• Latest

Правата на истите и моќта на различните

December 5, 2022

И на пазарот има мода

May 14, 2026

Инцидент со украински поморски дрон кај Лефкада ја вознемири Атина: истрага и дипломатски тензии

May 14, 2026

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: ЕУ бара реформи, но дали владата на Мицкоски има капацитет да ги спроведе?

May 14, 2026
Илустрација ВИ

Цените на нафтата стабилизирани по дипломатските сигнали од Вашингтон и Техеран

May 14, 2026
Кијив, 14 мај 2026 (извор: ДСНС)

Државата-терорист продолжи со терор врз цивилите во Украина: Стотици руски дронови и ракети, Кијив под најсилен удар

May 14, 2026
Фотографија: Скриншот од видео на Гардијан

Трамп и Си Џинпинг во Пекинг: Договори за економија, тензии околу Тајван

May 14, 2026

Случајот „ТЕЦ Неготино“: политички интервенции и валкана медиумска совест

May 14, 2026
Черкаска област, 13 мај 2026 (извор: ДСНС)

Масовен руски напад врз Украина: Над 800 дронови, цивилни жртви и удари врз инфраструктура во повеќе региони

May 13, 2026

Политиката на Мицкоски кон ЕУ не е грешка

May 13, 2026

ЦИВИЛ бара студентите привремено да бидат сместени во хотели додека се санираат студентските домови

May 13, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ

    Инцидент со украински поморски дрон кај Лефкада ја вознемири Атина: истрага и дипломатски тензии

    ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: ЕУ бара реформи, но дали владата на Мицкоски има капацитет да ги спроведе?

    Илустрација ВИ

    Цените на нафтата стабилизирани по дипломатските сигнали од Вашингтон и Техеран

    Кијив, 14 мај 2026 (извор: ДСНС)

    Државата-терорист продолжи со терор врз цивилите во Украина: Стотици руски дронови и ракети, Кијив под најсилен удар

    Фотографија: Скриншот од видео на Гардијан

    Трамп и Си Џинпинг во Пекинг: Договори за економија, тензии околу Тајван

    Черкаска област, 13 мај 2026 (извор: ДСНС)

    Масовен руски напад врз Украина: Над 800 дронови, цивилни жртви и удари врз инфраструктура во повеќе региони

    ЦИВИЛ бара студентите привремено да бидат сместени во хотели додека се санираат студентските домови

    СКАНДАЛ: Студентски стандард – стаорци, студени тушеви, нефункционални лифтови, неисплатени стипендии

    ЦИВИЛ: Студентските домови не смеат да бидат симбол на државна негрижа

    Харкив, 12 мај 2026 (извор: ДСНС Украина)

    РУСКИ ТЕРОР ВРЗ ЦИВИЛИ: Кремљ ја прекина „делумната тишина“ со нови напади врз Украина: Над 200 дронови, погодена цивилна инфраструктура, Кијив бара засилен притисок врз Кремљ

  • ПОЛИТИКА
    • All
    • ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

    Пред отворени европски порти, Мицкоски копа ров

    Реакции - идентитет

    РЕАКЦИИ: ЕУ значи контрола и крај на корупцијата, ама ЕУ е и закана за националниот идентитет – граѓаните поделени за уставните измени

    Дипломатски тензии меѓу Скопје и Софија по средбата во Брисел: Идентитетот повторно во фокус

  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
    • All
    • ИСТОРИЈА

    РЕАКЦИИ: Камерите не воспитуваат – сообраќајната култура и натаму на нула

    Гордана Дувњак (1965–2026)

    Гордана Дувњак (1965–2026): Тивко заминување на еден силен новинарски глас

    Меѓународен ден на Ромите: Култура, идентитет и континуирана борба против дискриминацијата, сиромаштијата и системската неправда

    Јирген Хабермас (Фото: Европска комисија/Szabolcs Dudás)

    Замина Јирген Хабермас, гигантот на модерната филозофија

    Илустрација ВИ

    Иницијатива што поврзува жени од Македонија, Шведска и Германија нуди поддршка за семејни кризи, насилство, родителски предизвици и економска несигурност

    Фото: Ариан Мехмети

    Кризата е тешка, законот може да се менува – ама платите не: Здружение на јавни обвинители со порака до пратениците

    Фотомонтажа: Скриншот од видео

    Отворено писмо до претседателката: Ако ви дошло до смеење, дојдете со мене на онкологија

    Моето име, моите корени, мојата земја

    Корубин: Селективен и селектиран устав

    Фото: Државна лотарија на Македонија/ Фејсбук

    Државна Лотарија на Македонија – не, благодарам!

  • СЛОБОДНА ЗОНА
    • All
    • ES-PRESS-O
    • БЛИЦ
    • БРЗА ПОШТА
    • ДИПЛОМАТСКА ПРИЗМА
    • ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ
    • ЕДИТОРИЈАЛ
    • КОМПАС
    • ПО ДОПРЕН ГЛАС
    • САТИРА

    И на пазарот има мода

    Случајот „ТЕЦ Неготино“: политички интервенции и валкана медиумска совест

    Политиката на Мицкоски кон ЕУ не е грешка

    За меѓународните напори за враќање на незаконски депортираните Украински деца од страна на Русија

    Пред отворени европски порти, Мицкоски копа ров

    Од „наркомани и неонацисти“ до „господин Зеленски“: Што се крие зад промената во реториката на Путин?

    Да зборуваме за она што најчесто се премолчува на овој ден на мајките

    Не e  прашањето дали ќе има избори – вистинското прашање е – какви ќе бидат тие избори

    Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

    Браво мајсторе!

    Москва, 23 август 1939 година | Советскиот министер за надворешни работи Вјачеслав Молотов го потпишува Пактот за ненапаѓање. Зад него стојат Јосиф Сталин и германскиот министер за надворешни работи Јоаким фон Рибентроп.

    Крвното братство што тие сакаат светот да го заборави

  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result

Home ПОЛИТИКА

Правата на истите и моќта на различните

December 5, 2022 15:37
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

ЕМИЛИЈА ЦЕЛАКОСКА

Имам впечаток дека секој од зборовите Слобода, Еднаквост и Братство кај нашите десничари, ВМРО-ДПМНЕ, вклучувајќи ја и десната Левица, е искривоколчен како Моќ за дивеење (да се прави сѐ, без ограничувања на совеста), Одлучување на немериторните (бидејќи мериторните се „еднакви“ со немериторните) и Нашост („братски“ си делиме, сите сме си „наши“).

А токму секој од зборовите на слоганот на француската револуција ги дефинира категориите на човековите права, како што тврдел во 80-тите  еден чешки правник од Меѓународниот институт за човекови права во Стразбур.

Десничарството, од своја страна, застапува традиционализам, во што комплетно влегува конзервативизмот, најмногу изразен низ спротивставувањето на „не-природни“ работи (од теолошкото „природно право“), па оттаму, застапува и популизам на база на религиозна припадност и секако, неодминливиот националистички популизам. Секако, доколку традиционализмот навистина во пракса ги применува и традиционалните човечки вредности – скромноста, претпазливоста (психолошка основа на конзервативизмот), зачувувањето на сигурноста, безбедноста, навистина  и не би требало да си бара рачки загрижувајќи се за разни „природни права“, „нарушувачите” и така, во никој случај ништо не би загрозиле. Сигурно „стрпливите” вредности се навистина застапувани од некои десничарски идеолози во светот и веројатно вложуваат сериозен труд за тие да функционираат во пракса, со цел формирање на автономна индивидуалност, затоа што автономна индивидуа е заштита од политички апсолутизам – во кој, пак, се случиле ужасите, поморите, Холокаустот во Втората светска војна.

Но, мора да се забележи дека праксата на десничарските вредности над границите на индивидуата е проблематична, не само кај нас на Балканот. Имено, кога овие вредности ќе се прошират на повеќе индивидуи, почнувајќи од семејството, па до поширок колектив, стануваат спротивни сами на себе – воспоставувањето на почит кон хиерархијата во колективот, позирајќи како аспект на скромноста и традиционалноста, креира психолошки измачени и незадоволни индивидуи, желни за „слободата“ на врвот на хиерархијата, гладни за моќ над другите, анксиозни за привилегија, па дури и снобови уште пред да го достигнат замислениот хиерархиски врв.

Теоретското тежнеење кон религискиот морал, пак, во пракса се претвора во слогани исклучиво наменети за другите, најчесто исполнети со задртост, задираат во приватноста, во автономните одлуки, во дигнитетот на другите, со цел да служат како следно скалило во хиерархијата на некого од повисоките ешалони или во маркирањето на нови „територии“ – цели за проширување на десничарскиот колектив.

Веројатно некои во ниските десничарски ешалони би биле ужаснати да согледаат дека Исус, како и сите централни личности во религиите – Мухамед, Буда, итн., се, во принцип, либералисти кои во своите учења инсистираат на слични концепти како Слобода, Еднаквост и Братство… Се разбира, религиозните учења не останале неискривоколчени во десничарската машина за мелење на свеста на индивидуата, особено низ предефинирањето на „Природното право“ – всушност теолошки концепт, но пренаменет за десничарските потреби во некои задрти, слепи и заслепувачки забрани и дозволи. А најголемото лицемерие на еден десничарски колектив се состои во „сочувувањето“ на безбедноста, сигурноста, возбудувајќи тенденции за воинствен поход.

Едноставно, десничарско општество, во смисла лажно конзервативно и лажно традиционалистичко, е неодржливо денес во ера на светско село на комуникации, бидејќи е изолационистичко. Застапувајќи, во теорија, автономност на индивидуата, една таква десничарска структура, во пракса, комплетно ја руши токму индивидуалната автономност, бидејќи во настојувањата на принципите на автономност, има интерес да инсистира само на автономност на најширокиот можен колектив, до каде што може максимално да се прошири.

Индивидуата внатре во десничарскиот колектив не може веќе да е автономна, туку мора да претставува шрафче за постигнување на целта за максимално широк автономен колектив. Таа е изолирана, затоа што припаѓа на колектив кој се изолира, а за утеха, изолацијата ја нарекува со изрази на некој вид на квазиавтономност, најчесто националистички, расистички, анти-други колективи. Индивидуата во десничарски колектив (со аспирации за проширување) е принудена да го изгуби своето себство, свеста за себе, автентичната индивидуална автономија, дури и права, бидејќи не само што чувствува вина дека би „го предала“ својот колектив, туку има чувство и дека со изразување на сопствената автентичност ќе се најде на бришан простор, да биде исфрлена, казнета, повредена, па дури и физички натепана. Сѐ што би било направено на надворешна личност која, по десничарската дефиниција, е само и единствено загрозувач на десничарскиот колектив („предавник“) – да биде стрелан, фрлен во ендек, децата крв да му проплукаат… (Апасиев / Протуѓер).

Припадноста кај нас во десничарска структура (ВМРО-ДПМНЕ, Левица) за една индивидуа е рецепт како да се стане задрт, слеп, исплашен, алчен, зависен, недоверлив, мрзлив, непрогресивен, примитивен… Всушност, тие кои до крај не ја умртвиле сопствената автентичност, трошат огромни психолошки ресурси за да не бидат откриени дека не се дронови, дури и ако се клиентелизирале.

Дроновите потсмешливо гледаат кон самиот концепт на идеологија доколку не е националистичка, сметајќи дека се во предност доколку не се оптоваруваат со апстрактни концепти како човечки вредности, особено не на индивидуално ниво. Но, од хиерархиски повисоки позиции, спремни се да им ги проповедаат на сите останати, не за да се зачуваат вредностите, туку да ги искористат привилегиите што тие вредности (добиени од други) би им ги овозможиле ним. Затоа многу често денес слушаме колективистичко-автономистички изрази, како „право на самоопределување“ – на пример, кое суштински значи сосем спротивно од тоа што нашите десничари намислиле.

Еве, да го испитаме „самоопределувањето“ на индивидуално ниво низ визирот на нашиве десничари. Може ли индивидуа од нивните стада јавно да се самоопредели во друга област освен во областа на националната припадност? И тоа исклучиво да е македонска? Никако, бидејќи автоматски би била вон нив, веројатно жигосана, со проблеми до крајот на животот. Но, на ниво на десничарскиот колектив, првенците кои го претставуваат плачливо викаат и повикуваат на „правото на самоопределување“! Се разбира – на Македонците, додуша, но тоа, како што знаеме, воопшто не значи дека тие внатре, во сопствената структура (ВМРО-ДПМНЕ) се некакви „чисти Македонци“: Полни се со бугарски пасоши и со солзи на среќа од „вистината“ за бугарскоста на Македонија, како Милошоски. Го посетуваат првиот по хиерархија во Будимпешта, бодат на слепо со своите бугарски здруженија, одмараат во странство, оти снобовството е посилно во нив од било каков вистински македонски национализам. Национализмот е претставуван за вредност само за наивните дронови, шрафови и ситна клиентела.

Повикувајќи се на право (за самоопределување, нели), во светло на преговорите со ЕУ сега, десничарскиот колектив кај нас, всушност, само ја маркира својата територија на проширување – целата држава. Бидејќи, реално, се знае дека сите во Македонија, заедно сосе нив, сме го оствариле правото на самоопределување – на државно ниво, во неговата вистинска смисла, од Владимир Ленин и Вудроу Вилсон.

Затоа, кога нашава десна структура ќе се прогласи за „право-центрична”, треба да се сомневаме дека се работи (се ровари) за моќ или привилегија сосем надвор од областа на бараните права. Мавтањето со „права“ им служи и како боцкалка за плачење, прикажувајќи се како структура-жртва или структура-жилав борец („пиреј“, божем), а воедно прикажувајќи ја меѓународната заедница, во свој стил, како непријател, како што би бил и секој надвор од нивниот колектив. Се разбира, заедно сосе подзначењата на сето тоа – „ние против сите“, „моќен непријател“, „не ни требаат тие“, „можеме и сами“, „предавници меѓу нас“, сите незрело инаетливи слоганчиња, наменети за своите дронови. Медиумите под нивна контрола се нечитливи, негледливи од вакви високофреквентни пискања, боцкалки, сега воглавно низ националистички лаги за вметнување на „државотворност“ на бугарскиот народ во Уставот.

Додека ја имаше пропишаната моќ на државниот апарат до 2016 г., ВМРО-ДПМНЕ на пирамидален начин се обиде да го прошири „законот“ на својот десничарски колектив на цела држава, со претензии да го шири својот изолационизам и вон границите на државата. Делумно, за тоа служеше и антиквизацијата. Секако, од претходно, и злоупотребата на буквите ВМРО. Навистина, „Внатрешно-македонска револуционерна организација“?! Денес ваков назив звучи прилично лудо, ако помислиме малку, како за до собата со човекот што мисли дека е Наполеон.

Откако ја изгубија еднаш моќта над сите нас (ја изгубија власта), моќта на државниот апарат е нивната цел секој ден потоа. Но, повторно, не за да ги зајакнуваат правата на индивидуите, туку напротив, да ги ослабуваат, да ги анулираат по можност, бидејќи индивидуа со реални права не може да биде дрон на десничарски колектив. Да биде јасно: Десничарските колективи ги лишуваат индивидуите од права, почнувајќи од најосновните – негативните права, како што се право да не се биде малтретиран, убиен, слобода на говорот, гласачки права, фер судење итн. Затоа десничарските власти се база за фашизам. Да не ја забораваме злоупотребата на државниот апарат, да не ги забораваме апсењата, затворен новинар, закопаните сомневања со една фатална сообраќајка, однесувањето на полицијата на вратите на Собранието на 27 април 2017, тепањето студенти, тепањето пратеници и за малку убивање на еден, но и доаѓањето на домашните врати во мај 2016 – дали ќе сме излегувале за гласање, како и значењето на заокружувањата на гласачките ливчиња на нивните со квадратчиња, триаголничиња, сликање на ливчето…

ВМРО-ДПМНЕ практично ги лишија граѓаните и од позитивните права, право на образование (мислам на образование, а не на квазимодото од кембриџот), здравство, информирање, итн. Треба ли да се потсетуваме на катастрофата „дисперзирани студии“, туткање на свој недоучен дронски кадар во основните и средните училишта (што вади крстови за амбасадори! – незаборавно), реклами против докторите, наместено апсење доктори, плакати со доктори во лисици, Клиничкиот центар каков го оставија, корупција на цели телевизии и портали… Последниве, заради егоистичниот позитивен стимул – компензациите, толку се нарушија, што во голем дел останаа и понатаму нивна сестрано проституирана клиентела.

За да го повторат стариот „успех“ и, секако, да го подобрат, зарекувајќи се дека ќе го уништат населението кое не сака да биде нивни дрон, моментално работат на вечната суета на „среднопаталскиот“ ум. Од една страна, бројот на автентично умерени граѓани не е голем, а тие, надмено, се чувствуваат малку повисоко од останатите, бидејќи си се восхитуваат на својот баланс, на своите крила слободно да летнат над двете завојувани страни и да ги гледаат одозгора. Се разбира, кога би биле во реалноста, би знаеле дека тоа се розовите очила на суетата. Страните се вистински во војна за државниот апарат и буџет, а умерените се дел од сето тоа со секој документ или услуга што им треба од институциите. Тие со гадливост велат „политички мотивирано“ и надмено изјавуваат дека не се за ниедна партија, за ниедна идеологија. Тие се незадоволни од сите политичари, од политиката, па сметаат дека не е нивна работа да ИМ излегуваат на гласање, не сфаќајќи дека „што имам јас од тоа“ е менталитет на клиентелизам. Тие, идеално, би сакале да ги нема и едните и другите, не ги интересира – леви или десни идеологии, па зошто нема трет, среден пат – за нив е мистерија обоена со „гнасна“ политика.

Од друга страна, тој наратив е плагијаризиран од страна на десничарите, особено со задолжителното обезбедување на заразната надменост. Всушност, тој наратив е стратегија за не-избор од страна на огромна маса неодлучни и тој на последните локални избори ја определи денешната дисфункција на Скопје. Називот „независна“ (градоначалничка) е оној со кој ВМРО-ДПМНЕ ги месеше неодлучните, слично на „натпартиска” на претседателските избори. Употреби лажни „средни“, односно наводни „неутрални“, кои се всушност десничарски дронови, ботови од човечко месо. Лажните неутрални се изразуваат, исто така, од високо за политиката, божемно се против двете страни, но ќе ги познаеме така што активно политички се ангажираат и натежнуваат да префрлат поголема вина врз оние кои навистина се трудат и ги обезбедуваат правата, привилегиите и моќите на граѓаните. Доказ се страните со материјали на Собранието и на Владата. Сосем друг однос, кон нас, граѓаните, отколку до 2016-та.

Десничарската стратегија употреби и некој вид на културален локализам во таква ситуација (локални избори), преку божемни „други“ кандидати. Така лажно создаде квантитет кој НЕ Е ЗА противкандидатот.  Но, од политички неизбор патат токму автономните индивидуи со човечки права и вредности, вклучувајќи ги и автентичните „средни“, а се зацврстува структурата која ги управува дроновите во ова општество.

Оние кои викаат „сите се исти“ – автентично или плагијат, не разбираат дека отвораат можност да ги молат и бараат, еден ден, најосновните права од оние кои ги еднаш ги лишиле од нив, додека не го изгубат умот или животот. Оние луѓе кои ги ценат различностите на Другиот, кои не се проголтани во некаков антисоцијален, изолационистички колектив, тие ја имаат моќта за алтруистичка солидарност на индивидуално ниво, и за пружање, и за бенефит. Алтруистичката солидарност кон Различниот е максимално просоцијално однесување, како фактор на еволутивен притисок низ историјата на човечката раса: Неш-еквилибриумски да се работи и за своето добро, и за доброто на другите, односно, најинтелигентно можно. Тоа е далеку повеќе потентно отколку барање на права, едноставно правата не се очекуваат од друг, тие веќе се вградени. На пример, незамислив е нормален однос во кој едниот запнува со „имам право да…”. Во нормалните односи не се однесуваме така во секојдневието, бидејќи солидарната моќ се наоѓа во човекот нормално. Токму тоа е во насока на вредностите на ЕУ, а десничарите имаат намера тоа да го искорнат од нас. Дронските структури (роеви, на пример, кај инсектите), навистина, можеби носат одредена ефикасност, но еволуцијата, интелигенцијата, прогресот, застанува.

Можеби, некој умерен (или, евентуално, десничарски идеолог) ќе рече, зошто за десничарските структури овде се користат пежоративни називи – дронови, шрафови, стада… Затоа што политичка коректност со искривоколчувачи на значењата на секоја човечка вредност е – придружување на таквите. Тие називи се вистината за нивната функција. Национализмот за десничарите е обична маша за приграбување на државниот апарат, на пример, не им претставува дури ни вредност, иако го „продаваат” за вредност низ пропагандата за наивните шрафови.

И, имајќи го сето тоа предвид како факт, полибералните влади на власт треба да го заштитат државниот апарат од приграбување на една паралелистичка, антисоцијална, нечовечка структура. Можеби треба само да не го применуваат принципот на алтруистичка солидарност кон дроновите и шрафовите – и така со предавањето на својата индивидуална автономија по сопствена волја (спремни волјата да стане бивша, да се ослободат од товар на автономни одлуки), веќе не спаѓаат во вистински човечки Други, Различни. Не можат да се спасат додека се малигни, додека чекаат трошки на разни нивоа на пирамидата, правејќи штета, жолти локални структури и квазипротести во институциите каде ќе се најдат. Тие се Немериторно на своите позиции во институциите да роварат во облик на вирусот „Нашост“, надевајќи се на ронка од високите ешалони десничари кога би дошле на власт, во позиција за „Моќ за дивеење“.

Извор: Фронтлајн.мк

Tags: ВМРО-ДПМНЕдеструкцијанационализампопулизамфашизам
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ