседателот Ѓорѓе Иванов… Или да ми кажат пример дека некој дал дозвола да се слика доколку навистина децата се затворени во училиштето. Токму затоа постојат НОВИНАРИ – криминалот, злоупотребата на службената положба, корупцијата…, да ги објавуваат без согласност на инволвираните лица.

Со полицајците и специјалците се гледаме на протестите и се надевам дека ќе бидат понежни додека маваат по нас новинарите и пофини, додека бараат да ги бришеме снимките…!

Tags: бруталностдемократијаМакедонијаМедиуминовинариполицајциполицијаслободаЦивил
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Трамп „прегова“ со Трамп - сатирична објава на Occupy Democrats

    ВОНРЕДНО: Објавени првите „протечени“ фотографии од преговорите на Трамп со Иран

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Додека светските медиуми јавуваат за скандалите на Орбан, Вучиќ и Јанша, македонската власт „мудро“ молчи

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • КРИТИЧНО: Блискиот Исток влегува во нова опасна фаза од конфликтот – што да се очекува во следните 7 дена

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Најнови податоци од броењето на гласовите од словенечките избори: Разликата меѓу Голоб и Јанша уште помала

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Мисија Брисел: Како да немаш напредок, а да звучиш како да имаш

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ