• Latest
Барикади на косовската криза 2022 година (Wikipedia Commons)

Османи и Курти со сомневања за присуство на Вагнер групата на северот на Косово

January 4, 2023

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА

Османи и Курти со сомневања за присуство на Вагнер групата на северот на Косово

January 4, 2023 15:22
in АНАЛИЗИ, БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА, РЕГИОН, ТОП 5
Барикади на косовската криза 2022 година (Wikipedia Commons)

Барикади на косовската криза 2022 година (Wikipedia Commons)

Share on FacebookShare on Twitter

Зголемената напнатост во северниот дел од Косово на крајот на 2022 година покренаа дискусија во јавноста дека Србија не се откажува од територијалните претензии кон Република Косово. Се обновија и сомнежите за инволвираност на руската паравоена група Вагнер за што пишува и косовскиот Nacionale.

Повеќе косовски политичари излегоа со изјави во косовските медиуми со обвиненија дека српскиот претседател, Александар Вучиќ, го следи руското сценарио за анексија на Крим, што беше реализирано во 2014 година.

Во овој контекст, беа изнесени и сомненија дека во северниот дел на Косово се присутни озлогласените платеници на руската група Вагнер, кои беа дел од руските сили во операцијата за анексија на Крим.

Во екот на тензиите на косовско-српската граница, руската паравоена група Вагнер отвори „центар за пријателство и соработка“ во Србија, како што пренесе ЦивилМедиа на почетокот на декември.

Групата Вагнер е позната како приватна армија на Путин. Се работи за паравоена група која вклучува добро обучени платеници. Групата е предводена од Евгениј Пригожин, руски бизнисмен и близок соработник на рускиот претседател Владимир Путин.

Токму Пригожин на каналот Телеграм објави дека го отворил нивниот културно-информативен центар за пријателство и соработка „Орли“ (Orly)  во Србија и дека со овој центар ќе раководи Александар Лисов, инаку лице на кое му е забранет влез во Косово.

Групата Вагнер, блиска со рускиот претседател Путин, ја споменаа и државните лидери на Косово. Така, претседателката Вјоса Османи и премиерот Албин Курти, иако не открија детали, изразија сомнеж дека припадници на групата Вагнер се присутни на терен.

Во интервју за емисијата „Рубикон“ на ТВ Клан Косова, претседателката Османи изјави дека српскиот претседател соработува со оваа група за дестабилизација на Косово.

„Неговите неодамнешни постапки, неговите политики преку кои, не само што соработува со официјален Кремљ, туку и со терористичките паравоени единици како Вагнер, ги користи за дестабилизација на Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина. Потоа, по овие 3 држави, има уште повеќе цели“, рече претседателката Османи.

На новинарско прашање дали има факти дека оваа група била вмешана на север, таа не даде детали.

„Не би навлегувала во детали за информации кои се класифицирани. Сепак, опасноста во последните неколку денови е многу поголема отколку во кој бил друг период што сме го виделе“, рече Османи во интервјуто, објавено пред новогодишните празници.

И косовскиот премиер Албин Курти изрази силни сомневања за вклученоста на оваа единица во неодамнешната ситуација на северот во Косово.

Во своето последно интервју дадено за „Косовапрес“, Курти изјави дека членовите на Вагнер или биле присутни на барикадите или имале директни врски со групите што стојат на барикадите.

„Повеќе време му дадовме на КФОР, бидејќи од информациите што ги добивме, стана јасно дека на северот на Косово почнаа да циркулираат луѓе, кои биле или директно вклучени или имале врски со платениците на Вагнер, потоа со паравоените формации „Ноќни волци“, а во исто време користеа тактики слични на оние од 2014 година во Украина“, рече Курти.

Пред извесно време CIVIL.TODAY направи интервју со Астрит Истрефи, извршен директор на Балкан Форум, истакната граѓанска организација и тинк-тенк со седиште во Приштина.

Тој беше прашан за ситуацијата од последните случувања во Косовско-српската граница, за разговорите помеѓу Косово и Србија и многу други безбедносни прашања, на што тој одговори со смирувачки тон.

„Она што го гледаме денес не е ништо различно од она што го гледаме од крајот на војната во Косово. Значи, и тогаш имаше, и сега има тензии. Го имате дури, да речеме, министерот за одбрана на Србија минатата година, придружуван од рускиот амбасадор во Србија, кој ја донесе војската на границата со Косово. Имавме борбени авиони кои крстосуваа во српско-косовскиот воздушен простор. Значи, тоа не е ништо што го гледаме за прв пат. Тоа е, како да се каже, déjà vu од минатото“, истакна меѓу другото Истрефи.

Назми Абдурахмани

Tags: Албин КуртиВагнерВјоса ОсманиКосовоПутинРусијаСрбија
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ