• Latest

Кржаловски: Вистинската борба против корупцијата е клучот за напредокот на патот кон ЕУ

January 9, 2023

Од Матрикс до агентската ВИ: Кога софтверот престанува само да одговара и почнува да дејствува

August 30, 2026

Ако нема штета, нема загадување и нема докази – што всушност остана од случајот „Мазут“?

August 30, 2026
Избирачко место во Исланд (фото извор: скриншот од видео на социјалните мрежи)

Исланд го отфрли враќањето на преговорите со ЕУ, „не“ води со 52,5 отсто наспроти 47,5 отсто „за“

August 30, 2026

ЦИВИЛ: Глорификацијата на Ратко Младиќ е напад врз жртвите, вистината и демократскиот поредок

August 30, 2026
Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Руски терор врз Украина: Најмалку 37 загинати и голем број ранети во Кијивска област, 30 часа непрекинат напад врз цивилите

August 29, 2026
Седиште на ВМРО-ДПМНЕ (фото Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ – или – колку е голема бруката?

August 29, 2026
Рејкјавик (фото извор: hiticeland.com)

Исланд на референдум за обнова на преговорите за членство во ЕУ – што е исто, а што различно од Западен Балкан?

August 29, 2026

Почна втората сезона на Eyes on Democracy: Украина и иднината на Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026

СДА Македонија со остра осуда на величењето на воениот злосторник: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ!?

August 28, 2026

Генералот кој умре и продолжува да живее

August 28, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИНТЕРВЈУ

Кржаловски: Вистинската борба против корупцијата е клучот за напредокот на патот кон ЕУ

January 9, 2023 10:10
in (АНТИ)КОРУПЦИЈА, ИНТЕРВЈУ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ покани бројни јавни личности да учествуваат на годишниот настан „Перспективи 2023“ со изјави за свои видувања на изминатата година и перспективите за претстојната. Меѓу бројните релевантни личности што се одзваа на поканата е и Александар  Кржаловски, директор на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), кој во своите одговори за ЦИВИЛ Медиа се осврнува на главните случувања од изминатата година, и свое гледиште за тоа како ќе изгледа 2023 година на политичко, економско и општествено ниво.

ЦИВИЛ : Како ќе ја оцените годината што изминува?

Кржаловски: Во годинава која измина (2022), во која конечно се приврши Ковид-19 пандемијата и се „вративме во нормала“, би издвоил три најзначајни работи кои влијаеа на случувањата во нашето општество. Прво, глобалната – војната во Украина, која покрај незамисливоста дека може светот (т.е. државите) да се доведат во таква ситуација да тоа навистина и да се случи… кај нас успеа да внесе дополнителни поделби во и така жестоко поларизираното општество. Второ, регионално – секако најзначајно е започнувањето на преговорите со Европската унија (не би се расправал за тоа, иако на сите ни е јасно дека ако не го смениме (пак) Уставот, нема да ги почнеме преговорите по кластерите/поглавјата). И конечно, локално, во Македонија – избивањето на корупцијата на првото на место на општествените проблеми (прв пат од независноста).

За првото, ние никако не влијаеме (и покрај некои искажани амбиции во тој поглед во однос на претседавањето на Македонија со ОБСЕ во 2023), а и со членството во НАТО е сосема јасно на чија страна сме во таа несакана војна, фасцинантно е како успеваме и по тоа прашање дополнително да се делиме, непотребно да се расправаме, повторно прогласуваме предавници, патриоти, нечии слуги и разно-разни шпиони.

Поважни се чинам другите две работи. Декемвриското истражување на ИРИ на некој начин го потврди или отслика она што се случуваше кон средината на годината со „францускиот предлог“. Граѓаните рекоа дека и натаму се/сме (73%) за ЕУ, но не на ваков начин (58% сметаа дека државата се движи во погрешен правец). А граѓаните не се глупави и гледаат што, зошто и како се прави. И тие што одлучуваат во нивно име треба(ше) повеќе да водат сметка за тоа, пред да се истрчуваат со „историски одлуки“, т.е. „големо Да, после историското Не“ (на премиерот Ковачевски, во распон од 2-3 недели од Самитот на ЕУ во јуни, до прифаќањето на предлогот на ЕУ), згора на тоа да ветуваат работи (уставни измени) и без да ги прашаат тие што треба да ги гласаат истите тие работи. Но, за тоа повеќе во перспективите за 2023 година.

За жал, драмите околу ЕУ интеграцијата, го сокриваа(т) тоа што во текот на годината стана веќе неизбежно и видливо на секој чекор – пандемиската корупција. До таму, што пак странци (Американци, а и други) треба да ни укажуваат дека треба да се свестиме и дека такво ниво на корупција не може да се толерира за земја членка на НАТО, а секако не е прифатливо ни за членство во Европската Унија. И кога странците почнаа да делуваат на тоа прашање, нашите политичари побрзаа да ја „поздрават борбата“, веројатно според познатата формула во која крадецот најгласно вика „фатете го крадецот“. И тука надежите на граѓаните беа изневерени – наместо „демонтажа на режимот“ се чини тој се „надгради и прошири“. Наместо правда (за да има мир), гледаме како секојдневно се рушеа случаите на СЈО и другите против високата корупција. Наместо, намалување на превработеноста, непотизмот и клиентелизмот во јавната администрација, добивме нови десетици илјади партиски вработувања таму. Наместо намалување на јавниот долг, за 5 години владеење на СДСМ се задолживме повеќе отколку за 11-те години на ВМРО-ДПМНЕ (над 2,7 милијарди евра нов долг). И конечно, јавна тајна е дека во сите овие „манџи“ главна мирудија е ДУИ, но таму „влакно не фали“ и неказнивоста кулминира. И потоа се чудиме зошто е урнисана довербата во институциите и дека „системот“ е пред распад (или веќе полу-распаднат) и уште повеќе – каде ли е скриена таа голема корупција што никој не може да ја види и/или лоцира!

ЦИВИЛ: Кои се перспективите во претстојната година?

Кржаловски: Со оваква година како 2022 зад нас, тешко е да се биде оптимист за новата 2023 година.

Може да се надеваме дека војната во Украина ќе заврши, но случувањата не укажуваат на тоа. Веќе почнаа повиците (и од САД) за преговори (меѓу Русија и Украина) за завршување на конфликтот, но случувањата на теренот (и реториката на двете страни – „се или ништо“) не даваат реалистични надежи за тоа. Очигледно НАТО (а и ние во него) не сака да ризикува директен судир со Русија (со не-испраќање војници, туку само воена помош, која Украина и тоа како ќе си ја плати по завршувањето на војната, кога и да е тоа и колку и долго да трае „отплаќањето“), а дотурот на оружје во Украина нема баш да придонесе кон мирна разрешница – само ќе донесе повеќе човечки жртви и страдања на двете страни. А на крај, пак ќе мора да се заврши сето тоа на „зелена маса“ и со прифаќање на новата реалност (каква и да биде таа, зависно од должината на конфликтот), но тоа сега изгледа исто така далечно како и можноста Србија да го признае Косово. Можеби за некоја година, тоа ќе биде „интегралното решение“ и почеток на редефинирањето на сегашниот поредок (во кој „неменливоста на границите“ беше еден од главните принципи, од Втората Светска војна наваму). Но, како што реков погоре, ова се глобални движења, кои не афектираат и нас во Македонија, но на кои немаме никакво влијание… па сходно, треба да ги следиме и се прилагодуваме, да не не „растурат“ како држава (а поларизацијата по ова прашање, придонесува кон тоа).

Согласно „францускиот предлог“, 2023 година треба да е (уште една) „историска“ за Македонија. Имено, треба да „заврши отворањето“ на преговорите и навистина да ги почнеме преговорите за членство во ЕУ. Но, знаеме дека за тоа има пречка (уставните измени) која во моментов изгледа непремостлива. И тоа е бидејќи Владата ги вети (со прифаќањето на предлогот тоа да стане услов за преговорите) и си направи (пре)сметка, без да го праша „крчмарот“/меанџијата, т.е. опозицијата чии 6 гласа се неопходни за да се исполни тоа ветување. И сега се чудат што овие „тераат инает“ и одбиваат да гласаат за нешто за што не биле консултирани (а да е иронијата поголема, и тие не се суштински против самиот предлог да се додадат други етнички заедници во преамбулата). За жал (пак ќе констатирам), веќе сме биле во овој филм (со Преспа) и знаеме како ќе заврши – со 80 „рачиња“ дигнати за уставните измени, а и дека то тие 6 ќе се стигне или со поткуп (корупција) или со закана/уцена (како и минатиот пат) или со други зборови, како во некои други времиња „со пиштење и вриштење“!

Конечно, интересно ќе биде како во сето тоа ќе се вклопи – борбата против корупцијата! Според „гласноста“ на политичарите, тоа ќе биде главната активност во оваа 2023 година. Ако се знае (а се знае, од истражувањата на СЕЛДИ регионалната мрежа за борба против корупција) дека од секој трети граѓанин на Македонија (33%) е побарано мито (и скоро сите од нив и дале) и дека по дефиниција корупцијата вирее во јавниот сектор и високата политика, значи поголем дел од овие 33% се таму – т.е. веројатно половина од политичарите/партиските активисти се корумпирани, баш ќе биде интересно да се следи годинава (и заради притисокот од пријателските ни држави и ко-членки на НАТО) како таа борба против корупцијата ќе се манифестира? Колку случаи ќе бидат обелоденети и колку политичари ќе се обвинети? Колку брзо тоа ќе се случува? Дали ќе почне некој од нив да почувствува „одговорност“ (тоа заборавено зборче во нашата политика) и ќе си даде оставка и при најмал јавно искажан сомнеж во некое негово/нејзино дејание (па нека на раат си се фокусира на случајот и „обелува образ“ низ постапка), а не да си седат на функциите како да им се наследни или пак да си мислат дека се незаменливи!

Се разбира, убаво би било да има придвижување во оваа насока и фактичко „европеизирање“ на Македонија, а не само на често повторувани и празни флоскули, ем „полни усти Европа“, додека во реалноста се практикува се само не Европски вредности. Но, почеток е на годината, па да се понадеваме барем сега дека нешто такво ќе се случи и да посакаме така и да биде, колку и да знаеме од претходното искуство, дека на крајот на годината сепак ќе констатираме дека не се сменило многу или и баш ништо!


Извор: CivilMedia | Оваа содржина е дел од серијата панел дискусии на ЦИВИЛ и мултитематски медиумски прилози, ставови и анализи под заеднички наслов Перспективи 2023. Дозволено е преземање според лиценцата Creative Commons 4.0.

Tags: ЕУКорупцијаНАТОПерспективи 2023УкраинаУстав
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ