• Latest
Добро утро со Орданоски

Нашите битанги од Финска

September 12, 2017
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Буџетот не е чекмеџе од кое само се вади, мора и да се става во него

October 8, 2026
Средба Муцунски и Петрова-Чамова, мај 2026 (фото: МНР)

Муцунски и Петрова-Чамова во Софија: Што (не) може да се очекува?

October 8, 2026
Фото: ЦИВИЛ Медиа

На зборови сите се „за“ повисок минималец – но никој не го зголемува

October 8, 2026
Апсење американска државјанка

Потресни податоци и стории: Над 500 американски државјани задржани во имиграциската офанзива на Трамп

October 7, 2026
Марта Кос

ЕУ не сака „нов Орбан“: Новите членки би биле под 15-годишен демократски надзор

October 7, 2026

Врсничко насилство: Проблемот е распространет, а системот доцни или не дејствува

October 7, 2026
Прилуки, Украина, 7 октомври 2026

Ракети врз домови додека луѓето спијат: Најмалку 11 загинати во новиот руски напад врз Украина

October 7, 2026
Илустрација ВИ

Anthropic меѓу Пентагон и технолошките гиганти: Безбедноста, цената и контролата стануваат поважни од најмоќниот модел на вештачка интелигенција

October 7, 2026
Фото: ВИ

Од европски совет до „дијалог на коњопој“

October 7, 2026
Пребарување на морето – во барањето на преживеани ама и на евентуално непријателски бродови учествува бугарската и романската морнарица и воздухопловство ( Credit: US DEPARTMENT OF WAR / Cpl. Hernan Vidana)

Туристичката сезона ги сокри драмите со потопените бродови во Црното Море, сега за нив се говори поотворено

October 6, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Нашите битанги од Финска

September 12, 2017 08:30
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СЛОБОДНА ЗОНА
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: Сашо Орданоски

[dropcap]Н[/dropcap]а сите им е јасно дека тековните интерпелации на ВМРО-ДПМНЕ за министрите од новата Влада се бесмислени, и по наводните поводи и за наводните причини во обвинувањата со кои го товарат половина од тимот на Заев. Особено кога, каков малер за опозицијата, прв кого го интерпелираат е министерот за надворешни Димитров кој, реално, за 100 дена направи повеќе корист за Македонија од импозантноста на комбинираната штета што Никола Поповски и Антонијо Милошоски, беспоговорно застапувајќи ги интересите на Фамилијата, ѝ ја нанесоа на земјата во изминатите десетина години!

Приватно, вмровците ѝ завидуваат на Владата за постигнатиот договор со Бугарија и признаваат дека во него нема што суштински да се забележи, особено што немаат поим што е договорот меѓу Груевски и Борисов „во четири очи“. Јас разбирам дека Милошоски и Поповски се во тежок нок-даун заради рапидното подобрување на македонската меѓународна позиција од доаѓањето на Заев на власт – па, дури, иако ни годи, човек може малку и да се загрижи од некои странски претерани комплименти и опасноста премиерот од тоа да се импресионира или подзанесе – но, не е во ред нивните фрустрации да ги проектираат врз целата нација. На пример, замислете, Милошоски се насекирал поради „нарушување на угледот на Македонија“ од страна на новата Влада, а за некој ден, Заев во Њујорк, на годишното заседание на Генералното собрание на ОН ќе ги сретне од Гутереш, преку Туск и Могерини, до Трамп и уште десетина „поситни“ државници низ бројните билатералки – таков ли третман добива премиер „со нарушен углед“ на државата од која доаѓа?!

Во последните неколку години, странските државници бегаа од Груевски како да е со месеци небањат. Неговите функционери (како Милошоски и Поповски) дури и кога дипломатски ќе искамчеа (или пропагандно ќе платеа, со наши пари) некаква средба со некој важен странски државник, мораа половина од времето да го поминат во дистанцирање од и озборување на нивниот лидер, за да бидат колку-толку сериозно сфатени од соговорниците. И видовме како завршија и тие и „небањатиот“. Ако му направам на Милошоски еден избор од 20 текста објавени во најугледните светски медиуми во последните шест месеци од нивното владеење, човек да се праша дали повеќето од екипата на Груевски не се пред објавување меѓународни потерници за разни морално-политички и фактички криминали, кога веќе на таквите домашни потерници сѐ уште чекаме?

Така и оној Илија Димовски, некни, кај Оливерка на Телма, плиток, но опуштен, се однесува како да е небаре пратеник од Данска или од Финска, па држи некакви морални придики „од високо“, а и самиот знае дека обновувањето на зградите во Идризово би требало итно да му влезе во фокусот на неговиот нов животен интерес!

Мијалков, барем, имаше некаква доблест јавно да се повлече од политиката, за правно што подобро да си ја подготви средбата со правдата, макар и за тие релативни дребулии за кои до сега е осомничен. И си го држи јазикот цврсто зад забите, зашто знае дека ништо паметно повеќе не може да каже.


Преземање на оваа содржина е дозволена само по 11 часот, на денот на објавувањето. Потоа, важат вообичаените правила според лиценцата Creative Commons 1.0.
Tags: Антонио МилошоскивлададипломатијаЗоран ЗаевкриминалНикола ГруевскиНикола ДимитровНикола ПопоскиСашо Мијалков
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ