• Latest

Со членството во НАТО, Северна Македонија е фактор на стабилност на Западен Балкан

March 27, 2023

Политиката на Мицкоски кон ЕУ не е грешка

May 13, 2026

ЦИВИЛ бара студентите привремено да бидат сместени во хотели додека се санираат студентските домови

May 13, 2026

СКАНДАЛ: Студентски стандард – стаорци, студени тушеви, нефункционални лифтови, неисплатени стипендии

May 13, 2026

ЦИВИЛ: Студентските домови не смеат да бидат симбол на државна негрижа

May 13, 2026

За меѓународните напори за враќање на незаконски депортираните Украински деца од страна на Русија

May 13, 2026

Пред отворени европски порти, Мицкоски копа ров

May 12, 2026
Харкив, 12 мај 2026 (извор: ДСНС Украина)

РУСКИ ТЕРОР ВРЗ ЦИВИЛИ: Кремљ ја прекина „делумната тишина“ со нови напади врз Украина: Над 200 дронови, погодена цивилна инфраструктура, Кијив бара засилен притисок врз Кремљ

May 12, 2026

Од „наркомани и неонацисти“ до „господин Зеленски“: Што се крие зад промената во реториката на Путин?

May 12, 2026
Реакции - идентитет

РЕАКЦИИ: ЕУ значи контрола и крај на корупцијата, ама ЕУ е и закана за националниот идентитет – граѓаните поделени за уставните измени

May 12, 2026

Дипломатски тензии меѓу Скопје и Софија по средбата во Брисел: Идентитетот повторно во фокус

May 12, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ

    ЦИВИЛ бара студентите привремено да бидат сместени во хотели додека се санираат студентските домови

    СКАНДАЛ: Студентски стандард – стаорци, студени тушеви, нефункционални лифтови, неисплатени стипендии

    ЦИВИЛ: Студентските домови не смеат да бидат симбол на државна негрижа

    Харкив, 12 мај 2026 (извор: ДСНС Украина)

    РУСКИ ТЕРОР ВРЗ ЦИВИЛИ: Кремљ ја прекина „делумната тишина“ со нови напади врз Украина: Над 200 дронови, погодена цивилна инфраструктура, Кијив бара засилен притисок врз Кремљ

    Реакции - идентитет

    РЕАКЦИИ: ЕУ значи контрола и крај на корупцијата, ама ЕУ е и закана за националниот идентитет – граѓаните поделени за уставните измени

    Дипломатски тензии меѓу Скопје и Софија по средбата во Брисел: Идентитетот повторно во фокус

    Нафта, нуклеарни закани и геополитички притисоци – разгорување на тензиите меѓу САД и Иран

    Путин призна: Инвазијата во Украина не беше за „ослободување“, туку за запирање на нејзиниот пат кон ЕУ

    ВЛЕН бара нова фаза на децентрализација: Општините да добијат поголема финансиска и политичка моќ

    Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, 8 мај 2026

    Зеленски дозволи одржување на парадата во Москва: Потпиша декрет за локализиран прекин на огнот

  • ПОЛИТИКА
    • All
    • ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

    Не e  прашањето дали ќе има избори – вистинското прашање е – какви ќе бидат тие избори

    Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

    Браво мајсторе!

  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
    • All
    • ИСТОРИЈА

    РЕАКЦИИ: Камерите не воспитуваат – сообраќајната култура и натаму на нула

    Гордана Дувњак (1965–2026)

    Гордана Дувњак (1965–2026): Тивко заминување на еден силен новинарски глас

    Меѓународен ден на Ромите: Култура, идентитет и континуирана борба против дискриминацијата, сиромаштијата и системската неправда

    Јирген Хабермас (Фото: Европска комисија/Szabolcs Dudás)

    Замина Јирген Хабермас, гигантот на модерната филозофија

    Илустрација ВИ

    Иницијатива што поврзува жени од Македонија, Шведска и Германија нуди поддршка за семејни кризи, насилство, родителски предизвици и економска несигурност

    Фото: Ариан Мехмети

    Кризата е тешка, законот може да се менува – ама платите не: Здружение на јавни обвинители со порака до пратениците

    Фотомонтажа: Скриншот од видео

    Отворено писмо до претседателката: Ако ви дошло до смеење, дојдете со мене на онкологија

    Моето име, моите корени, мојата земја

    Корубин: Селективен и селектиран устав

    Фото: Државна лотарија на Македонија/ Фејсбук

    Државна Лотарија на Македонија – не, благодарам!

  • СЛОБОДНА ЗОНА
    • All
    • ES-PRESS-O
    • БЛИЦ
    • БРЗА ПОШТА
    • ДИПЛОМАТСКА ПРИЗМА
    • ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ
    • ЕДИТОРИЈАЛ
    • КОМПАС
    • ПО ДОПРЕН ГЛАС
    • САТИРА

    Политиката на Мицкоски кон ЕУ не е грешка

    За меѓународните напори за враќање на незаконски депортираните Украински деца од страна на Русија

    Пред отворени европски порти, Мицкоски копа ров

    Од „наркомани и неонацисти“ до „господин Зеленски“: Што се крие зад промената во реториката на Путин?

    Да зборуваме за она што најчесто се премолчува на овој ден на мајките

    Не e  прашањето дали ќе има избори – вистинското прашање е – какви ќе бидат тие избори

    Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

    Браво мајсторе!

    Москва, 23 август 1939 година | Советскиот министер за надворешни работи Вјачеслав Молотов го потпишува Пактот за ненапаѓање. Зад него стојат Јосиф Сталин и германскиот министер за надворешни работи Јоаким фон Рибентроп.

    Крвното братство што тие сакаат светот да го заборави

    Илустрација ВИ

    Предвремени избори како алатка за продолжување на политичката контрола

    Германски трупи парадираат пред платформата со високите офицери на германската и советската армија (Bundesarchiv Bild 101I-121-0011A-23, Polen, Siegesparade, Guderian, Kriwoschein)

    Заборавениот сојуз и пријателство „запечатено со крв“: Кога нацистите и сталинистите парадираа заедно

  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result

Home АНАЛИЗИ

Со членството во НАТО, Северна Македонија е фактор на стабилност на Западен Балкан

March 27, 2023 12:25
in АНАЛИЗИ, БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА, ИЗЈАВИ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

„Денес во присуство на нашите сојузници и партнери одбележуваме три години од членството на Северна Македонија во Алијансата, додека на 4-ти април ќе ја чествуваме 74 годишнината од основањето на Организацијата на Северноатлантскиот договор или Денот на НАТО. Со тоа ја продолжуваме традицијата – секоја година од 27-ми март до 4-ти април да се одржуваат Денови на НАТО посветени на заедничките успеси и постигнувања, но и предизвиците со кои сојузниците и Алијансата се соочувале низ годината”, рече министерот за надворешни работи, Бујар Османи, кој денес беше домаќин на традиционалниот „НАТО појадок”.

Во своето обраќање, Османи ги истакна придобивките од членството на Македонија во НАТО, оценувајќи го како историски успех и најзначајно надворешно – политичко постигнување. Нагласи дека нашето членство во Алијансата е особено значајно за регионалната безбедност и стабилност, особено во контекст на актуелните безбедносни предизвици.

„Регионот на Западен Балкан е особено изложен на стратегиска конкуренција и на малигно влијание на трети страни кои се обидуваат да ги искористат слабостите и недовршената евро-атлантска интеграција со цел да остварат свои стратешки интереси. Решението се наоѓа во засилени демократски реформи со цел да се зајакне отпорноста , но и во засилена и координирана соработка на НАТО и ЕУ во заокружувањето нa евроатлантската интеграција на Регионот и комплетирањето на демократската трансформација“, истакна Османи.

Во своето воведно обраќање премиерот, Димитар Ковачевски ги брои странските директни инвестиции кои лани беа во висина од 753,8 милиони евра, или двојно повеќе во однос на 2016 година, како и отварањето на над 10.000 работни места технолошко-индустриските развојни зони, како дел од придобивките на НАТО членството, со што според Ковачевски, Република Македонија не е повеќе земја на евтина работна сила.

„Со членството во НАТО и почетокот на преговорите со Европската Унија, со концептот за еднакво општество дома, со храбрите, но и државнички одлуки со коишто ги заштитивме идентитетските одредници и националниот идентитет, со функционалните политики на дијалог и разбирање, Република Северна Македонија денес е фактор на стабилноста на Западен Балкан. А јасно е дека евратлатската ориентација на регионот е потребна и во функција на европските мир и стабилност и во насока на просперитетот”, нагласи Премиерот.

Обраќање како специјален гостин имаше и амбасадорката на Украина, Лариса Дир, која изрази благодарност за помошта што Северна Македонија ја обезбедува за Украина, нагласувајќи дека истата е од витално значење за украинските бранители, кои по цена на сопствениот живот ја бранат и Украина и демократските вредности.

На настанот присуствуваа  високи владини функционери, претставници на дипломатскиот кор и други значајни институции во земјава.

Од Резолуција за членство, вето од Грција, преку Преспански договор до полноправно членство

На 27 март 2020 година, земјава стана 30. членка на Алијансата кога в.д. амбасадорката на Северна Македонија во САД, Вилма Петковска, на американскиот помошник-државен секретар за Европа и Евроазија, Филип Рикер, го предаде оригиналниот документ на ратификација од Пристапниот протокол за членство на земјава во НАТО.

Определбата за евро-атлантско интегрирање датира уште од 1993 година, кога Собранието усвои Резолуција, во која се дефинирани надворешно политичките приоритети на земјата, а тоа се членството во НАТО и во ЕУ.

Во ноември 1995 г., станавме членка на Партнерството за мир (ПзМ), а во јуни следната година беше отворена и Канцеларијата за врски на Република Македонија при НАТО.

Потоа следуваше отворање на Канцеларијата за врски во 1996 година, а следната, 1997 г., државата беше примена во ПАРП процесот. Набргу потоа беше отворена и Мисијата на Република Македонија при НАТО во Брисел.

На Самитот во Вашингтон во април 1999 г., официјално станавме и земја-кандидат. Со таков статус останавме дваесетина година.

Најблиску до НАТО бевме во 2008 г., на самитот во Букурешт, но Алијансата тогаш констатира дека земјата технички е подготвена да влезе, но влезот беше попречен поради грчкото вето заради нерешениот спор за името. Откако по речиси три децении спорот беше надминат со Преспанскиот договор потпишан на 17 јуни 2018, вратата за НАТО се отвори.

По нецел месец од договорот постигнат со Грција, на Самитот на НАТО во Брисел (11-12 јули 2018 година), на состанок на ниво на шефови на држави и влади, Алијансата донесе одлука да ја покани Република Северна Македонија да ги започне пристапните разговори за членство во Алијансата.

На 1 август, 2018 година, генералниот секретар на НАТО упати писмо до министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија заедно со План за спроведување на процесот на пристапување во НАТО, а во октомври истата година, на состанок во Брисел формално беа завршени пристапните разговори. На 6 февруари 2019 г., постојаните претставници на 29-те земји членки на Алијансата во седиштето на НАТО го потпишаа пристапниот протокол за членство на Република Северна Македонија.

По овој настан, започна и следната фаза во која следуваше ратификација на Пристапниот протокол во националните парламенти и институции на земјите-членки на Алијансата, а беше ратификуван и во нашето Собрание.

На официјализирањето на полноправното членство што се случи на денешен ден пред две години, му претходеше потпишување на Инструментот за пристапување на Република Северна Македонија во НАТО од страна на претседателот Стево Пендаровски на 20 март 2020.

Кои се придобивките?

Придобивките можеме да ги поделиме на неколку категории. Тоа е она што прво институциите добиваат, добиваат можност да учествуваат во носењето на одлуките во Алијансата, нешто коешто е навистина значајно. Тоа значи зајакнување на сопствените капацитети на институциите, во случајов Министерството за одбрана, меѓутоа исто така учество и на нашата армија рамноправно со сојузниците, односно со сите останати 29 земји членки на Алијансата. Бројни се придобивките и во бизнис-заедницата, работиме на нивно постојано унапредување, на промоција на тие придобивки, и се разбира, на мотивација на компаниите да учествуваат на НАТО-пазарот, кој е најголемиот пазар во светот“, вдели министерката Славјанка Петровска.

Таа додава дека никој нема да можел да ја гарантира безбедноста и стабилноста на Северна Македонија, доколку земјата не станеше членка на НАТО, особено по почетокот на руската инвазија врз Украина.

„Со самиот факт што сме дел од големиот систем на колективна безбедност, тоа значи дека имаме сигурност дополнителна, односно сме дел од големата алијанса. Ако овој разговор го правевме минатата година, па дури еве и сега, меѓутоа во други околности, ако Република Северна Македонија не беше земја членка на НАТО-алијансата, верувајте дека наративот ќе беше сосема друг и изјавите кои било кој да беше на оваа позиција ќе требаше да ги даде, ќе беа значително поразлични од ова. Никој не можеше да ја гарантира безбедноста и стабилноста на нашата држава ако не бевме дел од НАТО-алијансата“, вели Петровска.

Кој ќе го наследи Столтенберг на чело на НАТО

Јенс Столтенберг заминува. А кој доаѓа? Се погласни се шпекулациите за можна генерална секретарка на НАТО. Тоа би била премиера за воениот сојуз. Но, како функционира изборот на кандидати?

Во октомври највисокото дипломатско место во НАТО ќе биде испразнето. Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, кој е на функција од 2014 година, минатиот февруари преку својата портпаролка објави дека нема намера да го продолжи договорот со НАТО.

Прес конференција на Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, во пресрет на Состанокот на министрите за одбрана на земјите членки на НАТО во Брисел, 13 февруари 2023

Од објавата на Столтенберг, во седиштето на НАТО во Брисел почнаа шпекулациите: кој ќе биде 14. генерален секретар на Алијансата? Или подобро: генерална секретарка? Затоа што првата жена на оваа позиција би била добредојдена. Речиси половина од 30-те амбасадори на НАТО дискретно ги вметнаа своите кандидати во игра. Но, да одиме по ред.

Тој или таа мора да ги држи земјите-членки заедно, да ги балансира интересите, да промовира консензус меѓу 30-те членки, без разлика дали заканите за политичката кохезија доаѓаат од Доналд Трамп или Владимир Путин. Потребни се дипломатски вештини и лојалност кон сојузот.

Генералниот секретар или секретарка нема овластување да носи политички одлуки. Тој или таа само формално претседава со Северноатлантскиот совет, највисокото тело за одлучување. Ова важи и за воените овластувања. Тој или таа го претставува НАТО и надворешно, пред другите влади и печатот.

Идниот човек на таа позиција мора да ја има функцијата шеф на држава или влада во својата биографија. Мора да знае течно англиски, пожелно е и француски.

Личноста мора да биде во добри односи со Вашингтон. На крајот, клучот е САД, иако генералниот секретар традиционално е Европеец. САД обезбедуваат Врховен командант на силите на НАТО (SACEUR), што е поважна функција во воениот сојуз.

Сите 30 влади мора да прифатат нов генерален секретар со консензус. Затоа се важни регионалните интереси, потеклото и политичката заднина, како и воената тежина и дипломатското значење на земјата на потекло.

На пример, во овој момент би било незамисливо некој од Турција да дојде на таа позиција поради приговорите што ги има претседателот Реџеп Тајип Ердоган за приемот на Шведска. Спротивно на тоа, тешко е да се замисли Турција да одобри некој од Финска.

Но, кога се работи за претходните 13 лица, постоеја сите можни варијации. Не секогаш беа исполнети сите критериуми. Единствениот германски генерален секретар на НАТО, Манфред Вернер (на функцијата од 1988 до 1994 година), никогаш, на пример, не бил шеф на владата, туку само министер за одбрана. Ова исто така важи и за повеќето други носители на функции.

Првиот генерален секретар на НАТО, британскиот лорд Хестингс Исмеј, претходно беше само државен секретар. Но затоа имал чин генерал.

Како функционира процесот на селекција?

Ништо не е формално дефинирано. Нема официјална комисија за избор. Дипломатите преговараат тајно за своите влади додека не се постигне консензус. Нема формално гласање.

И кога се ќе заврши, шефовите на држави или влади од земјите-членки на Алијансата го најавуваат новото име на самитот. Следниот самит на кој тоа би можело да се случи е во

Вилнус, Литванија, на 11 јули.

Поради актуелната закана од Русија, еден дипломат на НАТО, кој не сака да биде именуван, смета на жена од балтичките земји. Предвид доаѓаат актуелната премиерка на Естонија, Каја Калас или премиерката на Литванија, Ингрида Симонита.

Жена од една од државите на источното крило сигурно би ја добила поддршката и од Полска, чие воено значење во НАТО расте. Се споменува и Зузана Чапутова, претседателката на Словачка, земја која има директна граница со нападната Украина.

Нејзината номинација може да се толкува како чин на солидарност. Но, југоисточното крило на НАТО исто така има кандидат: Клаус Јоханис, претседател на Романија, земја од стратешко значење за НАТО поради нејзината позиција на Црното Море.

На југот, Италија, наводно, го препорачала Марио Драги, поранешниот премиер – само за да го нагласи правото на јужните жители на оваа функција.

Се вели дека и Велика Британија има амбиции, бидејќи сака повторно да стане повидлива на меѓународно ниво по Брегзит. Кандидатот би можел да биде поранешната премиерка

Тереза Меј – што е тешко да се замисли за многу политичари од ЕУ кои со години се бореа со неа за договорот за Брегзит.

Одредени шанси има и канадската министерка за финансии Кристиа Фриланд. Таа е внука на украински имигранти. Во Канада, нејзиното потекло беше предмет на жестока дебата, бидејќи руските пропагандни медиуми ги истакнаа наводните врски на нејзиниот дедо со нацистите за време на Втората светска војна. На крајот, руските дипломати беа протерани од Канада, бидејќи сакаа да го нарушат угледот на Кристиа Фриланд.

Нејзиниот главен проблем е што не е Европејка. Под знак прашалник е дали европските земји од НАТО би се откажале од функцијата на која традиционално имаат право. Сепак, како што пишува „Вашингтон пост“, Канаѓанката наводно има поддршка од САД.

Столтенберг уште една година?

Во ходниците на седиштето на НАТО во Брисел може да се слушне и гласина дека Јенс Столтенберг би можел да остане, бидејќи во моменталната воена ситуација таму не сакаат да се занимаваат со кадровски прашања.

Можно е Столтенберг да го продолжи договорот до април 2024. Тогаш НАТО ќе наполни 75 години, што ќе се прослави на самитот во Вашингтон. Ова го поткрепува и фактот што позицијата што првично ја посакуваше Столтенберг – да биде шеф на централната банка на Норвешка – во моментов е и онака зафатена.

Патот на Република Северна Македонија до НАТО (Хронологија)

– Соработката со НАТО започна во декември 1993 година, кога Собранието на Република Македонија ја усвои Резолуцијата за пристапување на РМ во НАТО (Северноатланската договорна организација).

– Во ноември 1995, Р. Македонија стана членка на Партнерството за мир (ПзМ), а во јуни 1996 е отворена Канцеларијата за врски на РМ при НАТО.

– Во април 1997 – Р. Македонија е примена во ПАРП процесот, а истата година во ноември 1997 е отворена Мисијата на РМ при НАТО во Брисел, Кралство Белгија.

– Во април 1999 – на Самитот на НАТО во Вашингтон, Р. Македонија официјално стана земја кандидат за членство во Алијансата. Оттогаш, земајќи ги предвид консензусот на сите политички чинители во земјата и високата поддршка на јавноста за членството во НАТО,  Р. Македонија работи на градење на односи со Алијансата, користејќи ги сите алатки и модалитети кои и стојат на располагање.

– Во август 2002  – Р. Македонија за прв пат испрати двајца мировници во Мисијата ИСАФ во Авганистан, а во мај 2003 -Македонија, Албанија и Хрватска, заедно со Соединетите Американски Држави ја потпишаа Повелбата за партнерство (Јадранската повелба).

– Во април 2008 – На Самитот на НАТО во Букурешт е потврден напредокот на РМ и исполнувањето на критериумите за членство, но покана за членство не е упатена. Во заклучоците од Самитот е нотирано дека покана за членство на РМ ќе и се упати по изнаоѓање на взаемно прифатливо решение за спорот со името со Р. Грција.

– На Самитите на НАТО од 2009(Стразбур и Кел), 2010(Лисабон), 2012(Чикаго), 2014(Велс) и 2016(Варшава), континуирано се поздравуваат придонесот на РМ кон меѓународните операции предводени од НАТО и поддршката кон остварувањето на целите на Алијансата и се реафирмира ставот дека покана за членство на земјата ќе и се упати по изнаоѓање на взаемно прифатливо решение за спорот со името со Р. Грција.

– На седница одржана на 25 декември 2017г, Собранието на РМ донесе Декларација за забрзување на реформските и интегративните процеси за зачленување на Република Македонија во ЕУ и НАТО (Сл. весник 192 од 26.12.2017).

– Согласно препораките на НАТО, Владата презема конкретни чекори за зголемување на Буџетот за одбраната и тоа започнувајки со зголемување на Буџетот на одбраната за 2018 година, Буџетот континуирано да се зголемува годишно за 0,2 проценти со цел достигнување на целта за издвојување на 2% од бруто-домашниот производ за одбраната.

– На 11 -12 јули 2018 г., на Самитот на НАТО во Брисел на Република Македонија официјално и е упатената покана за започнување на пристапните преговори за членство во НАТО.

– На 19 јули 2018 година Собранието на РМ на својата 57 седница ја донесе Декларацијата за поддршка на пристапниот процес за членство на Република Македонија во НАТО.

– На 25 јули 2018 година, делегацијата на НАТО предводена од Џејмс Мекеј, Директор на Евро-атлантско и глобално партнерство во одделот за политички и безбедносни прашања во штабот на НАТО, ја посети РМ со што се означи почетокот на пристапните разговори.  За шеф на тимот на НАТО за пристапните разговори со РМ е назначен Помошникот ГенСек на НАТО за политички работи и безбедносна политика (ASG PASP), амбасадорот Алехандро Алваргонзалес.

– На 1 август 2018 до РМ беше доставен НАТО Планот за спроведување на процесот за пристапување.

– На  5 септември 2018, на 86-та редовна седница ВРМ го формираше Комитетот за интеграција на Република Македонија во НАТО. Со Комитетот претседава ПВРМ Зоран Заев, а негови заменици се: ЗПВРМ и МО Радмила Шекеринска, ЗПВРМ за европски прашања, Бујар Османи, и МНР Никола Димитров. Воедно, формиран е Работен комитет за интеграција на РМ во НАТО со кој претседава Национален координатор за подготовка на РМ за членство во НАТО Стево Пендаровски  како и Секретаријат. [1]

– Драфтирана е Програма за продолжување на реформите која опфаќа реформи во областите владеење на правото, човекови права, борба против корупција и организиран криминал, активности за реформа на Армијата и активности за спроведување на правните и финансиски обврски од членството во НАТО.

– На 5-6 септември 2018, Генералниот Секретар на НАТО Јенс Столтенберг, оствари официјална посета на Република Македонија, прва по добивањето покана за членство. Во текот на посетата Генералниот секретар Столтенберг ги поздрави напорите на Владата и испрати порака дека полноправното членство зависи од исходот на референдумот и имплементацијата на Преспанскиот договор.

– На 18-19 октомври 2018, на состанок во Брисел формално беа завршени завршени пристапните разговори помеѓу РМ и НАТО.

– На 6 декември 2018, на состанок на замениците постојани престтавници на земјите членки на НАТО беше презентирана Програмата за продолжување на реформите (ППР). Со презентациајта на ППР заврши втората фаза од Процесот на пристапување.

– На 21 јануари 2019 г. МНР,  Никола Димитров упати писмо до Ген.сек. на НАТО, Јенс Столтенберг во кое ја изрази подготвеноста на земјата да ги прифати и почитува обврските и заложбите за членство на земјата во НАТО, формално изразувајќи интерес за добивање покана за пристапување кон НАТО. Со писмото во НАТО била официјално доставена и Програмата за продолжување на реформите.

– На 6 февруари 2019 г. постојаните претставници на 29-те земји членки на НАТО во седиштето на НАТО го потпишаа пристапниот протокол за членство на Република Северна Македонија во НАТО.  Со потпишувањето на Пристапниот Протокол, започнува следната фаза од пристапниот процес, во која следи ратификација на Протоколот од страна на националните парламенти и институции на земјите членки на Алијансата.

– На 13 и 14 февруари 2019 г. Заменик премиерот на Владата на Република Северна Македонија и министерка за одбрана Радмила Шекеринска учествуваше на НАТО состанок во формат министри за одбрана во Брисел, К. Белгија во рамки на кој за прв пат висок претставник од земјата учествуваше на министерска сесија која е отворена само за земји членки на НАТО.

– На 4 декември 2019 година во Лондон, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев ја предводеше делегацијата на нашата земја која за прв пат учествуваше на Лидерски самит на Алијансата.

– на 11 февруари 2020 година, Собранието на Република Северна Македонија го ратификуваше Протоколот за членство во НАТО. Без гласови против и воздржани, 114 пратеници гласаа “за” членството на нашата држава во Северноатлантската алијанса.

– на 12 февруари 2020 година, Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, го потпиша Указот за прогласување на Законот за ратификација на Северноатлантскиот договор.

– на 17 март 2020 година, во специфични услови за европскиот континент и светот, шпанскиот Сенат, за прв пат преку видео – конференциска врска, и сите гласови „за“ го ратификуваше Протоколот за членство на Република Северна Македонија во Алијансата, со што заврши процесот на ратификација на овој протокол кај сите земји – членки на Алијансата. Истиот по само два дена беше депониран од страна на Шпанија во депото во Вашингтон, САД.

– 20 март 2020 година, Претседателот Пендаровски го потпиша Инструментот за пристапување на Република Северна Македонија во Северноатлантската Алијанса.

– 27 март 2020 година, Република Северна Македонија стана полноправна членка на најголемата воено политичка алијанса во светот – НАТО.

– 30 март 2020 се крена знамето на Република Северна Македонија пред седиштето на НАТО во Брисел, во Командата на сојузничките сили за операции во Shape – Монс и Команда на сојузничките сили за трансформации во Норфолк, Вирџинија.

Подготви: Соња Танеска

Tags: алијансаНАТООсманиПетровска
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ