• Latest

Силни семејства, заедници и држава за надминување на насилниот екстремизам и тероризам

April 23, 2018

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Москва и Пекинг: Турбулентна историја на сојузништва, ривалства и конфликти

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии и битка за секој глас – регистрирани 116 инциденти со насилство и закани

October 24, 2026
СЛОБОДА | 23 октомври 2026 (фото извор: ФБ профил на претседателот на Украина, Володимир Зеленски)

По години заробеништво, враќање дома: Украина пречека 270 ослободени, рускиот терор продолжува

October 23, 2026
Паметен град на иднината: Вештачката интелигенција во служба на граѓан(к)ите и урбаниот развој. (Илустрација: ChatGPT / OpenAI, за CIVIL MEDIA TECH & AI FORUM)

Градови што размислуваат: Како вештачката интелигенција може да ни донесе почист воздух, помалку метеж и подобар живот

October 23, 2026

Бугарија в недела избира претседател-ка: Во трка се 27 кандидатски двојки

October 23, 2026

Изборен молк во Србија: Тензична предизборна атмосфера

October 23, 2026

Топ 10 најмоќни економии во светот во 2026 година (ИНФОГРАФИК)

October 23, 2026

Руските напади сè повеќе се прелеваат надвор од Украина: Молдавија како нов фронт на хибриден притисок

October 23, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Силни семејства, заедници и држава за надминување на насилниот екстремизам и тероризам

April 23, 2018 12:07
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Владата на 57 седница во март месец ја усвои Националната стратегија за спречување на насилен екстремизам 2018-2022 и Националната стратегија за борба против тероризам 2018-2022.

Овие документи Владата ги изработи поради потребата да се пренесат активностите на насилниот екстремизам и радикализација на полето на превенција преку општествен институционален пристап.

На веб страницата на Владата можат да се најдат и двата документа. Според нив остварувањето на предвидените активности против насилниот екстремизам и тероризам предвидуваат пред сѐ разбирање на опасностите од маргинализација, економски тешкотии и закани од поделби на заедницата, доверба во заедниците и меѓу заедниците и полицијата и другите владини органи, постигање повисоко ниво на соработка меѓу државните и локалните институции во борбата против насилниот екстремизам и тероризам, конвергирање кон меѓународните стандарди и хармонизирање на националното законодавство и прописи со Европската Унија, ОН, ОБСЕ и други меѓународни партнери.

Што се однесува до средствата потребни за имплементација тие ќе бидат одвоени од државниот буџетот со претходна финансиска проценка и преку меѓународна донаторска поддршка.

„Стратегијата и Акциски план за спротивставување на формите на радикализација што може да доведат до насилен екстремизам и тероризам ја отсликуваат и потврдуваат нашата посветеност кон нови, сеопфатни и холистички, превентивни пристапи на начини што се надгледуваат и се прифаќаат како легитимни од страна на граѓаните на Република Македонија. На овој начин ќе се издигнеме над овие предизвици, ќе се соочиме со нив и ќе ги надминеме со: Силни семејства, … Силни заедници,… Силна држава!“, се вели во заедничката изјава на Борче Петревски, национален координатор за СНЕБПТ и на Џеладин Ајвази заменик-национален координатор за СНЕ (Акцискиот план за спречување на насилен ектремизам).

Во контекст на националните стратегии, за потсетување, на панел дискусијата „Македонија во НАТО: Задачи, предизвици и можности“ во организација на ЦИВИЛ на прашањето „Дали опасноста од тероризам ќе се зголеми со влезот во НАТО?“, говорниците Радмила Шекеринска, министерка за одбрана, Стево Пендаровски, национален кординатор за НАТО, Сашо Орданоски, полтиички аналитичар и Даниела Баришиќ, амбасадорка на Хрватска во Македонија, сметаа дека глобалниот тероризам бара глобално решение, а влезот во НАТО може да придонесе во борбата против тероризмот, но не и да ја рангира Македонија повисоко на црната листа на терористички напади.

Пендаровски, исто така, нагласи дека борбата треба да се насочи и кон религиозниот тероризам, бидејќи во светот Макеоднија е најризичен регион за развој на овој вид терористички закани и напади.

Националните стратешки документи се изработени од Националниот комитет за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам раководен од Национален координатор за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам, заменик Национален координатор за спречување на насилен екстремизам, заменик Национален координатор за борба против тероризам, а во комитетот партиципираат 22 членови и 22 заменици членови кои се постојано вработени во 21 Министерство и институции на Република Македонија.

Биљана Јордановска

Tags: насилен екстремизамстратегијатероризам
Share10TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ