• Latest

Борел: Северна Македонија ја доби „најдобрата зделка што можеше да ја добиете“ и не е реално да се очекува повторно отворање и преговарање за Преговарачката рамка

March 17, 2023

24 ЧАСА: Пред избори споменици никнуваат како печурки по дожд; Ако сакаме држава на владеење на правото, мора да тргнеме од вистината, повикува Камбери; Додик без мандат; Виткоф слета во Москва

August 6, 2025
Фото: Скриншот од видео на RFE/RL

Заедничка изјава на Меѓународната коалиција за враќање на украински деца: Ја повторуваме непоколебливата посветеност на заштитата на децата погодени од незаконската, неиспровоцирана и неоправдана целосна руска воена инвазија на Украина

August 6, 2025

Кривична пријава за Кавадарец – си го убил братот и го закопал во дворот

August 6, 2025
Фото: Скриншот МИА

Тешко болните деца ќе може да учат дома или онлајн

August 6, 2025

Пред избори, споменици никнуваат како печурки по дожд: Во Слупчане поставена спомен-плоча на загинати борци на УЧК

August 6, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: Османи го повлече барањето за собранието до уставниот суд, за аналитичарите повлекувањето создава институционална несигурност; Новиот Кривичен законик во Албанија ги ублажува казните за корупција за високи функционери

August 6, 2025

МВР во координација со Обвинителство за утврдување говор на омраза кај навивачите на натпреварот меѓу Шкендија и Карабах

August 6, 2025
Фото: Фејсбук ФК Шкендија

„Илирида, Чамерија“ и „Наше ќе биде и Солунско поле“

August 6, 2025
Фото: Скриншот од видео на Украински сили за специјални операции објавено на УкринформТВ

Зеленски и Сирски, една година од упадот кај Курск: Украинските сили го одржуваат присуството во рускиот Курски регион 

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Борел: Северна Македонија ја доби „најдобрата зделка што можеше да ја добиете“ и не е реално да се очекува повторно отворање и преговарање за Преговарачката рамка

March 17, 2023 14:31
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Иднината на Северна Македонија и нејзините граѓани е во рамките на ЕУ, бидејќи само заедно сме доволно силни да се соочиме со предизвиците на тешкото геостратешко опкружување, а за да стигнете во Унијата треба да продолжите да одите напред и како држава и како општество, порача денеска високиот претставник за надворешни работи и безбедносна политика на ЕУ и потпретседател на Европската комисија, Жозеп Борел по денешниот состанок на Советот за стабилизација и асоцијација, што се одржа во Скопје.

– Да се оди напред значи да се продолжи со усвојување и имплементирање реформи коишто воведуваат европски стандарди и коишто носат конкретни политички и економски поволности за луѓето тука, истакна Борел на заедничката прес-конференција со премиерот Димитар Ковачевски и еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеји.

Борел потенцира дека одењето напред подразбира и подобрување на односите со соседи, во кој пакет спаѓа и да се создадат услови за усвојување на уставните измени.

Според него, оваа година е клучна по договорот од јули минатата година, кога, како што рече земјава ја доби „најдобрата зделка што можеше да ја добиете“ и не е реално да се очекува повторно отворање и преговарање за Преговарачката рамка.

– На нејзина основа вашата иднина е во ЕУ. Сега е време сите политички партии да си ги преземат своите обврски и искрено да работат на продолжување на оваа патека, додаде Борел.

Тој повтори дека лани во јули во договор со сите 27 земји членки на ЕУ, Северна Македонија ги отвори преговорите за членство, што е важен датум во историјата на земјата и нејзиниот пат кон ЕУ.

– Вратите за целосно членство се сега отворени. Нашиот состанок денеска претставуваше добра шанса да се види што е веќе направено, што е постигнато од Северна Македонија и како изгледа работата па потребните критериуми за членство и од економски и од политички аспект, рече Борел.

Тој потсети дека Советот за стабилизација и асоцијација како највисок политички форум за дијалогот помеѓу ЕУ и држава кандидат, вообичаено се одржува во Брисел или во Луксембург, а тоа што денеска првпат се одржува во Скопје, Унијата сакала да покаже колку го цени прогресот што го постигнала земјата на нејзиниот европски пат и колкаво значење му придава на односите со Северна Македонија, како нејзина идна членка.

– Тоа што го одржавме денеска тука овој Совет е јасен знак дека ЕУ ви се приближува и ви покажува дека Западниот Балкан и ќе продолжи да биде во иднина клучен приоритет за ЕУ и важен дел од нашата геополитичка димензија, додаде Борел.

Високиот претставник на ЕУ потенцира дека на состанокот се разговарало кои задачи стојат пред земјава, особено во делот за владеењето на правото, правосудниот систем и борбата против корупцијата.

– Разговаравме и за регионалниот и меѓународниот контекст и како нелегалната агресија на Русија врз Украина креираше нови геостратешки предизвици за сите нас, не само за Украина, не само за ЕУ, туку и за Западниот Балкан и за Северна Македонија и за целиот свет. Северна Македонија покажа јасна поддршка на надворешната политика на ЕУ и конзистентно целосно хармонизирање со нашите позиции и одлуки, вклучувајќи ги и санкциите кон Русија, изјави Борел, додавајќи дека ЕУ многу ја цени важната помош што земјава и ја обезбеди на Украина.

Според него, со своите стратешки избори земјава покажа вистинско европско однесување и посветеност на заеднички принципи и вредности, пофалувајќи ја притоа нејзината улога како претседавач со ОБСЕ во одбраната на европските вредности.

– На тој начин Северна Македонија покажува дека е добар партнер на ЕУ. Но, јас знам и сите знаеме дека во исто време оваа позиција Ве прави и мета на акции на непријателски активности од оние коишто се противат на меѓународните принципи и затоа сме посветени да ја изградиме вашата отпорност, рече Борел.

Тој потенцира дека е зајакнат дијалогот за справување со хибридни закани и кибер безбедноста, вклучувајќи ја и заштитата на критичната инфраструктура и повтори дека ЕУ обезбеди девет милиони евра од Европскиот инструмент за мир за надградување на опремата на пешадискиот баталјон на Армијата.

-Да заклучам, Северна Македонија покажува огромна посветеност и добра подготовка да го продолжи процесот на пристапување. Клучно е да се надгради неодамнешниот напор и да се продолжи со реформите за да не се дозволи враќање наназад или одложување. ЕУ ќе стои до вас, ќе ве поддржи, ќе ви дава насоки, ќе ве поддржува и во овие тешки времиња и ќе и помогне на Владата да обезбеди субвенции за сметките за струја на нејзините граѓани. Но, нашата поддршка и помош е многу поширока и е наменета за сите луѓе тука, но и за луѓето во ЕУ, бидејќи се трудиме да изградиме заедничка иднина, потенцира Борел.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: БорелЕУреформиСеверна МакедонијаУстав
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • „Гасни комори“ за Албанците: Ова е „гордата Македонија“ на Мицкоски

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • (ВИДЕО) Скандалозно националистичко скандирање и говор на омраза на натпреварот во Куманово во присуство на Мицкоски, Toшковски, Димитриески

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Oбид за убиство и насилство во Струга, со „БМВ Х6“ му го пресекол патот и со нож го прободeл во вратот, стомакот и надлактицата

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Збрка и будалаштина

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • „Илирида, Чамерија“ и „Наше ќе биде и Солунско поле“

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
[adrotate banner=”5″]
[adrotate banner=”7″]

[mailpoet_form id="1"]

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ