• Latest

Gaudeamus за Македонија

May 24, 2018
Паметен град на иднината: Вештачката интелигенција во служба на граѓан(к)ите и урбаниот развој. (Илустрација: ChatGPT / OpenAI, за CIVIL MEDIA TECH & AI FORUM)

Градови што размислуваат: Како вештачката интелигенција може да ни донесе почист воздух, помалку метеж и подобар живот

October 23, 2026

Бугарија в недела избира претседател-ка: Во трка се 27 кандидатски двојки

October 23, 2026

Изборен молк во Србија: Тензична предизборна атмосфера

October 23, 2026

Топ 10 најмоќни економии во светот во 2026 година (ИНФОГРАФИК)

October 23, 2026

Руските напади сè повеќе се прелеваат надвор од Украина: Молдавија како нов фронт на хибриден притисок

October 23, 2026
Кијив, 21-22 октомври 2026 (ДСНС)

Ракети врз Кијив, оштетени амбулантни возила: Рускиот „хуманизам“ во нов бран терор врз Украина

October 22, 2026

МПЦ-ОА испраќа официјална делегација во Москва, патувањето е координирано со државните институции

October 22, 2026

Седум тони марихуана што ја минаа границата со Србија останаа практично без ефективни обвиненија

October 22, 2026
Прес конференција на СДСМ пред Уставен суд, 16 декември 2025

Уставниот суд ја отфрли иницијативата за Резолуцијата за миграцијата – СДСМ ја поврза одлуката со најавите за странски работници

October 22, 2026

ЗАТРУПАНО СУДСТВО: Судовите завршиле 540 илјади предмети, но над 134 илјади останале нерешени

October 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Gaudeamus за Македонија

May 24, 2018 20:06
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Пред неколку дена се најдов на свечената академија по повод годишнината на Словенските просветители Св. Кирил и Методиј, во големата сала на Македонската Филхармонија. Велам се најдов, затоа што отидов да го следам концертот на пијанистот Дино Имери, на чијашто најава не пишуваше дека е дел од свечената манифестација ( слободно проверете на Фб. страницата на пијанистот).

пишува: Дијана Тахири

Влеговме во салата, и одеднаш почнаа да влегуваат луѓе со одори ( членови на МАНУ), министри, заменици, поглавари на МПЦ, професори, и премиерот Зоран Заев, и Анѓушев, и уште неколку други. И мал број студенти. Тогаш сфатив дека всушност настапот на пијанистот е дел од манифестацијата, и да ви кажам право, ми се расипа расположението бидејќи навистина сакав да уживам во неговиот настап, само во неговиот настап, затоа што сметам дека Дино Имери набргу ќе го надмине Трпчевски. Ако го следите, ќе ви биде јасно зошто мислам така.

Но, веќе бевме седнати и немаше веќе назад. Не присуствувам на свечени манифестации од таков тип, не од непочитување кон ликовите и делата на која било дејност, туку единствено заради долгите досадни  наменски говори во кои  нема што многу суштинско освен славење на – во овој случај словото, но уште повеќе на достигнувањата на УКИМ и заслугите на поединци за истите, како и во секоја слична свечена манифестација. Уште повеќе не сакам да бидам на едно место со сите тие јавни личности, затоа што тоа не е мојот свет, иако тој свет управува со мојот, и животите на сите нас.

Започна првиот дел на манифестацијата, со хорска ( слаба)  изведба на химната на Република Македонија, и сите станаа од своите места за да и оддадат почит на химната, и во себе да ја пеат. Како што е редот, станав и јас, тоа е химната на мојата земја. Како што ќе станев и на изведбите на химните на секоја друга земја, од почит. Но, не пеев. Ниту во себе. Не почувствував некаква поврзаност, моја, лична, интимна, не ме тргона, не ми пролазеа морници или што и да треба да предизвика една композиција наменета за тебе и за сите што живеат во иста земја. Ако ја анализираме текстуално, таа е наменета само за еден етникум, и се спомнуваат народни херои од само еден етникум, во мултинационална земја, и ја слави Крушевската Република. Текстот претрпел неколку промени од првичната верзија, во којашто недостасувал еден или два од хероите што се спомнуваат во конечната, сегашна верзија којашто е усвоена во 1991 година.  Музичкиот дел ( вокалната линија, оркестарскиот аранжман и формата) се веќе застарени, дури и по музичка форма е обична рефренска фраза, ако може така да се нарече. Сува композиција, којашто не предизвикува ништо друго освен задолжителна почит.

Да се вратам на текстуалниот дел, којшто во иднина неминовно ќе отпадне, од едноставна причина, незастапеност на сите мачиња и кучиња и други животинки што живеат во Република Македонија. Впрочем, не мора да има текст, кај ќе не собере сите?! Сметам дека кога ќе дојде време за менување на Уставот  па потоа (неминовно) и на химната, ќе бидеме ставени пред сериозен предизвик да не се доиспозамразиме меѓусебно, меѓуетнички, и интраетнички. Не знаеме кој што сака во земјава којашто е на половина пат да стане држава.

Ја избрав химната како пример за сериозно менување на општествениот и политичкиот начин на размислување па следствено и делување по демократските начела за коишто некои ги користат и ги простираат (декларативно, секако) како дебела завеса зад која демократијата никако да продише. До еден голем дел од општеството никако  да допре свесноста дека еден ден, се надевам наскоро, општеството ќе биде подложено на многу сериозен дискурс, расчленување во секоја ќелија на опстојувањето и обидите да се застане барем на една здрава нога, бидејќи како што стојат работите, воопшто не стоиме, туку висиме.

Тука ќе застанам, за да продолжам со размислувањата кон иднината на нашите деца, на кои им е потребен чист пат кон нивното растење во оваа земја, најмалку, забришан. Со што помалку текстови и редење народни херои за коишто не знаат ништо, затоа што историите си ги пишува секој за себе. На гореспоменатата манифестација од сите присутни, најмалку беа студенти!

 

Tags: „Денес над Македонија“етникумпроменаРепублика МакедонијастудентиУставформахимна
Share15TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ