• Latest

Светски ден на животна средина: „Поврзување на луѓето со природата“

June 5, 2017

Нема штета, нема загадување – но „Мазут“ повторно се враќа на истрага

August 31, 2026
Петер Маѓар, Оливер Андонов - Блед, Словенија, 31 август 2026

(ФОТО ВЕСТ) Андонов на средба со унгарскиот премиер Маѓар во Блед: Поддршка за македонскиот пат кон ЕУ

August 31, 2026
Украинска инфраструктура уништена од агресорот

Украина повикува на засилена енергетска поддршка пред зимата: Русија подготвува нови напади врз енергетиката

August 31, 2026

Сè помалку ученици, сè повеќе празни училишта: Демографскиот пад го менува образовниот систем

August 31, 2026
Кијив, 31 август 2026 (извор: ДСНС)

Рускиот терор продолжува, расте црниот биланс на загинати, Кијив ги засилува „долгометните санкции“

August 31, 2026

Од Матрикс до агентската ВИ: Кога софтверот престанува само да одговара и почнува да дејствува

August 30, 2026

Ако нема штета, нема загадување и нема докази – што всушност остана од случајот „Мазут“?

August 30, 2026
Избирачко место во Исланд (фото извор: скриншот од видео на социјалните мрежи)

Исланд го отфрли враќањето на преговорите со ЕУ, „не“ води со 52,5 отсто наспроти 47,5 отсто „за“

August 30, 2026

ЦИВИЛ: Глорификацијата на Ратко Младиќ е напад врз жртвите, вистината и демократскиот поредок

August 30, 2026
Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Руски терор врз Украина: Најмалку 37 загинати и голем број ранети во Кијивска област, 30 часа непрекинат напад врз цивилите

August 29, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Светски ден на животна средина: „Поврзување на луѓето со природата“

June 5, 2017 15:47
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

На глобално ниво, денеска се одбележува Светскиот ден на животната средина. Годинашното мото на одбележувањето на 5 Јуни е „Поврзување на луѓето со природата“. По тој повод, ЦИВИЛ Медиа разговараше со тројца екоактивисти од Скопје, Битола и Велес, кои се согласуваат дека додека македонските шуми го живеат деветтиот круг на пеколот, се покажува наводна загриженост, дека не постои најголем предизвик во Македонија во сферата на животната средина, зашто ниту една суштинска работа не е завршена! Па, буквално,  сè е предизвик!

Игор Новески

„Во контекст на годинешното мото на одбележувањето на 5 Јуни,  Македонија е исправена пред гигантски предизвик за подобрување на животната средина, пред сѐ квалитетот на воздухот. Годишно, во Македонија умираат помеѓу 1.300 (Светска Банка) и 3.300 луѓе (европската Агенција за животна средина). Секое второ болно дете во 2015 година се лекувало од респираторни болести! Мора да се реагира темелно и веднаш. Најпрво, Македонија како потписничка на Парискиот климатски договор мора да го ратификува договорот во парламентот најбрзо што може. Потоа, треба да се работи посветено и макотрпно на трансформација на целокупната економија и општеството, од сегашното базирано на јаглен и фосилни горива кон општество во кое електричната енергија се произведува 100% од обновливи извори на енергија, во кое јавниот превоз и велосипедот се главни начини на патување на работа, во кое хибридни и електрични возила се стандардот и каде што тешката индустрија ги почитува строгите ЕУ критериуми за загадување.  Среќен Ден на животната средина!“, вели Игор Новески, екоактивист од „Скопје Смог Аларм”.

Душко Груевски

„Интересен феномен за себеоправдување и изнаоѓање алиби, се преточува во одбележување на општествени суштински теми, преку денови во кои ќе се потенцираат истите. ‘Пилатовски’ – миејќи ги рацете, ќе одредите еден ден за некоја суштествена тема и за истиот тој ден, ќе измолкнете одредена сума од нечиј буџет, за да покажете наводна загриженост! И ние, како здружение, го направивме и правевме истото во изминативе 2-3 години, сметајќи дека денот на мравојадот или денот на ослободување на Битола, заслужуваат да определите ден посветен за споменување на некоја случка, ама не е во ред, да се одредува само еден ден за вакви теми. Можете да одбележувате ден на животната средина, ама тој ден да ви биде за сумирање на резултатите кои сте ги реализирале преку цела година, а не тоа да ви е единствениот ден во кој ќе покажете загриженост за конкретната тема. Кога битолчани (одреден број на наши сограѓани) ги прашувате за овој ден или за темата која се одбележува денес, ќе ви речат: ‘Тоа е… Како за сите, така и за мене…’“, е ставот на Душко Груевски од граѓанското здружение „За нас се работи“ од Битола.

„Здружението оваа година не направи никаков посебен настан за овој ден, од едноставна причина што сметаме дека е лицемерно, и по сè што ѝ се случува на Битола, сè уште да зборуваме за потребата за грижа кон животната средина. Ќе ги избегнуваме формалностите… Ќе реализираме настани за денови што одбележуваат нешто како ослободување на Битола, јубилеи и слично, а за вака суштествени и ексцепционални проблеми и теми. Ќе работиме во континуитет преку цела година. Доста е лицемерие!“, порача Груевски.

Игор Смилев

„Не постои најголем предизвик во Македонија во делот на животната средина, бидејќи ниту една суштинска работа не е завршена. Сè е предизвик! Немаме отпад, имаме ѓубре! Значи, мора да преминеме во друг еволутивен стадиум на развој на еколошката свест. Од фаза на ѓубре во фаза на отпад што е децениски процес за што нам ќе ни треба еден век! Имаме проблем со амбиенталниот воздух. Од октомври до март пола Македонија живее во агонија и под боца со кислород! Имаме проблем со 12 еко-жешки точки во Македонија што се веќе неколку години лоцирани и мапирани и ниту една не е решена, поради индолентниот и кафеански однос на Министерството за животна средина и просторно планирање. Особено сериозен е проблемот со сечење на шумите. Македонските шуми го живеат деветтиот круг на пеколот“, смета Игор Смилев од Green Power.

Според него невозможно е да се таргетираат сите точки оти екологијата во Македонија е сложена и комплексна за која што требаат врвни експерти и дијагностичари за да се санира било која болка и патолошка состојба. „А такви експерти нема или доколку ги има се во длабока и ладна сенка на неспособни политичари и министри за животна средина“, вели Смилев.

Светскиот ден на животната средина е креиран од Генералното собрание на Обединетите нации во 1972 година, на првиот ден од Конференцијата на ОН за животна средина, а се прославува од 1974 година во повеќе од 140 држави.

Марија Теговска

Tags: активистивоздухекологијаекспертиживотна срединаОбединети НацииСветскиот ден на животната средина
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ