• Latest

Самит на ЕУ посветен на ребалансот на Европскиот буџет и на Блискиот Исток

February 1, 2024

И на пазарот има мода

May 14, 2026

Инцидент со украински поморски дрон кај Лефкада ја вознемири Атина: истрага и дипломатски тензии

May 14, 2026

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: ЕУ бара реформи, но дали владата на Мицкоски има капацитет да ги спроведе?

May 14, 2026
Илустрација ВИ

Цените на нафтата стабилизирани по дипломатските сигнали од Вашингтон и Техеран

May 14, 2026
Кијив, 14 мај 2026 (извор: ДСНС)

Државата-терорист продолжи со терор врз цивилите во Украина: Стотици руски дронови и ракети, Кијив под најсилен удар

May 14, 2026
Фотографија: Скриншот од видео на Гардијан

Трамп и Си Џинпинг во Пекинг: Договори за економија, тензии околу Тајван

May 14, 2026

Случајот „ТЕЦ Неготино“: политички интервенции и валкана медиумска совест

May 14, 2026
Черкаска област, 13 мај 2026 (извор: ДСНС)

Масовен руски напад врз Украина: Над 800 дронови, цивилни жртви и удари врз инфраструктура во повеќе региони

May 13, 2026

Политиката на Мицкоски кон ЕУ не е грешка

May 13, 2026

ЦИВИЛ бара студентите привремено да бидат сместени во хотели додека се санираат студентските домови

May 13, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ

    Инцидент со украински поморски дрон кај Лефкада ја вознемири Атина: истрага и дипломатски тензии

    ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: ЕУ бара реформи, но дали владата на Мицкоски има капацитет да ги спроведе?

    Илустрација ВИ

    Цените на нафтата стабилизирани по дипломатските сигнали од Вашингтон и Техеран

    Кијив, 14 мај 2026 (извор: ДСНС)

    Државата-терорист продолжи со терор врз цивилите во Украина: Стотици руски дронови и ракети, Кијив под најсилен удар

    Фотографија: Скриншот од видео на Гардијан

    Трамп и Си Џинпинг во Пекинг: Договори за економија, тензии околу Тајван

    Черкаска област, 13 мај 2026 (извор: ДСНС)

    Масовен руски напад врз Украина: Над 800 дронови, цивилни жртви и удари врз инфраструктура во повеќе региони

    ЦИВИЛ бара студентите привремено да бидат сместени во хотели додека се санираат студентските домови

    СКАНДАЛ: Студентски стандард – стаорци, студени тушеви, нефункционални лифтови, неисплатени стипендии

    ЦИВИЛ: Студентските домови не смеат да бидат симбол на државна негрижа

    Харкив, 12 мај 2026 (извор: ДСНС Украина)

    РУСКИ ТЕРОР ВРЗ ЦИВИЛИ: Кремљ ја прекина „делумната тишина“ со нови напади врз Украина: Над 200 дронови, погодена цивилна инфраструктура, Кијив бара засилен притисок врз Кремљ

  • ПОЛИТИКА
    • All
    • ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

    Пред отворени европски порти, Мицкоски копа ров

    Реакции - идентитет

    РЕАКЦИИ: ЕУ значи контрола и крај на корупцијата, ама ЕУ е и закана за националниот идентитет – граѓаните поделени за уставните измени

    Дипломатски тензии меѓу Скопје и Софија по средбата во Брисел: Идентитетот повторно во фокус

  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
    • All
    • ИСТОРИЈА

    РЕАКЦИИ: Камерите не воспитуваат – сообраќајната култура и натаму на нула

    Гордана Дувњак (1965–2026)

    Гордана Дувњак (1965–2026): Тивко заминување на еден силен новинарски глас

    Меѓународен ден на Ромите: Култура, идентитет и континуирана борба против дискриминацијата, сиромаштијата и системската неправда

    Јирген Хабермас (Фото: Европска комисија/Szabolcs Dudás)

    Замина Јирген Хабермас, гигантот на модерната филозофија

    Илустрација ВИ

    Иницијатива што поврзува жени од Македонија, Шведска и Германија нуди поддршка за семејни кризи, насилство, родителски предизвици и економска несигурност

    Фото: Ариан Мехмети

    Кризата е тешка, законот може да се менува – ама платите не: Здружение на јавни обвинители со порака до пратениците

    Фотомонтажа: Скриншот од видео

    Отворено писмо до претседателката: Ако ви дошло до смеење, дојдете со мене на онкологија

    Моето име, моите корени, мојата земја

    Корубин: Селективен и селектиран устав

    Фото: Државна лотарија на Македонија/ Фејсбук

    Државна Лотарија на Македонија – не, благодарам!

  • СЛОБОДНА ЗОНА
    • All
    • ES-PRESS-O
    • БЛИЦ
    • БРЗА ПОШТА
    • ДИПЛОМАТСКА ПРИЗМА
    • ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ
    • ЕДИТОРИЈАЛ
    • КОМПАС
    • ПО ДОПРЕН ГЛАС
    • САТИРА

    И на пазарот има мода

    Случајот „ТЕЦ Неготино“: политички интервенции и валкана медиумска совест

    Политиката на Мицкоски кон ЕУ не е грешка

    За меѓународните напори за враќање на незаконски депортираните Украински деца од страна на Русија

    Пред отворени европски порти, Мицкоски копа ров

    Од „наркомани и неонацисти“ до „господин Зеленски“: Што се крие зад промената во реториката на Путин?

    Да зборуваме за она што најчесто се премолчува на овој ден на мајките

    Не e  прашањето дали ќе има избори – вистинското прашање е – какви ќе бидат тие избори

    Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

    Браво мајсторе!

    Москва, 23 август 1939 година | Советскиот министер за надворешни работи Вјачеслав Молотов го потпишува Пактот за ненапаѓање. Зад него стојат Јосиф Сталин и германскиот министер за надворешни работи Јоаким фон Рибентроп.

    Крвното братство што тие сакаат светот да го заборави

  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result

Home СВЕТ

Самит на ЕУ посветен на ребалансот на Европскиот буџет и на Блискиот Исток

February 1, 2024 09:22
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

реднорочната ревизија на Повеќегодишната финансиска рамка на ЕУ за периодот 2021-2027 година, која, меѓу другото, вклучува обезбедување средствата за поддршката за Украина и за помош на земјите од Западниот Балкан, како и случувањата во регионот на Блискиот Исток, ќе бидат главна тема на денешниот специјален Европски совет во Брисел, на кој ќе се соберат шефовите на држави или влади на земјите членки на Унијата.

Ревизијата на долгорочниот буџет на Унијата за периодот 2021-2027 беше тема и на Самитот на ЕУ на 14 и 15 декември минатата година, но европските лидери не постигнаа консензус за нејзино усвојување поради противењето на Унгарија.

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, потребата за ревизија на Финансиската рамка произлезе од непланираните трошоци на Унијата, поврзани, меѓу останатото, со глобалната пандемија на Ковид-19, руската агресија врз Украина и растот на каматните стапки.

Во тој контекст, како што соопшти Советот на ЕУ, лидерите ќе разговараат за предложената среднорочна ревизија на Повеќегодишната финансиска рамка, која вклучува и создавање на Механизам за обезбедување долгорочна стабилност на Украина и на Платформа за стратешки технологии за Европа (СТЕП), чија цел е зајакнување на конкурентноста на Европа.

– Во декември лидерите разговараа за тоа како да ги финансираат нашите најитните потреби и идните приоритети, вклучително и поддршката за Украина, миграцијата и надворешната димензија, каматите и специјалните инструменти, се додава во најавата на Самитот.

Со ревизијата се предвидува обезбедување на дополнителни 64,6 милијарди евра, од кои 50 милијарди евра наменети за Украина за следните четири години и тоа 17 милијарди евра грантови и 33 милијарди евра позајмици.

Од останатите средства, 7,6 милијарди евра се предвидени за поддршка на земјите од европското соседство и за партнерите ширум светот, по две милијарди за справување со миграцијата и управување со границите и за Инструментот за флексибилност на ЕУ и по 1,5 милијарди евра за Европскиот одбранбен фонд во рамките на СТЕП и како резерви за солидарност и итна помош.

Советот на постојаните претставници на земјите членки на ЕУ (Корепер) на 10 јануари одобри „делумен преговарачки мандат“ на Европскиот совет за Предлогот за создавање нов единствен Механизам за поддршка на обновата, реконструкцијата и модернизацијата на Украина, како „единствен инструмент за обезбедување кохерентна, предвидлива и флексибилна поддршка за периодот 2024-2027 година, приспособена на невидените предизвици за поддршка на една земја во војна“.

Инаку, „делумниот преговарачки мандат“ за Советот, значи дека тој не вклучува прашања поврзани со вкупната сума на средства на Механизмот и уделот на грантови и заеми во него, што треба да се регулира со ревизијата на Повеќегодишната финансиска рамка.

Во поканата за денешното заседание упатена до шефовите на држави или влади на членките на ЕУ, претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел посочува дека на Самитот во декември 26 од лидерите на земјите на Унијата „цврсто го поддржаа балансираното преговарачко поле кое имаше предвид јасен збир на главни приоритети – поддршка за Украина, управување со миграцијата и нејзината надворешна димензија, помош за Западниот Балкан и одговорот на природните катастрофи“.

Мишел посочува дека понудениот предлог на денешниот Самит претставува основа за постигнување конечен договор меѓу сите 27 земји членки, што е витално значење за кредибилитетот на Унијата и нејзината посветеност да обезбеди цврста поддршка за Украина.

– Имаме директна обврска да најдеме решение и да испорачаме, потенцира Мишел.

Според него, со оглед на околностите, лидерите на ЕУ ќе треба итно да ги решат сите аспекти на воена помош од Унијата за Украина, што би вклучувало испорака на муниција, согласно заклучоците на Самитот во март минатата година, како и прилагодување на релевантните инструменти на блокот за побрзо доставување помош, како надополнување на билатералните напори.

– За да го постигнеме ова, мораме да продолжиме со нашите донации, да ги приспособиме нарачките и да поставуваме нови, што исто така ќе ја зајакне нашата европска одбранбена индустрија, смета Мишел.

Тој натаму посочува дека фокус на лидерите бараат и „драматичните настани на Блискиот Исток“.

– Сите заложници киднапирани од Хамас мора да бидат ослободени без никакви предуслови. Нашата дискусија треба да биде врамена околу голем број клучни прашања. Во светлината на загрижувачките регионални случувања, треба да ги решиме безбедносните прашања, да продолжиме да охрабруваме на воздржаност и да разговараме за мерките за спречување на понатамошна регионална ескалација, особено во Црвеното Море. Покрај тоа, ние мора итно да придонесеме за санирање на катастрофалната хуманитарна ситуација во Газа, додава претседателот на Европскиот совет.

На крајот, според Мишел, лидерите на ЕУ треба да разговараат и за начините за „оживување на политичкиот процес за решение со две држави“, како единствената остварлива опција што може да донесе одржлив мир и за Израелците и за Палестинците и засилена регионална безбедност.

– Севкупно, нашите напори треба да имаат за цел да обезбедат меѓународното право и меѓународното хуманитарно право да бидат почитуваат од сите, додава Мишел во поканата.

Во текстот на нацрт-заклучоците за Самитот се наведува решеноста на земјите членки на ЕУ да обезбедат навремена, предвидлива и одржлива воена поддршка за Украина, особено преку Европскиот мировен механизам и воената помош на Унијата, како и преку директна билатерална поддршка од државите членки, во согласност со нејзините потреби.

– Европскиот совет потсетува на своите претходни заклучоци и ја потврдува својата непоколеблива посветеност да продолжи со обезбедување силна политичка, финансиска, економска, хуманитарна, воена и дипломатска поддршка за Украина и нејзиниот народ онолку долго колку што е потребно, се вели во нацрт-заклучоците.

Во документот, исто така, се повторува итната потреба да се забрза испораката на муниција и проектили на Украина, согласно ветувањето дадено лани во март од страна на ЕУ дека на земјата годишно ќе и испорачува по еден милион парчиња муниција, цел која засега не е остварена.

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел по вчерашната неформална средба на министрите за одбрана на Унијата истакна дека од лани во март, па до почетокот на годинава, на Украина и се испорачани 330.000 парчиња муниција, дека до март тоа количество ќе достигне 524.000, а до крајот на 2024 – над еден милион.

Според Борел, од почетокот на руската инвазија, Унијата и нејзините земји членки билатерално на Украина и донирале воена опрема во вредност од 28 милијарди евра, нагласувајќи дека според најавите годинава таа помош ќе достигне 21 милијарда евра. Дополнително, договорена е обука на уште 20.000 украински војници, со што вкупната бројка на припадници на Вооружените сили на Украина обучени од страна на ЕУ ќе достигне 60.000.

Во нацрт-заклучоците претходно најавуваната сума од пет милијарди евра за Украина во рамки на Европскиот мировен механизам е наведена во средни загради, што укажува дека за неа се уште нема договор и дека и натаму е предмет на дискусија.

Овие средства би се користеле за надоместување на донациите на оружје за Киев и би претставувале еден вид безбедносна гаранција за покривање на недостигот во воена поддршка за земјата.

Членките на ЕУ со месеци дебатираат околу улогата на овој механизам во воената помош за Украина, при што Германија предлагаше фокус се стави на билатералната помош од одделни земји во блокот.

Tags: Блиски истокбуџетЕУ
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ