ЦИВИЛ Медиа денеска, веднаш по вестите од Скопје, дека мандатот за состав на нова влада му е доделен на лидерот на парламентарнотото мнозинство Зоран Заев, на улиците на Кавадарци, разговараше со кавадарчан(к)и за разврската на кризата.
„Не верувам претседателот да го даде мандатот. Не знам како ќе биде, ама поарно да биде. Не бива со оваа власт, назад тера…“… „Душата ми умира за ВМРО, какво СДСМ!“… „Многу сум радосен, претерано. Јас сум партиски определен… Ништо не очекувам сакам овие да си одат…“
Ова се дел од реакциите на кавадарчан(к)и, денеска околу пладне, веднаш по веста дека претседателот на државата, Ѓорге Иванов му го доделил мандатот на лидерот на СДСМ, Заев.
Новинар и монтажа: Моника Талеска
Камера: Дехран Муратов
Фотографија: Маја Ивановска