• Latest

Иванов е со ограничена деловна способност, Груевски е криминалец

April 14, 2016

Иран не се согласил на инспекции, ниту се откажал од збогатувањето ураниум, вели Трамп

July 5, 2025
Мурал Ратко Младиќ во Белград, Фотографија/ скриншот од видео на Ал Џазира

Србија и Сребреница: Од гласна тишина до бучна релативизација

July 5, 2025
„Жолто копче“ дигитално здравство
Фотографија/ Министерство за здравство

МЗ: Северна Македонија меѓу првите држави со европски стандард во дигиталното здравство – „Жолто копче“

July 5, 2025

Дојава за бомба во косовскиот парламент, евакуирани пратениците

July 5, 2025
Ванг Ји, министер за надворешни работи на Кина во Брисел
Фото/ скриншот од видео на ЦНА

Кина е подготвена да ги координира мировните напори за Украина со Франција, изјави кинескиот министер за надворешни работи

July 5, 2025
Фото: Твитер

Украинските воздушни одбранбени сили неутрализираа 292 од 322 руски дронови преку ноќ

July 5, 2025

Мицкоски и рускиот ДУМА пратеник, тоа се тие афирматори на „данок на бездетност“

July 5, 2025

Прекината мерката притвор за Додик, според судот на БиХ веќе не претставува опасност по уставниот поредок

July 5, 2025
23 dead and more tha 25 children missing in Texas flood
Photo> screenshot Sky Tv

Поплави во Тексас: 24 мртви и до 25 деца исчезнати откако летен камп беше однесен од поплавите

July 5, 2025

One Stop систем за побрз проток и помалку чекање на граѓаните на ГП Табановце-Прешево

July 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Иванов е со ограничена деловна способност, Груевски е криминалец

April 14, 2016 13:45
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

Првиот (самораспуштен) парламентарец Трајко Вељаноски го поддржа  своевидниот државен удар кој го изведе власта преку својата марионета Ѓорге Иванов. Тој вели дека нема уставна и законска можност да закаже седница на парламентот за да ги презакаже изборите, а ниту да свика седница по поднесувањето на иницијативата за утврдување на одговорност за лицето кое ја окупира функцијата претседател.

Shkruan: Xhabir Derala
Пишува: Џабир Дерала

Овде, на самиот почеток, поднесувам иницијатива за утврдување на деловната способност на Ѓорге Иванов. Тој не делува како присебен човек веќе подолго време, но особено откако проговори. За ова не е потребна седница на Собранието, туку само лекарски преглед кој Иванов мора да го помине.

Вељаноски немаше уставно право да закаже противуставни и противзаконски избори. Па ги закажа. Уставниот суд носи противуставни одлуки, судиите делуваат противзаконски и ги уриваат принципите на владеење на правото, владата и партиите на власт се потонати во криминал, а сите тие зборуваат за Устав и закони.

Апсат и тепаат демонстранти кои во налет на револт искршиле неколку прозорци и запалиле неколку столчиња, осудуваат гладни што украле ќебапчиња или продавале коприви, а ваму еден недоветен узурпатор носи апсурдни акти за аболиција на своите газди, со што и себе си се иззема од одговорност. И вели дека пак ќе ги аболира.

Иванов со години молчи. Сите некако ја прифатија оваа фигуринка која молчи и со која сите си поигруваат – и неговите стопани и неговите опоненти. Хорхе, мутавко, глупчо, лоботомизиран и што уште не слушнавме и прочитавме за него во годините на неговиот молк во улогата на Претседател на државата, институција која ја посрамоти до нејзино разобличување и безвредност. За во последно време сите и да го заборават. Од време на време, само називот Хорхе ги заменуваше сите овие гледишта на јавноста за него.

Но, Иванов покажа дека располага со одредена (сепак, ниска) способност за говор. Во своите разулавени настапи во јавноста тој успеа да ги прегази сите демократски принципи и да ги навреди меѓународните пријатели на Македонија. Покажа, со својот однос кон државата и граѓаните, дека му е единствено важно да ги исполни задачите кои му ги дава неговиот стопан Никола Груевски, осомничен криминалец, апаш и изборен арамија.

grujo-horhe - CopyСпасот на Иванов е само во тоа да се утврди дека неговата деловна способност е намалена и дека не знаел што прави кога ги нападна и навреди државите кои со децении ја помагаат нашата земја.

„Не може амбасадорите да глумат шерифи во Македонија“ – тресна Иванов. Од каде мисли тој дека го црпи легитимитетот и кредибилитетот?! Дали беше свесен за значењето на своите зборови?! Дали може некој да се однесува така и да опстане на политичкото небо во една цивилизирана земја?! Или сака да ја урне секоја можна цивилизациска норма и достигнување, за да го овозможи дивеењето на тајфата која и него го донесе на власт?!

Ако се утврди дека Иванов, сепак, поседува деловна способност, тогаш мора да одговара за соучесништво во тежок криминал, злоупотреби и изборни кражби, но и политичка одговорност за континуирано уривање на имиџот на нашата земја и разнишување на добрите односи со нашите меѓународни пријатели.

Срамен е падот на Иванов. Тој, професор и автор, кој дел од моите колеги го помнат како спиритус мовенс на издавачки и други проекти важни за ова општество во деведесеттите, па и порано, основач на Школата за млади лидери од која сега се откажуваат револтираните алумни, па и член на Советодавното тело на ЦИВИЛ, чиј претставник е авторот на овие редови – тој човек си дозволи да спадне на мизерното ниво на соучесник на арамии, единичари и насилници. И да го позајми или да дозволи еден криминалец кој изгубил контакт со реалноста да му го натури својот вокабулар. Тој човек сега изгледа како да му фали нешто.

Груевски е криминалец. И сите што се под негова контрола и мислат дека мораат да бидат обични ламарини и вреќи со слама, затоа што, божем, тој им дал работа или некоја трошна плата, треба да знаат дека се слободни човечки битија на чија страна се Уставот и законите. Тие треба да му кажат НЕ на узурпаторот Груевски, НЕ на неговиот криминал и насилништво. Треба да знаат дека нивното НЕ ќе биде ДА за демократијата и слободата. Не смеат да бидат „клоцата“ на Груевски, бидејќи таа иста клоца ќе си ја удрат токму себе си и на своите сограѓанки и сограѓани. Автобусите со кои ги превезуваат се платени со нивни, наши пари и со парите на нашите деца. Нека ги искористат за превоз за да се придружат на револтот против криминалот и корупцијата.

За крај, ги замолувам и демонстрантите и полицајците да се воздржат од употреба на сила едни кон други. Како што кажав и на 17 мај – под тие шлемови има мозок, зад тие штитови чука срце. Полицајците се наши сограѓани кои ние ги плаќаме да го бранат Уставот и законот, да се грижат за нашата безбедност. Неколку искршени прозорци и запалени згради кои се претворени во арамиски дувла е ниска цена за демократијата, слободата и владеењето на правото.

И да! Барам итно ослободување за уапсените во немирите!

Print Friendly, PDF & Email
Tags: диктатураЃорѓе ИвановизбориколумнакризаМакедонијанасилствоНикола ГруевскиполицијаправдаТрајко ВељановскиЏабир Дерала
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Костадинов до Латас: Кога ќе ја чепнеш честа на мојот мртов татко, правдата не се моли. Се зема.

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • 24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Едногодишен помен

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ