• Latest

Парастос на мртвата правда

March 16, 2018
Кривиј Риг, Украин, 23 јуни 2026 (фото извор: ДСНС Украина)

Продолжува рускиот терор врз украинските градови: Нападот врз Кривиј Риг однесе три животи, повеќе од 20 лица се повредени

June 23, 2026

CIVIL TODAY – СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ: Кремљовските наративи ја освојуваат Европа преку балканските мрежи за трансмисија

June 23, 2026
Крим, Украина (фото извор: ФБ страница Slava Ukraini)

Крим гори: Украина ги засилува нападите врз окупираниот полуостров

June 23, 2026

Роџер Касале: Најголемиот тест за Енди Бурнам ќе биде војната во Украина и заканата од Русија

June 23, 2026

Второто, восхитувачко лице на Џорџа Мелони

June 23, 2026

Меѓу европските амбиции и „српскиот свет“: СДА бара итна акција додека извештајот на ЕП поминува без јавна и политичка дебата

June 23, 2026
2K12 Kub (NATO denomination: SA-6 Gainful)

Кабинетот на премиерот Мицкоски три недели молчи за транзитот на советските ракетни системи за Уганда

June 22, 2026

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Парастос на мртвата правда

March 16, 2018 12:26
in ПРАВДА, СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Судница, Основен Суд – Куманово, 15.03.2018, рочиште за случајот за Алмир Алиу, 4 годишното дете прегазено од Бобан Илиќ. Мала просторија, недоволна за да ги собере сите што сакаат да го проследат судењето, но сепак се стиснавме, по двајца на столче, и неколкумина стоејќи. Неколку столчиња беа зафатени од припадници на полициски редови, на последниот ред седеше обвинетиот, Бобан Илиќ. На првиот ред – адвокатите на семејството, адвокатот на Илиќ, и обвинителката Кусигерска. На другиот заден ред, новинари, со тефтери, бидејќи на судење е забрането да се снима. Сите молчат, во очекување на судијката Денковска.

пишува: Дијана Тахири

Алмир Алиу, 4 год., беше прегазен на 25 јуни 2016, пред Здравствениот дом во Куманово, од страна на Бобан Илиќ, со Мерцедес Ц, со регистарски таблички KU – 0912 AD, по физичката пресметка помеѓу членови на семејството Алиу, и Илиќ.

Прв пат  присуствував на судење, дојдов со моите пријатели со коишто протестираме против неправедното водење на судската постапка за случајот Алмир. Очекувавме преквалификација на случајот, за којашто дознавме пред два месеци, а вчера обвинителката и ја врачи преквалификацијата на судијката. Предметот „убиство“ се преквалификува во „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“, искажан во споро изразување/ читање на „фактите“ за случајот, од страна на обвинителката, за да може да ги фати дактилографката во судницата, седната спроти судијката. Ја слушавме внимателно обвинителката Кусигерска додека ги изнесуваше фактите за тоа што се случувало на 25 јуни 2016, во очекување на преквалификацијата. Според неа, а таа според анализите на вештаците, Бобан Илиќ возел по непрегледни улички, и, како што нагласи, како што може да се види и од снимките на сигурносните камери, не бил во можност да го избегне судирот на неговото возило со мајката на Алмир, и Алмир.  Ова е видео снимката од прегазувањето:

Мерцедесот  со којшто Бобан Илиќ го прегази и усмрти Алмир, по вештачењето е земен од страна на семејството на Илиќ, и покрај писмениот указ дека возилото е доказ во судската постапка.

Додека траеше судењето, се обидов да го најдам со поглед обвинетиот за усмртувањето на Алмир, бидејќи судницата беше преполна. Ми го посочија новинарите, но ми требаше уште една потврда дека е тој, бидејќи личноста што ми ја посочија, седеше  опуштено, со исправена глава, и со весел поглед во очите. Да, весел. Затоа ми требаше потврда дека е тој. Обвинителката редеше броеви од членови и ставови, помеѓу укажувањата дека Илиќ бил преплашен, и како последица од тој страв, не бил во состојба да гледа каде вози. Дека било темно. Дека ако продолжел уште малку, некој од судницата ќе станеше и ќе го прогласеше за патеник и светец. Додуша, обвинителката имаше бледи блесоци на „сочувство“ кога го изговараше името на Алмир, за веднаш потоа да продолжи со оправдувањата за Илиќ.

Мерцедесот со којшто Бобан Илиќ го прегази и усмрти Алмир, е поправен и исполиран, и пред три недели огласен на продажба.

Судијката Денковска беше посебно изненадување. Мрзоволно влезе во судницата, седна и се обрати со глас и став како некој да ја прекинал во гледање на омилената турска серија, или од пасијанс партија со другарки што ја влечеле на столчето кога таа станала да оди на работа. Безволна, незаинтересирана, освен кога требаше да и повтори на дактилографката тоа што таа не слушнала од обвинителката или адвокатите. Објави дека обвинетиот Бобан Илиќ е ослободен од притвор до следното рочиште, за коешто како на пазар се договорија дека ќе се одржи на 2 април. И безобразна, дрска до простотилак!

На прашањето од адвокатот дали ќе бидат одедени мерки на претпазливост и безбедност, одговори со: „Слушнавте дека реков такво нешто? Не. Да сакав, ќе кажев“, со тон како да сака да каже „ајде фајронт, ме чекаат у кафана“, а мене ми одѕвонуваше во ушите како да вели „ фала богу завршивме, а богами и се омрсивме“. На излегување од судницата, на лицето на Бобан Илиќ светна триумфална насмевка, од којашто еден член од семејството на Алмир, се испорвоцира и го опсу, а Илиќ, во стил на маалски силеџија го истопори торзото и вратот, и се насмевна уште пошироко, сè додека еден од полицајците не го предупреди. Кога се симнавме пред зградата на судот, по нас се симнаа и таткото и братот на Илиќ, и како што имавте можност да видите, не поздрави со средниот прст.

Мерцедесот со којшто Бобан Илиќ го прегази и усмрти Алмир, не го спомна никој во судницата. Кога го пуштија на слобода, го земаа со истиот мерцедес, оружјето со коешто го усмрти Алмир,  а Бобан Илиќ го погали како милениче, и замина ослободен, без никаква мерка и слободен да гази, ако не гледа добро. Затоа што судството во Р. М.  го дозволува тоа.

Од Куманово си заминавме дотолчени, и со запечатена потврда дека правдата во Македонија е одамна мртва и нема намера да воскресне.

Сакам да упатам посебен поздрав до премиерот Зоран Заев, за неговиот нов избор на судии и советници за реформи во судството, и да му порачам дека до сега, добро му оди со реформите. Појак е и од Груевски!

 

 

Tags: АлмирБобан ИлиќДенковскаКусигерскасудењесудство
Share375TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ