• Latest
Илустрација преземена од Фејсбук профилот на Александар Иванов

Сто дена „Сејф Сити“: Јавна самокритика на еден поранешен скептик

May 5, 2026

ВЛЕН и ДУИ: Кој е заслужен за неизградбата на автопатот Скопје – Блаце?

August 26, 2026

Мицкоски коленичи пред Трамп, а Северна Македонија ја нуди како коцкарски жетон

August 26, 2026

Податочни центри во Северна Македонија: Помеѓу технолошката неопходност, локалните реалности и зелените стратегии

August 26, 2026

Украинската сила против руското зло: Моќна порака на претседателот Зеленски до нацијата

August 26, 2026

Опозицијата игра баскет

August 26, 2026

САД го засилуваат економскиот притисок врз Иран: Нови санкции, секундарни мерки и битка за Ормускиот теснец

August 25, 2026
Фото: МИА

ЕУ подготвува нови правила за проширување: Построги услови, постепена интеграција и „заштита од тројански коњи“

August 25, 2026
фото: ВИ

Неплатените државни обврски се приближуваат до 700 милиони евра, над 315 милиони евра кон приватниот сектор

August 25, 2026

Курти: Несогласувањето со Кијив не ја менува поддршката на Косово за Украина

August 24, 2026
Посебната сесија на Интерпартиската парламентарна група за поддршка на Кримската платформа, по повод 35-годишнината од независноста на Украина, Собрание на Северна Македонија, 24 август 2026 година (Фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Бројни отсуства на сесијата за Украина во Собранието: Нема потврда за координиран бојкот

August 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ АКЦЕНТ

Сто дена „Сејф Сити“: Јавна самокритика на еден поранешен скептик

May 5, 2026 12:52
in АКЦЕНТ, БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА, ВЕСТИ, ТОП 5
Илустрација преземена од Фејсбук профилот на Александар Иванов

Илустрација преземена од Фејсбук профилот на Александар Иванов

Share on FacebookShare on Twitter

По 100 дена од „Сејф Сити“, скептиците – очигледно демантирани. Казните се наплаќаат, камерите функционираат, а инфраструктурата… конечно станува „видлива“ преку објективот. Или барем така изгледа од системот.

Повикувајќи се на својата колумна објаван на ЦИВИЛ Медиа „Казни со камери полни со дупки“, Александар Иванов, редовен професор на Факултетот за безбедност – Скопјe, по повод првите 100 дена од функционирањето на „Сејф Сити“, вели: што е право право е, времето нè демантираше.
По илјадниците платени глоби, одземени возачки дозволи и зголемената употреба на јавниот превоз, мора да се констатира дека работите на терен драматично се подобрија. Затоа апелирам до пратениците, во духот на транспарентноста, да постават едно сосема непотребно, но демократски корисно прашање: колку точно пари се наплатени од граѓаните преку овој систем? Не од сомнеж, се разбира. Само за да можеме сите заедно да се радуваме на финансиската димензија на сообраќајната култура. Во меѓувреме, инфраструктурната преродба е очигледна. Од Ѓорче до Лисиче, со електричните автобуси се стигнува за 18 до 10 минути — зависно од тоа дали возите низ реалноста или низ презентација. А којзнае што ќе биде кога ќе дојде БРТ! Веројатно ќе стигнуваме пред да тргнеме.

Очигледно објавата на Фејсбук на Иванов е сатирична, па и иронична кога вели дека се градат подземни сообраќајни премини, хоризонталната сигнализација блеска, кај училиштата се поставуваат странични огради, тротоарите се ослободени, пешаците се заштитени, велосипедистите се почитувани, а најновите архитектонски решенија за сообраќајна безбедност никнуваат како печурки по дожд. Само што, од некоја причина, граѓаните сè уште ги гледаат повеќе камерите отколку решенијата.

Затоа, ние што бевме скептични треба гласно да кажеме: не бевме во право.

Погрешно мислевме дека воведувањето на ваков систем, без паралелна обнова на инфраструктурата, може да се претвори во механизам за полнење на буџетот. Погрешно се прашувавме дали без јасни гаранции може да се отвори простор за следење на движењето на граѓаните. Погрешно инсистиравме дека безбедноста не се гради само со камера, туку и со тротоар, премин, сигнализација, јавен превоз и одговорна урбана политика, продолжува со „критиките“ Иванов.

Очигледно, камерата е новата инфраструктура.

Ако патот има дупка — камерата ја гледа.

Ако нема тротоар — камерата снима.

Ако нема сигнализација — камерата памети.

Ако граѓанинот плати казна — системот функционира.

Заклучокот на Иванов со придружната честитка за 100 дена „Сејф сити“ е дека уште да имаме град за да го наречеме безбеден.

Б. Ј.


Поддршка за ЦИВИЛ

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ