• Latest

Сакале или не, и Ромите ќе одат во ЕУ

September 4, 2018

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

ВМРО-ДПМНЕ за пет минути „одговори“ колку чинела роденденската прослава

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

Судир со реалноста во Стразбур: ЕП ги изгласа сите услови и остри критики за реформите во Скопје

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Сакале или не, и Ромите ќе одат во ЕУ

September 4, 2018 14:18
in ВЕСТИ, СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Подобрување на условите на Ромите како предуслов за влез во ЕУ. Без фасади, квази-промени и празни ветувања.

Условите во кои живееме се добар индикатор во каква држава фигурираме. Доколку сакаме да живееме во општества кои би биле компатибилни со европските и светските стандарди, треба да преземеме мерки и иницијативи кои би ни ги подобриле условите за живеење.

Тефик Махмут

Како предуслов за европска интеграција е подобрувањето на условите на малцинствата, кои се инкорпорирани во рамки на копенхашките критериуми. Што подразбира почитување и подобрување на правата на малцинствата, особено на Ромите како најранилива етничка група во Македонија. Ова повеќе нема  да биде предмет на индивидуален избор, затоа што сакале или не, владата ќе мора да покаже индикатори кои го исполнуваат горенаведениот услов.

Секако можно е да има фасади, семи-промени и празни ветувања, но сè додека невладиниот сектор заедно со ромските активисти (исклучувајќи ги пепси интелектуалците) се истрајни и соединети, мислам дека ќе имаме резултати. Резултати кои ни беа ветени, но не се реализирани.

Сè уште не сме виделе ни – „п“ од правична застапеност. Шуто Оризари е тоалетна хартија која се користи само пред избори. Имаме експлоатација на ромскиот електорат, Шуто Оризари со најголем процент од ромскиот електорат е дел од нивната политичка агенда само пред избори, или пред значајни одлуки, како што е претстојниот референдум. Добар индикатор за истото, е фактот што немаме ни еден индивидуалец од Шуто Оризари на значајна лидерска функција во сегашната јавната амдинистрација. Порано немавме едуциран кадар, сега барем тоа го имаме.

Сè уште ни се ветува дека ќе ни ја покачат социјалната помош и не убедуваат дека бурекот што го јадеме денес е поразличен од баничката што ја имавме пред неколку години. Повеќето од нас, гледаме ист производ со различен облик.

Не велам дека владејачката гарнитура нема потенцијал, но велам дека немаме политичка волја. Таа волја наскоро, доколку се одлучиме да влеземе во ЕУ, нема да биде предмет на индивидуален избор, сакале или не, ќе мора да нè интегрираат. Прашање  на време е кога кохезивноста на Ромите ќе биде водена од компетентни индивидуалци. Од владејачката гарнитура зависи дали ќе ја повторат истата грешка како нивните претходници – дали концентрацијата на моќ ќе биде во рацете на компетентни или некомпетентни политичари, или во рацете на некој „од“ или „надвор од“ територијата која поседува најголема концентрација на ромскиот електорат.

Во секој случај, сметам дека треба да бидеме ЗА Европската Унија.  Ромскиот народ и нивната социо-економска ситуација никогаш не зависела и тешко дека може да зависи од некоја владејачката гарнитура. Се додека  нема кохезивност и компетентност кај нашите “лидери”, Ромите ќе бидат последни на политичката агенда во оваа држава.

Еден од начините со кои можеме да ја промениме нашата социо-економска ситуација, е влезот во Европската Унија.

Освен бенефициите поврзани со правото на движење со кое доаѓа и потенцијалното иселување од државата, влезот во ЕУ може да има ‘негативни’ реперкусии врз„сивата економија“ од која што егзистираат повеќето Роми во оваа држава, особено тие од Шуто Оризари. Во секој случај, позитивните ЕУ бенефиции се многу поголеми од потенцијалните негативни реперкусии.

Да се надеваме дека изходот на референдумот ќе биде позитивен и дека делумно ако не целосно ќе бидат реализирани ветувањата дадени пред изборите.

Да се надеваме дека ќе имаме правична застапеност во јавната администрација, не-етничко профилирање на Ромите при царинските премини, како и поголема социјална кохезивност во нашата држава.

Сите, а особено младите, се надеваме дека еден ден ќе видиме општества кои ќе бидат компатибилни со европските и светските стандарди во нашата држава.

Останува да видиме. Одлуката е наша. Волјата е нивна.

Tags: ЕУреферендумРомитеТефик Махмут
Share129TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ