• Latest

Состојбата со човековите права во извештајот на ЕК пред Постојаната анкетна комисија

May 8, 2018

Војната во сенка ескалира: Мета се системите што ја одржуваат Украина

October 16, 2026
Фото: Скриншот / Х

Пропадна енергетското примирје: Трамп го обвинува Кијив, ЕУ го засилува притисокот врз Москва

October 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Можело и пристојно

October 16, 2026
Протести во Тирана, октомври 2026 (фото извор: https://www.facebook.com/karin.mueting)

Жестоки протести во Тирана: Рама одбива оставка, ЕУ повикува на дијалог

October 16, 2026
Илустрација ВИ

Брвеница на предвремени избори: Шест кандидати во трка за градоначалничката функција

October 16, 2026
Пребарување на морето – во барањето на преживеани ама и на евентуално непријателски бродови учествува бугарската и романската морнарица и воздухопловство ( Credit: US DEPARTMENT OF WAR / Cpl. Hernan Vidana)

Од членот 4 до членот 5: Колку ескалацијата во Црното Море го приближува НАТО до колективна одбрана?

October 16, 2026
Скриншот од камера во живо на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП)

„Швајцарско сирење“ на македонски начин – рецепт за бегство од правдата

October 16, 2026
ДАВОР МАЦУРА Преку Битола ќе ја „европеизира“ својата банка што не ја „мирисаат“ во Европа

На српскиот бизнисмен Давор Мацура, сопственик на Алта банка, му е забранет влез во Црна Гора

October 15, 2026
Фото извор: https://ecps.educ.ubc.ca/white-cane-day/

ИНФОГРАФИК | 15 Октомври – Меѓународен ден на белиот стап: Инклузивно општество се гради со дела, не со зборови

October 15, 2026
Кијив, 15 октомври 2026 (ДСНС)

580 дронови во една ноќ: Нови жртви на рускиот терор во Украина, Москва планира поголем воен буџет

October 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Состојбата со човековите права во извештајот на ЕК пред Постојаната анкетна комисија

May 8, 2018 13:47
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Подобрување на состојбата во затворите, но и во другите социјални установи, спречување на говорот на омраза, унапредување на работата на телата, кои се задолжени за промоција на човековите права се дел од препораките содржани во извештајот на ЕК за напредокот на Македонија за 2018 година, за кои денеска се дебатираше на јавната расправа со акцент на делот посветен на човековите права во Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот.

Од септември 2016 година Европскиот суд за човекови права утврдил прекршување на Европската конвенција за човекови права во осум случаи, од вкупно десет, а тие се однесувале пред се на правото на правично судење, слободата на јавен собир, правото на здружување, слобода на изразување.

Во извештајниот период заклучно со февруари 2018 година Судот регистирал 461 ново барање, информира на седницата претседателот на Комисијата Фадил Зендели.

Како позитивни работи, кои се нотирани во извештајот во сферата на човековите права, е ратификувањето на Истанбулската конвенција, но и унапредување на правата на припадниците на ЛГТБ.

Билјана Гинова од Хелсиншки комитет за човекови права нагласи дека ова е прв извештај од ЕК за Македонија кој содржи некакви поздравни зборови за обаста на ЛГТБ, а лани политичкото лидерство дало поддршка на овие лица.

Потсети дека ЛГТБ центарот бил шест пати напаѓан, а ниту еден од случаите не е решен и додаде дека Кривичниот законик мора да биде променет и да вклучува омраза врз основа на сексуална ориентација и родов идентитет, што било поддржано и од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Гинова рече дека извештајот ја потенцира и потребата од донесување на законот за дискриминација, додавајќи дека 39 отсто од ЛГБТ луѓето преживеале диксриминација врз основа на сексуална ориентација и родов идентитет. Додаде дека во различни случаи меѓу 70 до 90 отсто од нив не го пријавуваат случајот поради неверба во институциите или страв од стигматизација.

Маргарита Цаца Николовска од Институтот за човекови права се осврна на правосудните реформи, нагласувајќи ја важноста на реформирање на Судскиот совет, кој треба да овозможи заштита и овозможување на независноста на судството.

Потсети дека е препорачана ревизија на улогата и одговорноста на членовите на Судскиот совет. Додаде дека по ревизијата можеби ќе треба да се менува неговата структура и начинот на работење.

Детектирано е непостоење на одговорност на членовите на Судскиот совет. Мене лично ме загрижува реакцијата на членовите на Судскиот свет по ова прашање. Неверојатно ми е од нив да слушам дека за нив не треба да постои одговорност. Тоа се веројатно единствен орган, кој нема одговорност и покрај тоа што со уставните амнадмани е одлучено е да се доесе закон со кој ќе се детектира нивната одговорност. Тоа долго време не е направено и сега е вистинско време тоа да се смени, рече таа.

Мара Морачанин од ДОМ вели дека извештајот нотира напредок во правната рамка за подобрувањето на состојбата не недискриминација, при што се споменува законот за заштита и спречување на диксриминација, кој помина на Венецијанската комисија. Препораките се побрзо донесување на законот и негово усогласување со тесктовите на други закони.

Додаде дека ЕК посочува и дека е потребно д се решат недостатоците на работата на Комисијата за спречување диксриминација, вклучувајќи ја и нејзината непристраност и независност.

Говореше и за правата на детето, за кои во извештајот се вели дека се потребни напори нивно унапредување.

Децата Роми и децата со посебни потреби, се наведува во извештајот страдаат од диксриминација и сегрегација, особено во образованието и иако е постигнат напредок изминатите години постои ограничена координација врз спречување и реагирање на насилството врз децата, изјави таа.

Додаде дека Канцеларијата на народниот потвврдил 50 повреди на правата на децата во 2017 година и напомена дека мерките и ресурсите за спречување на малтретирањата во училиштата се уште не се доволни.

Силва Пешиќ од Канцеларијата на ОН им порача на пратениците да имаат попроактивна улога на контролен механизам во насока да утврдуваат дали извршната власт ги спроведува законите кои се однесуваат на заштита на човековите права.

Во извештајот на едно место се спомнува и Собранието. Има препорака и коментар дека Собранието треба да си ја врши целосно својата надлежност, пред се надзорната фуннкција, некако низ сиве овие години таа функција се става во втор план и сме сведоци дека пред се занимавате со законодавната работа, рече таа.

Нагласи дека пратениците не треба само да го разгледуваат извештајот, туку одвреме на време да ја прашаат извршната власт до каде е со спроведувањето. (МИА)

Tags: анкетна комисијаДОМЕвропска КомисијаЛГБТОНчовекови права
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ