• Latest
Професор Оливер Андонов (фото: ТВ Телма)

Андонов: Доколку не ги поддржиме уставните измени и не ги откочиме пристапните процеси, Македонија ќе банкротира за три месеци

August 23, 2023

24 ЧАСА: Обвинителниот акт за случајот „Онкологија“ одобрен во целост; нема да има промена на цената на струјата; Русија се приближува до 1 милион жртви во војната; САМО НЕШТО ДА ПРАШАМ: За 4-та економија во Европа

June 5, 2025

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Дали треба да гласа дијаспората?

June 5, 2025
Фото: Скриншот од видео на BBC News

Задржани под закана со оружје: Тимот на Би-Би-Си приведен од израелските сили во јужна Сирија

June 5, 2025
фото: ВИ

РЕАКЦИИ: Граѓаните бараат една изборна единица и пофер изборен модел: Дијаспората надвор од гласачките кутии?

June 5, 2025

Додик повторно без проблеми премина граница, овој пат до Будимпешта

June 5, 2025
Фото: Скриншот МИА

Салиу: Лично со душа и со срце тврдам, дека немам апсолутна вина за пожарот во Кочани

June 5, 2025
Украинските сили започнаа ракетен напад насочен кон концентрација на руски ракетни трупи во руската област Брјанск на 5 јуни 2025 година. Фото: Скриншот од видео на Генералштаб / Телеграм

Украинските сили ја нападна руската ракетна база во Брјанската област, уништувајќи и оштетувајќи лансери „Искандер“

June 5, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американските Евреи се плашат за својата безбедност по насилните антисемитски напади во САД

June 5, 2025
Фото: МОН

Јаневска: Новата Национална стратегија треба да обезбеди дигитални вештини и компетенции кои ќе одговорат на глобалните промени

June 5, 2025

Клековски: Одговорно тврдам дека имаме капацитет за лекување на пациентите од трагедијата во Кочани

June 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИНТЕРВЈУ

Андонов: Доколку не ги поддржиме уставните измени и не ги откочиме пристапните процеси, Македонија ќе банкротира за три месеци

August 23, 2023 10:27
in ВЕСТИ, ИНТЕРВЈУ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Професор Оливер Андонов (фото: ТВ Телма)

Професор Оливер Андонов (фото: ТВ Телма)

Share on FacebookShare on Twitter

Професорот Оливер Андонов кој се смета за фракција во ВМРО-ДПМНЕ во интервју за ЦИВИЛ Медиа говори за предизвиците со кои ќе се соочи Македонија доколку не ги продолжи интегративните процеси. Тој смета дека недонесувањето на уставните измени се клучниот фактор Македонија да остане надвор од процесите за интеграција во ЕУ. Според Андонов, членството во ЕУ не е стратешка цел исклучиво на Македонија, тоа е интерес и на самата Унија, но и на НАТО.

Оттаму вели тој во интервјуто, доколку Македонија не ги поддржи Уставните промени и не ги откочи пристапните процеси, ќе навлеземе во целосна политичка и економска изолација. Во таква ситуација, без европските пазари и европската финансиска помош, Македонија ќе банкротира за три месеци. Но најважно од се ќе се изгуби македонскиот идентитет!?

„Во моментов, поради политиките на Мицкоски, неколку пати е зголемен бројот на подносители за бугарско државјанство. Во услови на политичка и економска изолација на Македонија, барањата на наши граѓани за бугарски, грчки, набргу и албански пасоши рапидно ќе се зголеми. На овој начин и ќе се реализира основната поента на „агентите од влијание“ Апасиев и Мицкоски, како да се уништи македонскиот идентитет“, вели професор Оливер Андонов.

ЦИВИЛ Медиа: Со каква социо-политичка разврска ќе се соочи Македонија доколку уставните измени не се случат и Македонија остане во геостратешки недефинирана „лимбо“ ситуација?

Андонов: Ова е хипотетичко прашање и тоа во однос на делот „доколку уставните измени не се случат“, бидејќи ние сеуште не знаеме дали дефинитивно тие нема да се случат. Сепак, несомнено постои сериозна опасност на краток, уште повеќе на долг период за Македонија доколку останеме надвор од процесот за полноправно членство во ЕУ, а не донесувањето на уставните измени се токму клучниот фактор Македонија да остане надвор од процесите за интеграција во ЕУ. Членството во ЕУ не е стратешка цел исклучиво на Македонија, тоа е интерес и на самата Унија согласно договорот од Лисабон, но и на НАТО согласно Берлин плус договорот. Впрочем тоа беше јасно посочено во изјавата на Урсула фон Дер Лајен дадена во Киев „без Украина, Македонија и Албанија, ЕУ е некомплетна“. Ова се стратешки интереси и цели на ЕУ и НАТО кои се меѓусебно поврзани и истите имаат за цел стабилизација и „контрола“ на целиот Европски безбедносен простор, со директно влијание од страна на ЕУ на непосредното нејзино соседство. Токму нѐ ставањето на Македонија под чадорот на ЕУ, покрај членството во НАТО, претставува стратешки предизвик за самата ЕУ која повеќе од една деценија наназад се обидува да стане реален и силен глобален геополитички актер кој активно ќе учествува во креирањето на светската политика.

Оттука, станува јасно, а и досегашното искуство во меѓународните односи ни го потврдува тоа, дека не е можно една држава да има „недефинирана“ ситуација во гео-политиката и гео-стратегијата. Македонија е дел од европскиот безбедносен простор, членка на НАТО, и не постои актер на меѓународната сцена кој е способен тоа да го наруши, иако сме сведоци на постојани такви обиди. Од овие причини доколку сакаме да ја антиципираме иднината на Македонија по евентуалното не изгласување на уставните промени и не продолжување на европските интегративни процеси, возможни се некои лоши сценарија. Во тој контекст треба да се поврзат и социо-политичките разврски од почетокот на вашето прашање, а кои може да бидат со влијание на внатрешни социолошки и политички фактори, но и со влијание на исти такви фактори од надвор.

Сепак, најпрво да ја разгледаме можната разврска од геостратешки аспект. Во околности на сопирање на европските интеграција и започнување на внатрешна криза во државата, треба да бидеме свесни дека интересот на големите сили или глобалните актери во никој случај не е на прво место поврзан со опстанокот на македонската држава, туку со контрола на територијата од Црно море до Јадранско море. Тука не постои сентимент туку тенденција за зачувување на геополитичкиот простор. Доколку во овој геополитички стратешки интерес македонскиот народ не ја препознава својата шанса за опстанок во рамките на сопствената држава Македонија, членка на ЕУ, тогаш социо-политичката разврска како што ја нарековте во вашето прашање, ќе биде неминовен откочувач за нарушување на безбедноста со влијание врз, дефинитивно, долгорочно решавање на т.н. „Македонско прашање“, со негативни последици за нас Македонците. Во едни вакви состојби и под притисок на војната во Украина не верувам дека било кој од НАТО и ЕУ ќе дозволи Македонија да биде под нечие друго влијание или пак друг да ја контролира  територијата на Македонија.

Едноставно, доколку не се најде начин да се изгласаат уставните измени ќе покажеме дека како македонски народ немаме капацитет да ги согледаме идните настани и да делуваме во насока на нивно спречување и во наша корист. На прво место правилното согледување на идните настани е одговорност на политичките водства на партиите, на владата, Собранието и на секој пратеник лично и не смее да биде под влијание и креирање од страна на лажни апологети на македонскиот народ како што се Мицкоски и Апасиев. Многу е важно да избегнеме Македонија да биде третирана како територија, а не држава и при тоа да биде ставена под управа на некоја друга држава.

ЦИВИЛ Медиа: Дали тоа ќе има и последици и по интра-етничките па и на интер – етничките односи и на кој начин?

Андонов: Несомнено, во Македонија токму социо-политичката разврска најпрво се поврзува со меѓуетничките односи, заглавеноста на Македонија во евро-интегративните процеси е огромен „потенцијал“ за нарушување на меѓуетничките односи во државата. Скепсата од уставните промени, како и кај мал дел од членовите на ВМРО-ДПМНЕ и нивниот наводен антагонизам кон промена на Уставот, се плод на негативната, псевдопатриотска, кампања на Мицкоски и Апасиев која всушност има за цел, единствено, нивно политичко опстојување. Од овие причини, очигледно го прочитале Едвард Бернајс и неговата „Пропаганда“, и нивната пропагандна дејност се заснова на лажни и испревртени пред се историски факти, додека политичките, наводно факти, ги „купуваат“ од поткастите и Јутуб каналите во Србија или Бугарија. Односно станува збор за корифеи на туѓи интереси кои никако не кореспондираат со нашите македонски интереси.

Тука започнува вториот дел од проблемот кој вие го поставувате како прашање, а тоа е интро-етнички конфликтен процес помеѓу Македонците. Никогаш досега во македонската историја не се случил таков жесток политички конфликт, полн со омраза и потенцијал да нанесе директна штета врз опстојувањето на македонскиот народ. Во овој контекст, мора да напоменам дека не се работи за политичко недоразбирање туку за изразен различен идеолошко-политички концепт за понатамошниот опстанок на Македонија и македонскиот народ. Всушност врз основ на анахрони политики, неотроцкизам и југо-носталгичност се креира лажна перцепција за ЕУ.

Зачудувачки, за мене како член на ВМРО-ДПМНЕ, е тоа што токму Мицкоски како моментален претседател на партијата и раководството на партијата која треба да биде носител на Македонското Национално Единство и демократски развој, поради освојување на некои беден политички поен кај екстремниот електорат, се втурна во креирање на внатрешен судир меѓу Македонците по примерот на расцепот во ВМРО, ВМРО (обединета) и ВМРО (автономистичка), штетите од овие подвојувања на македонскиот народ и денес се рефлектираат. Зарем повторно македонскиот народ ќе има „Вартоломејска ноќ“!

Опстојувањето во актуелниот наратив и поведение до крајни граници ќе го напрегне македонското општество, особено меѓу-етничките односи и односите помеѓу Македонците.

Оливер Андонов, прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ (2017)

ЦИВИЛ Медиа: Колку далеку може да оди ВМРО-ДПМНЕ во својот отпор и дали гледате одредена намера во тоа?

Андонов: Да бидеме директни и јасни, без еуфемизми, ВМРО-ДПМНЕ не дава отпор. Мицкоски и високи структури во партијата извршуваат и спроведуваат интереси од други центри на моќ спротивни на македонските интереси и заедничките интереси со нашите партнери во ЕУ и НАТО. Поради тоа постои очигледна намера, од страна на Мицкоски, да го злоупотреби ВМРО-ДПМНЕ и преку спротивставување на уставните измени овозможи реализација на политики на другите центри на моќ. Колку далеку, односно колку долго ќе може да ја спроведува Мицкоски оваа агенда не зависи од него, неговата нарушена психолошка стабилност го доведува во состојба на онаа народната „баба дала грош да се фати на оро, три да излезе од него“. Токму поради неговата политичка нерационалност и слепа послушност кон менторите, која штети на државните интереси на Македонија, Фракцијата инсистира на негово заминување.

Зависноста од тоа колку долго ќе трае остварувањето на намерата на Мицкоски за завршување на добиените задачи од неговите газди зависи исклучиво од односот на нашите партнери од ЕУ и САД кон самиот Мицкоски и целата мрежа во партијата и надвор од неа. Преку таа мрежа во разни сегменти, на разни начини, а пред се пропагандно и логистички се поддржува реализацијата на намерата и врши влијание врз јавното мислење. Всушност не се работи за попречувањето на уставните измени и влез на бугарскиот народ во Уставот на Македонија, туку ова прашање највулгарно се употребува како изговор – причина да се блокира влезот на Македонија во ЕУ. Очебијна е намерата на Мицкоски, следејќи го наративот кој го користи, евроскептицизам, антиамериканизам, анти-НАТО, шовинизам кон сограѓаните и соседите, да ги искористи сите „аргументи“ кои му ги подметнуваат неговите ментори, само Македонија да не биде дел од европското цивилизациско друштво.

ЦИВИЛ Медиа: Сметате ли дека тоа е патот на меѓународна изолација на земјата?

Андонов: Несомнено како една привремена мерка против оние кои го попречуваат патот на евро-интеграции за Македонија. Впрочем за тоа и зборува извршната наредба 14033 на Претседателот Бајден. Доколку добро и изворно се прочита во неа ќе се пронајде критика, би рекол закана, на актерите на моменталните политички процеси во Македонија. ВМРО-ДПМНЕ за жал, ќе биде колатерална штета на политикантството на Мицкоски и неговото раководство.

Не сакам да бидам носител на лошите пораки, но искреноста кон вистината бара да бидам директен и конкретен. Доколку Македонија не ги поддржи Уставните промени и не ги откочи пристапните процеси ќе навлеземе во целосна политичка и економска изолација, фигуративно да се изразам, имајќи го предвид нашето соседство, „пусто острово“.

Во таква ситуација, без европските пазари и европската финансиска помош, Македонија ќе банкротира за три месеци. Ова не е гледање на карти ова се факти кои може да ви ги каже секој професор по економија или малку поопитен бизнисмен. Но најважно од се ќе се изгуби македонскиот идентитет!? Во моментов, поради политиките на Мицкоски, неколку пати е зголемен бројот на подносители за бугарско државјанство. Во услови на политичка и економска изолација на Македонија, барањата на наши граѓани за бугарски, грчки, набргу и албански пасоши рапидно ќе се зголеми. На овој начин и ќе се реализира основната поента на „агентите од влијание“ Апасиев и Мицкоски, како да се уништи македонскиот идентитет. Не џабе рекле дека патот до пеколот е поплочен со добри намери.

ЦИВИЛ Медиа: Дали тоа може да биде вовед во поголема регионална дестабилизација?

Андонов: Во меѓународните односи не постои издвоена, изолирана држава, дури и таа да е на некое „неважно“ место на земјината топка или да е остров. Современиот свет и во него меѓународните односи функционираат можеби почесто хаотично, но се како сврзани садови. Секоја земја има свое влијание во регионот, а најпрво тоа значи дали таа зрачи стабилност за регионот или продуцира нестабилност. Продуцирањето на нестабилност која може да доведе до дестабилизација на целиот регион опфаќа повеќе аспекти, а во исто време може да излезе од границите на регионот. Тоа пред се не мора да се однесува на дестабилизација поради војна, постојат многу други аспекти на дестабилизација поврзани со масовните миграции од или во земјата, организиран криминал и корупција, внатрешни етнички, религиски, економски, социјални или други судири.

Случајот со Македонија е особено ризичен, бидејќи внатре во државата имаме силна поделеност која во овие политички услови и наратив може да се зголемува и заострува. Во таков случај и соседните држави на Македонија, секако секоја од свои причини, цели и интереси на разни начини би се вмешале и тоа верувам дури и отворено. Вмешувањето на било кој од соседните држави под било какво оправдание ќе повлече вмешување и на другите, па дури и на глобалните геополитички актери.

Никој не сака нестабилни држави и региони, барем во цивилизираниот свет тоа е така, а Македонија историски, културолошки и географски припаѓа кон европската цивилизација и ќе направиме историска грешка доколку не го искористиме овој момент на геополитички односи и со многу саможртва ја искористиме отворената врата за влез во ЕУ. Всушност досега како народ и држава, како граѓани направивме многу поголеми и базични отстапки до степен на редефинирање на државноста на Македонија (направете една споредба на преамбулата на Уставот од 1991 и 2001 година и 2019 година и ќе ви биде јасно за што зборувам), така што навистина сметаме дека овие последни предложени Уставни измени повеќе имаат технички карактер.

Оттука, мора да бидеме свесни, доколку не го продолжиме европскиот интегративен процес, за големиот потенцијал за дестабилизација на регионот поради нас, кој во крајна линија ќе биде погубен за Македонија и македонскиот народ.

Љубиша Николовски

 

Print Friendly, PDF & Email
Tags: ВМРО-ДПМНЕОливер Андоновуставни измениХристијан Мицкоски
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Бранимир Јовановиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Македонија навистина е четврто место во Европа по економски развој – ама од позади!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Осумнаесетгодишниот син на Блерим Беџети од ДУИ примил 12.000 евра од Комунална хигиена – Скопје за „интелектуални услуги и совети“ за заштита на животната средина

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Украинските дронови погодија над 40 руски стратешки бомбардери во шокантен напад далеку зад линиите на фронтот

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Поранешниот командант на ОВК, Бреза, уапсен по 22 години бегство

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Брисел насетува оти Мицкоски е подготвен да го жртвува и Извештајот во ЕП

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ