• Latest

Сеад Хаџиќ – Сецко: Подобро да си гладен, ама слободен!

April 27, 2018

Разурнувачкото „наследство“ на РФ

June 30, 2026
Илустрација ВИ

Изборниот законик во заложништво на партиските пресметки – изборните реформи заглавени меѓу блокади и обвинувања

June 30, 2026

Мицкоски има потреба од внимание и нежност, поддршка

June 30, 2026

Владина реконструкција: Пазарење со фотелји и партиски рокади на сметка на реформите

June 30, 2026

Децентрализација без демократизација – изгубениот глас на граѓанинот

June 30, 2026
Запорижја, Украина, 29 јуни 2026 (фото: ДСНС)

Русија со нов масовен напад врз Украина: загинати цивили во Днипро и Запорижја, Кијив бара засилена заштита на украинското небо

June 29, 2026

Мицкоски бара внимание

June 29, 2026
(архивска снимка) Максим Димитриевски на конференција на ЦИВИЛ

Политички дуел меѓу СДСМ и ЗНАМ: Кој е сателит на власта, а кој е во „политички стечај“?

June 29, 2026

ЛЕТНО ЧИТАЊЕ ЗА НЕМИРНИ УМОВИ: Ниски летни цени за изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press само во книжарницата „Или-Или“

June 29, 2026

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ го обвинува лидерот на СДСМ за молк по објавувањето на дипломатска нота од Бугарија

June 29, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Сеад Хаџиќ – Сецко: Подобро да си гладен, ама слободен!

April 27, 2018 12:08
in КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Македонскиот алтернативен бенд Мугер Фугер, на 23 мај, ќе го промовираат својот нов, а воедно и десетти албум насловен „Татко“, на платото на Младинскиот Културен Центар, со почеток од 21 часот. 

Новиот албум ќе има 10 песни, снимен и миксан во студиото „Тра Ла Ла“, а продуцент е Мите Димовски.

Мугер Фугер се познати кај македонската публика, особено со својот специфичен начи на творење музика, и со различни вокали. На албумот се најдоа веќе добро познатите имиња на Сеат Хаџиќ – Сецко (гитар, мандочело), Огнен Мангаровски (синтисајзер, пијано, бас гитара, гитара), Сашо Митревски (гитара), Никола Кузмановски (бас гитара), Огнен Златанов (гитара), Џано Куч (тапани и перкусии), и Горан Трајкоски, Ристе Солунчев, Сашко Костов, Елена Христова, Снежана Стојчевска, Ристе Гоцев, Идриз Ахмети, Јон Ајдини и Џабир Дерала (вокали).

За музичката сцена, македонската култура и слобода, како и новиот албум екипата на ЦИВИЛ Медиа разговараше со Сеад Хаџиќ – Сецко, кој вели дека слобода секој сам си наоѓа, и колку еден поединец се чувствува слободен, толку и во делото што го твори ќе се изразува на тој начин.

„Мислам дека и во најекстремните услови, каде се вршат тоталитарни режими, луѓе што се чувствувале слободи биле храбри и се искажале како што треба. Мислам дека немаме никаков проблем со тоа“, вели Сецко.

Во однос на просторот кој треба да им се ослободи на музичарите да свират, Сецко вели дека кај нас тоа секогаш било проблем, дека во суштина кај нас секој простор е заземен од луѓе што повеќе размислуваат за тоа како финансиски ќе им се исплати, наместо дали од тоа нешто ќе остане во иднина.

„Затоа не ни постои сцена кај нас, затоа што тие простори кај што може да се свири обично ги заземаат бендови кои што свират музика што не е нивна, и газдите гледаат повеќе интерес во тоа, отколку да инвестираат во некој што створил нешто во своето време“, додава тој.

На прашањето дали музичката сцена кај нас е независна, и колку воопшто може да биде тоа така, Сецко одговара дека сцената во овој момент е независна, токму поради условите кои музичката сцена ги нема. Според него, во таа сцена не се влезени парите и бизнисот, а доколку се случи тоа, тогаш сцената нема да биде незавина и ќе стане зависна.

„Значи сè ќе зависи од големите газди. Така да, рокенролот и бендовите секогаш звучеле најдобро кога не потпишувале со некои големи компании, и биле поискрени“, додава Сецко.

Тој не се согласува со тоа музиката да добива некакви субвенции од државата. „За мене е подобро да си гладен, ама слободен“.

Секој уметник има некаква улога во општеството, твори и создава дела кои на свој начи ќе влијаат на животот на многу луѓе, а и самата уметност служи како начин за искажување на различни чувства, дали е тоа незадоволство или баш спротивното.

„Мојата улога е да го пишувам времето во кое што живеам. На најискрен начин како што сум го доживеал, и можам, не само да сведочам за своето време туку можам на наредни генерации да им служам како пример како тоа треба да се прави“, вели Сецко.

За процесот на правање на музиката, и поделбата на песните според вокалите, Сецко вели „Обично во текот на годината си свирам сам по дома, па потоа почнувам да ја собирам екипата, таа што е музичка, и ја склопувам како инструментална. Потоа секоја песна ја делам зависно, на пример, Готра сега доби една песна што е повеќе диско или фанк, значи се разликува од сè друго што досега го пеел, а другата му е дарк-поп или онаква готик песна. Така што некаде си играм со тоа, им давам на луѓето песни што не се стандардни за нив. И Ицко ќе има многу чудна песна, така што најверојатно сега нема да рапува, туку повеќе ќе го има оној пост-панкерски момент“, додава Сецко.

Од новиот дессети албум, насловен „Татко“, тој очекува дека ќе биде одличен.

„Јас сум искрено пресреќен за тоа што сум дел од него и ова е најзрелиот албум на кој што имам работено воопшто во својата кариера“, истакна тој.

На крајот Сецко го прашавме што најмногу и недостига на македонската култура, тој одговори кратко и јасно, на свој начин „Искреност. На македонската култура најмногу и недостига искреност“.

Ангела Петровска

Tags: албуминтервјуКУЛТУРАМКЦМугер фугермузикапромоцијаСецко Сеат Хаџиќтатко
Share92TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ