• Latest

Фашизам

November 10, 2017

Нема штета, нема загадување – но „Мазут“ повторно се враќа на истрага

August 31, 2026
Петер Маѓар, Оливер Андонов - Блед, Словенија, 31 август 2026

(ФОТО ВЕСТ) Андонов на средба со унгарскиот премиер Маѓар во Блед: Поддршка за македонскиот пат кон ЕУ

August 31, 2026
Украинска инфраструктура уништена од агресорот

Украина повикува на засилена енергетска поддршка пред зимата: Русија подготвува нови напади врз енергетиката

August 31, 2026

Сè помалку ученици, сè повеќе празни училишта: Демографскиот пад го менува образовниот систем

August 31, 2026
Кијив, 31 август 2026 (извор: ДСНС)

Рускиот терор продолжува, расте црниот биланс на загинати, Кијив ги засилува „долгометните санкции“

August 31, 2026

Од Матрикс до агентската ВИ: Кога софтверот престанува само да одговара и почнува да дејствува

August 30, 2026

Ако нема штета, нема загадување и нема докази – што всушност остана од случајот „Мазут“?

August 30, 2026
Избирачко место во Исланд (фото извор: скриншот од видео на социјалните мрежи)

Исланд го отфрли враќањето на преговорите со ЕУ, „не“ води со 52,5 отсто наспроти 47,5 отсто „за“

August 30, 2026

ЦИВИЛ: Глорификацијата на Ратко Младиќ е напад врз жртвите, вистината и демократскиот поредок

August 30, 2026
Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Руски терор врз Украина: Најмалку 37 загинати и голем број ранети во Кијивска област, 30 часа непрекинат напад врз цивилите

August 29, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Фашизам

November 10, 2017 14:06
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Кога Валентина Божиновска во својот хистеричен говор ја употреби асоцијацијата на Ноќта на долгите ножеви на протестите на ВМРО-ДПМНЕ пред ДИК, јавноста го вклучи алармот. Предоцна и недоволно гласно и одлучно, што е истовремено неприфатливо и разбирливо. За време на режимот на Груевски, агит-проп машинеријата се возеше на хистеријата во стилот „крв, крст и чест“. Оваа хистерија со години негуваше и негува иконографија, вокабулар, вредности и постапки кои нескриено ја следеа и ја следат мрачната фашистичка идеологија.

Пишува: Џабир Дерала

Може лесно да се направи разлика меѓу романтичната патриотска иконографија и онаа на фашистичките и неофашистичките манијаци. Кокетирањето со фашизмот во Европа и во светот, во Македонија се претвори во речиси отворена поддршка на политичкиот екстремизам и стана дел од политичкиот и општествениот водечки естаблишмент. Неизбежната меѓународна обврска да се вклучуваат етничките заедници во институциите, беше крајно формален и вештачки, проследен со нескриен презир и постојано изигрување на таа обврска.

Кога Божиновска, директорка на Комисијата за односи со верските заедници (еј!), која истовремено има(ше) уште две-три функции низ државниот систем, си дозволи да ја пали толпата со асоцијации на Ноќта на долгите ножеви, што да се очекува од таква структура, освен омраза и насилство? Лидерот на партијата и премиер на Македонија со најдолг мандат, Груевски, повикуваше на „народни стражи“, „пресметки“ со „мрачните сили“, а неговата ДПМНЕ си дозволи терористички напад врз Собранието и обид за убиство на пратеници. „Фашистичка револуција“ од Бенито Мусолини и „Мајн Кампф“ од Адолф Хитлер се на полиците за книги во секој супермаркет, без посебни предупредувања од издавачот. И ова се само неколку случајно избрани примери… Секако, постојат безброј други аргументи и докази (некои и помалку познати за јавноста) за фашизмот и екстремизмот на кликата која ја предводи Груевски.

Кога говориме и пишуваме против фашизмот, верните следбеници на оваа клика не пропуштаат да извршат контранапад и да релативизираат со споредби со комунизмот. Значи, не го осудуваат фашизмот и политичкиот екстремизам, прикриениот или отворен антисемитизам, туку само велат дека и комунизмот бил лош. Притоа, невешто се обидуваат да ги стават антифашистите во графата комунисти, па така да ги направат сите подеднакво лоши, односно исти. Ја згрешиле работата! Со тоа само дополнително се разобличуваат себе си.

Никој не ја одречува монструозноста на диктатурата на Советскиот Сојуз и фасцинацијата на руските (и не само руските) деспоти со фашизмот, па дури и „натпревар“ во бруталноста низ не така дамнешната историја, но и денес. Антисемитизмот и фашизмот во Русија се прилично живи. Руските екстремисти го слават роденденот на Хитлер со брутални и неказнети напади врз мигранти и не-Руси секоја година, а тоа е само еден пример.

Ништо не може да ги оправда! Било да се свесни или несвесни, фашистите во земјава се дел од еден долгогодишен социјален инженеринг кој влезе на голема врата во образованието и културата на Македонија. Јавната сцена со години се контаминира со валкан и насилнички вокабулар, кој го со години го користат дел од медиумите. Во фашисоиден манир, медиумите често отворено ја подгреваат омразата кон поинаквите, било да се политички неистомисленици, етнички и верски малцинства, ЛГБТИ заедницата или други маргинализирани и ранливи групи на граѓанки и граѓани.

Фашизмот и политичкиот екстремизам во Македонија не се маргинални појави. Беа негуван и сѐ уште се негуваат од структури чиј размер и моќ не се за занемарување. Почнувајќи од сопствениот двор, сите заедници и структури, политички и општествени, мораат да почнат со чистење. Сега!

 


објавено во Плусинфо и Слободен печат (11/11/2017)

Tags: Адолф Хитлеранти-фашизамантисемитизамБенито МусолиниВМРО - ДПМНЕКУЛТУРАНикола Груевскиполитички екстремизамучебницифашизам
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ