• Latest

Фемицидот во Северна Македонија – невидливо злосторство и глуви институции

September 17, 2025
2K12 Kub (NATO denomination: SA-6 Gainful)

Кабинетот на премиерот Мицкоски три недели молчи за транзитот на советските ракетни системи за Уганда

June 22, 2026

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Фемицидот во Северна Македонија – невидливо злосторство и глуви институции

September 17, 2025 12:30
in АНАЛИЗИ, ПРАВДА, ТОП 5, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

ДИЈАНА ТАХИРИ

Последното убиство на жена кое пред неколку дена се случи во Велес, кога триесет и деветгодишен маж од Скопје  со остар предмет вчера ја усмртил својата 31 годишна поранешна партнерка од Велес, потоа го убил и нејзиниот татко, по што се самоубил, е веќе силен аларм не само за бранот насилства што речиси секојдневно се случуваат низ земјата, туку и фемицидот, кој се „провлекува“ низ казнените постапки на соодветните институции, нефункционалноста на институциите кога станува збор за соодветна реакција по пријавување насилство, до заштита на жените во општеството.

Фемицидот, убиството на жени поради нивниот род, е една од најтешките форми на родово базирано насилство.

Во Северна Македонија оваа појава е сè повеќе присутна во јавноста, но државата сè уште нема систематизирани статистики ниту посебна правна дефиниција во Кривичниот законик. Она што постои се медиумски извештаи и податоци од граѓански организации, кои откриваат дека жените што биле убиени честопати претходно барале помош, пријавувале закани во полиција или укажувале на насилство, но институционалниот одговор бил недоволен. Што значи дека фемицидот останува необележан, односно е невидлива статистика.

Според UN Women / UNDP податоците за периодот 2017–2020 покажуваат дека биле убиени 26 жени, од кои 22 случаи се квалификувани како фемициди . Во последните години бројките не се систематски објавувани, но медиумските хроники за 2024 и 2025 укажуваат на континуитет на проблемот:

  • Штип, 2024 година – млада жена убиена од сопруг, претходно пријавувала закани.
  • Шуто Оризари, мај 2025 година – 38-годишна жена брутално убиена, предизвика реакции и протести на граѓански организации кои меѓу другото се ангажираат за родова еднаквост и заштита од насилство.
  • Велес, септември 2025 година – Росица беше застрелана од поранешниот сопруг, случај кој ја отвори јавната дебата за институционалниот одговор.

Пријави одвеани од ветер

Многу жртви претходно поднеле пријави во полиција со докази за закани или претходни физички напади. Сепак, пријавите нај често се третираат како „семејни расправии“.

Итните мерки за заштита (забрана за приближување) се ретки, а нивната примена слаба, а жртвите често се враќаат во ризична средина без реална заштита.

Во случајот од Штип жената неколку пати пријавувала закани, но институциите не презеле сериозни мерки. Слично, активистите за случајот во Шуто Оризари укажуваат дека жртвата повеќепати барала помош. Убиството на Росица во Велес повторно го поставува прашањето: колку пријави остануваат игнорирани додека не биде предоцна?

Пост факто реакции  и системски пропусти или негрижа

По секој случај следат изјави за осуда и ветувања за нови мерки, но нема трајни резултати.

Одредени граѓански организации, кои меѓу другото се ангажираат и за родова еднаквост и заштита од насилство, бараат воведување на фемицидот како посебно кривично дело.

Тие инсистираат на обврзувачки протоколи за полицијата и социјалните служби, како и задолжително следење на ризични случаи.

Јавното обвинителство ретко дава јасни податоци за тоа колку од пријавите на загрозени жени резултирале со превентивни мерки.

Во ретки случаи, сторителите се осудуваат на долги казни, но тоа се случува по злосторството. Превентивниот аспект – спречување на убиство – останува системски пропуст.

Фемицидот во Северна Македонија останува невидлив во статистиките, но видлив во трагедиите. Жртвите често ги алармирале властите, но пријавите се игнорирани или минимизирани. Сè додека институциите не ги третираат заканите како потенцијално смртоносни и не воспостават систем за следење на ризик, бројките ќе продолжат да растат.

Воведувањето на фемицидот како посебно кривично дело е само прв чекор и институционално препознавање и признавање на злосторство, но и кое во понатамошни постапки треба да се третира како такво, со соодветни мерки и најстрога казна.

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ