Во нашето училиште учат ромски деца, помалку се, малцинство се, има проблеми, но јас ќе се вратам на тоа што сакав да го кажам на почетокот, па можеби ќе дојдеме до заклучок. Јас не сум Ромка, но ќе зборувам за нашите.
„Кога „нашиот“ народ ќе седне да разговара за проблемите и неволјите, почнува од власта, дека власта не е способна, што многу често е точно, и секогаш разговорот завршува со Ромите, посочи Љубица Теодосиева, наставничка во ОУ Свети Кирил и Методиј во Кочани, на јавниот настан „Граѓански дијалози за меѓуетничките односи: Предизвици и решенија“.
„Ромите кршат, Ромите возат брзо, Ромите се коцкаат… Спомнавме диви депонии, има 80 отсто од нашето население, можеби 20 отсто кај ромското население. Брзо возат џиповите, брзо возат скршените коли без регистрации. Сакам да навлезам во коренот. Менталитетот на државата и населението е поврзано, ако одат во држава која е средена, ќе се вратат со друг менталитет. А тука менталитетот е тој. Се уште се гледа со инфериорност, и дека се што не чини, доаѓа од таму ( од Ромите). Но ова не е точно, доаѓа од државата. Ќе го спомна случајот со полицијата и сопирањето на возилата. Сопираат нерегистрирано возило, натоварено со пластика, убаво и цврсто врзана, којзнае колку труд е вложено во тоа, ја носат на отпад, со што, меѓу другото, ни ја чистат околината, ги сопираат и ги малтретираат два часа, а во меѓувреме ќе поминат неколку џипови или други возила кои возат со голема брзина. И токму пред знак каде што се означува дека брзината е ограничена на 30 км/ч.“, раскажа Теодосиева.
Таа се осврна и на учениците од ромската и турската етничка заедница, кои посетуваат настава на македонски јазик, за предизвиците од учењето нов јазик, бидејќи какомали деца, во домашни услови зборуваат на мајчин јазик. Теодосиевска посочи на фактот дека поради недоволното разбирање на македонскиот јазик, децата често се повлекуваат во себе, и дека треба соучениците да ги прифатат и да работат со нив, за да се намалат овие проблеми. Таа раскажа за случај кога ученик од ромската заедница почнал да посетува настава на македонски јазик во училиштето, се соочил со неприфаќање од другите ученици, и дека на соучениците од македонско етничко потекло им требало 3-4 години да го прифатат и да се интегрира.
„Доволно е да има две деца што не се однесуваат добро со другиот, за тој да се почувствува неприфатен од средината. А кога не се прифатени, тие многу бргу се повлекуваат во себе“, вели меѓу другото Теодосиева.
Д. Тахири
Камера и фотографија: Дехран Муратов
Монтажа: Ариан Мехмети