• Latest

Поважните настани во 2020

January 16, 2021
Фото: ANF Nеws

ПКК се самораспушти и го запира вооружениот конфликт против турските власти

May 12, 2025

Повеќе од публикација: Одбрана на демократијата и човековите права – повик за акција во борбата против националзимот, десничарскиот екстремизам и авторитаризам

May 12, 2025
Фото: Скриншот од ФБ на Драгана Костиќ

„Ако нѐ нема нас – кој ќе ве штити вас?“, протест на Независниот синдикат на полицијата за зголемување на платата

May 12, 2025
Фотомонтжа: Д. Мишев / ЦивилМедиа. Скриншот од видео на NEWS 18

 Американските експерти за владина етика згрозени од плановите на Трамп да прифати авион од 400 милиони долари како подарок од Катар

May 12, 2025

Одбрана на демократијата: Отфрлање на лажната рамнотежа и зајакнување на демократската отпорност

May 12, 2025
Фото: Фејсбук на Весна Јаневска

Јаневска: Средношколците во Штип, Битола и Скопје ќе полагаат државна матура во амфитетарите на универзитетите

May 12, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: Социјалистите водат на изборите во Албанија: СПАК покрена 39 истраги за изборен криминал; Косовските партии се обратија до Уставен суд поради (не) конституирањето на собранието

May 12, 2025
Фото: МИА

ЕУ ја предупредува Русија – без прекин на огнот, нема мировни преговори

May 12, 2025

Убиства пред полициска станица, во кафич, дома пред детето наспроти благодарницата на Тошковски

May 12, 2025
ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за работата на банките?

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за работата на банките?

May 12, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Поважните настани во 2020

Хронологија на најважните политички и општествени настани во Република Северна Македонија во 2020 година

January 16, 2021 13:09
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Хронологија на најважните  политички и општествени  настани во Република Северна Македонија во 2020 година.

ЈАНУАРИ

2 јануари

Предложен нов закон за дипломатска служба – се предлага бројот на шефовите на дипломатско конзуларните претставништва од кариерните дипломати да биде 80 отсто, а посебно внимание е посветено на структурата и раководењето со организационите единици во Министерството

Новиот Закон за правосудниот испит стапи во сила – се укинува електронското полагање на испитот, се воведува писмено и усно полагање пред стручна комисија

СДСМ го прифати предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за технички министер на МВР

Лимитот за плаќање во готовина зголемен од 500 на 3000 евра, со измените на Законот за спречување перење пари и финансирање тероризам

8 јануари

Дијаспората условена – или поголем број на пријавени гласачи или воопшто нема да гласа Овие избори, во дијаспората ќе се гласа само доколку се исполни критериумот од 6 700 пријавени гласачи

Протоколот за НАТО ќе се ратификува до 12-ти февруари, нема потреба од предвремена ратификација, изјави Талат Џафери, претседател на Собранието

СДСМ: Близу 6,9 милиони евра кај граѓаните само за 6 месеци преку мерката Мој ДДВ

9 јануари

Одобрен обвинителниот акт за настаните во Собранието од 27 април – Обвинението се однесува за организирање на настаните во Собранието на 27 април 2017 година, а осомничени се поранешни министри Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, поранешниот претседател на Собранието, Трајко Велјановски и екс-директорот на УБК, Владимир Атанасовски

Македонскиот пасош на 47 место на листата „Хенли Паспорт Индекс“ на „најмоќни патни исправи“ во светот, според кој со македонски пасош може слободно без виза да се патува во 123 земји ширум светот

Град Скопје ја потпиша Париската декларација за ставање крај на епидемијата на ХИВ

10 јануари

Замeник министерката на МВР не го прифаќа Ристо Ставревски за шеф на СВР Скопје, затоа што бил советник на поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и сведок во случајот на СЈО „Тенк“

Движењето БЕСА, Алијанса за Албанците и Алтернатива преговараат за тројна коалиција за предвремените парламентарни избори

Основното јавно обвинителство Скопје заклучило дека дека не постојат докази дека е сторено кривично дело незаконско согорување медицински отпад на депонијата „ДРИСЛА-СКОПЈЕ“ ДОО Батинци

13 јануари

Судењето за „ТНТ“ се враќа од почеток – поротничката Лилјана Ивановска Кочковска си поднела оставка. Судењето ќе почне од почеток

Техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев денеска поднесе барање за мислење до Државната изборна комисија за неговиот предлог Ристо Ставревски да биде шеф на Секторот за внатрешни работи во Скопје

Вработениот во Централниот регистар на Северна Македонија, Емил Јакимовски доби отказ по закани новинари и активисти

Историски ден за македонската кинематографија . „Медена земја“ е номиниран за Оскар во две категории: најдобар документарец и најдобар странски филм

14 јануари

Tехничкиот премиер Оливер Спасовски повика на нулта толеранција на говорот на омраза по нападите со говорот на омраза кон неколку новинари и градоначалникот Јанчев

ДИК не е надлежна да одлучува по барањето на Чулев

И судењето за „Монструм“ остана без поротници и се враќа на почеток, поради поднесена оставка на еден судија – поротник и истек на мандат на друг судија – поротник

Емил Јакимовски од Централен регистар во полициска станица по пријавите за закани од двете новинарки

15 јануари

300 кривични пријави против кадри на ВМРО-ДПМНЕ  се поднесени во последните две ипол години, соопшти СДСМ, а само 129 се процесирани пред надлежните судови

Хронологија на случајот Рекет – Во обид да ѝ ги приближиме на јавноста фактите, лишени од шумот на лажните вести и пропагандата, ЦИВИЛ Медиа  објави хронологија на настаните поврзани со случајот „Рекет“ 

 

16 јануари

Собранието стана независно – Со 82 гласа „за“, пратениците ги изгласаа измените на Законот за Собрание, со кои добива независен буџет, самостојно обезбедување и поголема независност во вработувањето на администрцијта

17 јануари

ДКСК ја усвои и ја достави Националната антикорупциска стратегија до Собранието. Според претседателката на ДКСК Билјана Ивановска најризични области се вработувањата, јавните набавки, контролните и надзорните процедури

„Најсилни ризични фактори се политичкото влијание, отсуството на личен и институционален интегритет, недоволната транпарентснот, неказнивоста, недоследностите и недореченостите во законската регулатива“, изјави Ивановска

Димов: Извршителите мора да го почитуваат законот

Од една третина до една петтина од плата и пензија се ограничувањата за извршување за лицата приматели на просечна плата и пензија, предвидуваат измените од Закон за извршување кои вчера беа усвоени

20 јануари

Прес-конференција на Зоран Заев, партиите не можат да се договорат за законот за Јавното обвинителство. „Мицкоски не знае што сака, тој ни се води ни се гони. Сепак јас ќе побарам лидерска средба да седнеме да се договориме за законот за ЈО“, додаде Заев

Мицкоски ќе ја „обновува“ Македонија и ќе го поништува Преспанскиот договор, ако добие 2/3 мнозинство.

„Според информациите со кои располагаме опасен отпад во земјава и во „Дрисла“ не е внесен“, вели градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов и ги повикува и надлежните инстиутции и граѓанските организации да разменат доколку имаат информации за евентуални нерегуларности

Поликлиниките во Скопје ќе добијат 13 возила, кои ќе служат да се подобри службата за домашна посета и патронажа

21 јануари

Кривичниот суд во Скопје денеска им изрече ослободителна пресуда на петмина обвинети во повторената постапка за случајот „Шпион“

И денеска власта и опозицијата не успеаја да ги приближат своите ставови околу Законот за Јавно обвинителство. Но, тоа не е се. Власта и опозицијата успеаја да се скараат и за работата на Постојаната анкетна комисија за заштитата на слободните и правата на граѓанинот на која треба да биде разгледат заклучокот за Охрид како заштитено подрачје под УНЕСКО

22 јануари

Уставниот суд не поведе постапка за „27 април“

Владата ги поништи разрешувањата и именувањата на Мизрахи на в.д. директори во центри за социјална работа во Штип, Битола, Пробиштип, Валандово, Прилеп и Радовиш, зашто биле спротивни на Законот и со притисок врз вработените во архива

ДКСК бара зајакнати критериуми за доделување на државна помош за печатените медиуми, а медиумите да не добиваат буџетски пари за изборни кампањи. Годинава, Владата ќе им додели на печатените медиуми субвенции од 50 милиони денари, или 813.000 евра

„Во моментот на примо-предавањето на функцијата во кабинетот на поранешниот претседател на Врховниот суд, Јово Вангеловски беа затечени триесетина стари предмети кои беа со донесени одлуки, делумно потпишани од судиите, а делумно не“, соопшти В.д. претседателот на Врховниот суд Фаик Арслани

Владата  на Шпанија побара од Парламентот итно да го ратификува македонскиот протокол за пристапување во НАТО. Шпанија е последна од 29-те членки на НАТО што тоа го нема направено

23 јануари

Собранието на 11 февруари ќе го ратификува протоколот за НАТО, на 12-ти ќе се распушти

Со депонијата Дрисла повторно ќе управува Градот Скопје

Индекс на демократија: 10 години стагнација и пад, 2 години бавен напредок

24 јануари

И со присуство на меѓународната заедница, неуспешна работна средба за Законот за Јавно обвинителство

Општина Битола поднесе кривична пријава за поранешниот градоначалник Владимир Талески за легализација на Планинарскиот дом „Копанки“ која според локалната власт е незаконита, а обвинение за семејно насилство и закани доби Емил Јакимовски, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ

Пад од 13 места за земјава во однос на степенот на корупција

Опозицијата ја оспори номинацијата на министерката Рената Дескоска за член на Венецијанската комисија

Агенцијата за национална безбедност ги доставила до Јавното обвинителство сите информации побарани во врска со случајот со пронајдените доверливи документи кај пратеничката Фросина Ременски, потврди директорот на Агенцијата, Виктор Димовски

27 јануари

Јанева со погрдни зборови кон својата поранешна колешка Стефанова

„Гомнарке и ороспијо една“, беа зборовите со кои поранешната специјална обвинителка Катица Јанева ѝ се обратила на својата поранешна колешка од СЈО, обвинителката Лиле Стефанова, по што била веднаш отстранета од судењето за „Рекет“, објавија повеќе медиуми

28 јануари

Започна расправата за Законот за Јавно обвинителство

Камбовски: Без владеење на правото нема перспективи за Република Северна Македонија

Здрав банкарски систем и соодветна монетарна политика е заклучокот од Извештајот за Република Северна Македонија за 2019 година кој денеска го објави Меѓународниот монетарен фонд

Позитивен извештај и од Парламентарното собрание на советот на Европа, каде Македонија се издвојува од другите земји од поранешна Југославија поради намалениот притисок и гонење на новинарите

Авторите на „Медена земја“ на Оскаровски ручек во Лос Анџелес

29 Јануари

Заврши јавната расправа за Законот за ЈО, прашањата остануваат отворени  

Дехран Муратов: По обраќањето на претседателот на ЦИВИЛ Центар за слобода, Џабир Дерала во Собранието на Северна Македонија, за Законот за Јавно обвинителство, многу присутни во собраниската сала се препознаа, па бурно реагираа дека ја „утнал“ темата

Главниот државен ревизор Максим Ацевски денеска најави дека надоместоците кои ги земале јавните обвинители вработени во СЈО и сите нивни соработници ќе бидат предмет на ревизија

Групата „Јавна соба“ на мобилната апликација Телеграм е затворена по барање на МВР, а  главниот акцент е ставен врз тоа да се поведат постапки за злоупотреба на лични податоци и за производство и дистрибуција на детска порнографија

30 јануари

Димитров се сретна со Рот и Хекер, порака за заеднички напори за преговори со ЕУ со паралелен фокус на домашните реформи

Не се плаши, и корона вирусот не сака да се зарази од тебе! – Дехран Муратов: „Среде Скопје да навредиш група на граѓани кои ти заличија на Кинези само затоа што на ТВ, интернет, Фејсбук виде дека некаде во Кина досега стотици се починати, а илјадници заразени од смртоносната болест, и наместо да има жал и сочувство, ти да ги навредиш и опсуеш, навистина треба да си опериран од чувства.“

Најчевска: Упадот во синдикалното организирање негативно ќе влијае во процесите на пристапување кон ЕУ – Независниот академски синдикат (НАкС) соопшти дека презел правни чекори за спречување на, како што наведува, „грубиот и безобразен упад во синдикалното организирање на вработените во високото образование“

Договори со 11 инвеститори за изградба на фотоволтаични електрани со вкупна инсталирана моќ од 35 мегавати на државно земјиште, на локациии во Македонски Брод и Свети Николе, денеска беа потпишани во Владата

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ), Советот за етика во медиумите во Македонија (СЕММ) и Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) ја потпишаа Повелбата на Европската федерација на новинари за услови за работа на новинарите, а ССНМ презентираше и нацрт фер договори за вработување за новинари и медиумски работници во дигиталните медиуми

31 јануари

Герберих: Политичарите да не се однесуваат како државата да не им припаѓа на граѓаните

„Се надевам дека претстојните избори ќе  се одржат во демократска, фер и слободна атмосфера. Политичарите треба да престанат да се однесуваат како државата да не им припаѓа на граѓаните туку на политичките партии кои ги претставуваат. Овој начин на однесување  води до поделба на општеството и ги заплашува граѓаните“, изјави амбасадорот на Сојузна Република Германија, Томас Герберих

Судбината на околу 100.000 објекти станува неизвесна до завршувањето на парламентарните избори. ВМРО-ДПМНЕ не отстапува од 1000 амандмани со кои го блокирал Законот за легализација на објекти изградени после 2011 година до 2019 година

Протест пред Собранието, со кој се бара гласање на закон за забрана на отпад

Здружението Еко Герила ја повика Владата да ја проследи одлуката на експертите да ја прогласат Шар Планина за Националниот парк

ФЕВРУАРИ

3 февруари

Билатерални средби на министерката за права Рената Дескоска со претставници на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и нивните пратенички групи како последен обид за изгласувањето на Законот за Јавно обвинителство во Собранието со двотретинско мнозинство

Во контекст на предвремените парламентарни избори (закажани на 12 април, претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска порача граѓаните секогаш да гласаат по сопствено лично убедување, а не по некое ветување за идно вработување и слично

4 февруари

Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска го утврди предлогот Орхан Адеми да биде нов заменик директор на Државниот завод за ревизија. Арбен Исаку е предложен за нов член на Советот на јавни обвинители.

5 февруари

Европската комисија  ја објави новата методологија за пристапни преговори за членство во ЕУ со фокус на на основните критериуми – владеење на правото и демократски институции.

6 февруари

Полициски службеници се повикани во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. По објавувањето на веста во врска со апсењата на високи полициски службеници во Министерството за внатрешни работи, техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев излезе со демант, дека не е точно тврдењето дека се приведени негови соработници.

Панел дискусија на ЦИВИЛ: „Сајбер нападите – предизборно оружје“ со учество на политичкиот аналитичар Сашо Орданоски, Филип Стојановски, Метаморфозис, Ермин Климента, веб девелопер во ЕЛАМИ и Јане Ѓорѓиоски, активист и блогер.

7 февруари

Евроамбасадорот Самуел Жбогар ја промовираше новата методологија за преговарање на земјите кандидати која обезбедува добар баланс меѓу различните ставови на земјите членки, оние што имаат проблеми со процесот на проширување и оние кои се големи промотори на проширувањето.

Самуел Жбогар. шеф на ЕУ Делегацијата во Скопје

Техничката министерка, предложена од ВМРО-ДПМНЕ, ја променила таблата со името на министерството и уставното име на државата Република Северна Македонија и поставила стара табла со старото име Република Македонија.

10 февруари

Најмалку четири милиони евра, од август 2018 година за финансирање на медиуми од калибарот на словенечката десница SDS и за политичко-разузнавачко-медиумската операција насочена кон уривање на влезот на Северна Македонија во НАТО, дошле во Словенија од сметките и компаниите на членови од тесниот круг на Виктор Орбан, отворени во Лондон, пишува necenzurirano.si.

11 февруари

Собранието на Република Северна Македонија со 114 гласа „за“ го усвои Законот за ратификација на Северноатлантскиот договор.

12 февруари

Членовите на Комисијата за европски прашања ги разгледаа Предлог законот за Јавно обвинителство и  Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за Советот на јавни обвинители, по скратена постапка, и одлучија да ги проследат во натамошна постапка, односно тие да одат на пленарна седница.

13 февруари

Панел дискусија на ЦИВИЛ „Слободни избори наспроти црната пропаганда“ со учество на заменичката министерка за внатрешни работи, Славјанка Петровска, националниот координатор за стратегиски комуникации во Владата, Марјан Забрчанец и универзитетската професорка Јасна Бачовска

14 февруари

На 27 седница на Државната комисија за спречување на корупцијата беше презентиран извештајот од анализата на патните трошоци на пратениците во периодот од 2015 до 2019 година кој покажува дека пратениците во период од 5 години потрошиле 2.895.605 евра и дека 23 пратеници со станови во Скопје наплаќаат патни трошоци

17 февруари

Марш „Чекориме за правда“, на повик на СДСМ и коалицијата, што започна пред Собрание, а заврши пред судот. Премиерот Зоран Заев изјави: Заедно ќе продолжиме напред со одлучни чекори за вистинска и неселективна правда. За европска перспектива, но и одговорност за сите кои го прекршиле законот! За напредок, развој и членство во НАТО и ЕУ

18 февруари

Владата донесе одлука за поништување на решенијата за распоредување на работно место и наредби за извршување работи и задачи донесени од министерот за внатрешни работи Наќе Чулев.

19 февруари

Група граѓани побараа од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, да испита која е улогата на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски во упадот во Собранието на 27 април.

21 февруари

Политичките лидери на Алијансата за Албанците и Алтернатива, Зијадин Села и Африм Гаши и го потпишаа договорот за коалиција на предвремените парламентарни избори закажани за 12 април под слоганот „Една држава за сите”

Зоран Заев најави предизборна коалиција со партии од албанскиот блок

24 февруари

Партијата ВМРО-ДПМНЕ ги злоупотреби логото и жигот на „Слободен печат“ во видео-спот пласиран на социјалните мрежи. По реакциите на Слободен печат, ВМРО-ДПМНЕ го повлече видео-спотот

25  февруари

Државата го подигна нивото на заштита и превенција од корона вирусот Ковид 19, особено по неговото ширење во италијанските региони Ломбардија, Венето и Емилија-Ромања каде што престојуваат околу 23.000 државјани на Северна Македонија.

26 февруари

Министерот за здравство Венко Филипче денес на прес-конференција во Владата потврди дека во Македонија е регистриран првиот случај на новиот корона вирус.

27 февруари

СДСМ и БЕСА го официјализираа предизборниот договор за заедничко учество на изборите

Долниот дом на шпанскиот Парламент изутринава го ратификуваше Протоколот за пристапување на Северна Македонија во НАТО.

28 февруари

ТВ дуел меѓу Зоран Заев и Христијан Мицкоски

 

МАРТ

2 март

Во Извештајот на Европската комисија за исполнувањето на условите за преговори, кој е основата врз која земјите членки на ЕУ треба да одлучат овој месец дали ќе дадат зелено светло за нивно започнување, се оценува дека Северна Македонија остварила значаен напредок во сите области и му препорачува на Советот да донесе позитивна одлука. Извештајот треба да се објави најрано денес, а најдоцна до крајот на оваа недела

3 март

ЦИВИЛ ја организира панел дискусијата „Говорот на омразата: Состојби и решенија“ во четврток, на 5 март, во хотел Сити Парк (кај општина Центар), со почеток во 12:30 часот.

Веќе со недели трае црна кампања со летоци, а деновиве започна и кампања на билборди со слична содржина. Нарачател: ВМРО-ДПМНЕ. Од содржината на летоците што се растураат низ целата земја со недели наназад, не е тешко да се забележи авторството.

И официјално веќе започна предизборна (црна) кампања на ВМРО ДПМНЕ против нивните политички противници. ВМРО ДПМНЕ предвреме ја почна кампањата преку билборди на кои е прикажан лидерот на СДСМ, Зоран Заев, со „Луи Витон“ ташна и со придружен текст „еден се богати – два милиони осиромашуваат“, дополнето со пораката „Едно евро од квадрат ми донеси. На мене – дирекно“.

5 март

ЦИВИЛ денеска на прес конференција ги изнесе досегашните наоди од долгорочниот мониторинг на предвремените парламентарни избори. Се работи за комплесен мониториг, со најнови методологии кои се компатибилни на набљудувањето на домашните и странските мисии.

11 март

ЦИВИЛ ја поздравува иницијативата на Државната комисија за спречување на корупција за парламентарно и уставно судско преиспитување на оправданоста на одредени законски решенија за привилегиите на поранешните претседатели, која денеска е ставена на дневен ред на седницата на Уставниот суд.

Светската здравствена организација прогласи пандемија на корона вирусот.

13 март

Што се сајбер нападите, како тие влијаат врз работата на медиумите, какви комерцијални, медиумски и политички импликации имаат и како тие се користат како предизборно „оружје“ беа дел од прашањата што ЦИВИЛ ги постави на панел дискусијата „Сајбер напади – предизборно оружје“, но и тема на оваа издание на СКЕН – политички видео магазин.

ЦИВИЛ бара од политичките партии да ги почитуваат мерките и препораките на Владата за справување со КОВИД-19 и спречување на негово понатамошно проширување во земјата.

15 март

ЦИВИЛ бара од политичките партии да престанат да калкулираат со здравјето на граѓаните за политички поени. Сега е време да покажат одговорност и кон себе и кон своите членови и активисти, но и кон сите граѓанки и граѓани на Република Северна Македонија.

18 март

Во вонредна состојба државата и општеството продолжуваат да функционираат, а правата и слободите не се ограничуваат по автоматизам“, истакна техничкиот премиер Оливер Спасовски.

Претседателот Стево Пендаровски ја потпиша одлуката за прогласување вонредна сосотојба која ќе трае 30 дена.

 

20 март

За македонски државјани се затворени сите гранични премини за излез од државата. Сите гранични премини се затворени и за влез во земјава.

Претседателот Стево Пендаровски го потпиша Инструментот за пристапување на земјава кон НАТО што претставува финален чекор за членството во Алијансата.

„Во име на сите земји членки, чест ми е да Ве известам и да Ви ја упатам поканата да се придружите на Северно-Атлантскиот договор“, пишува во писмото генералниот секретар Столтенберг, соопшти владината прес-служба.

Граѓаните постојано се бомбардираат со лажни вести и дезинформации.  Оваа издание на СКЕН политчки видео магазин го посветивме на лажните вести што служат како масовно политичко оружје, особено во политичките кампањи што се водат по социјалните мрежи.

22 март

Министерството за финансии и банките, постигнале решение за одложување на плаќањето на ратите за три месеци, а некои банки веќе изразиле подготвеност и до 6 месеци.

23 март

Датумот за Парламентарните избори 2020 ќе биде одреден по завршување на вонредбата состојба и уредбата со законски сила што тогаш треба да ја донесе техничката Влада, предводена од Оливер Спасовски.

Производствените погони и фабрики го продолжуваат своето производство организирано во смени за време и на полицискиот час, а работниците во време на забраната ќе се движат со посебни дозволи за вршење на сменска и ноќна работа.

24 март

Од денеска движењето на младите до 18 години се забранува од 21 до 12 часот, а на постарите од 67 години од 11:00 до 05:00 часот следниот ден, одлучи Владата на синоќешната седница.

Владата на вчерашната седница донесе Уредба со која стапува во сила Законот за стечај за време на вонредна состојба.

Во 2019 година во нашата земја биле регистрирани 199 случаи на туберкулоза со што Република Северна Македонија за прв пат се вбројува во земјите со ниска стапка на инциденца на туберкулоза, информираат од Институт за белодробни заболувања и туберкулоза по повод 24 Март – Светскиот ден за борба против туберкулоза.

Министрите за европски прашања на ЕУ денеска одлучија дека Северна Македонија треба да ги започне преговорите без никакви дополнителни услови

25 март

Се забранува движењето на сите граѓани за време на викенд (сабота и недела) од 16 часот до 05 часот.

Владата на синоќешната 27. седница донесе уредба со законска сила за запирање на примената на Законот за извршување, со која се запира примената на Законот за извршување, извршување до 30 јуни 2020 година.

26 март

ЦИВИЛ ги повикува сите граѓанки и граѓани да бидат свесни, совесни и одговорни кон себе и кон другите. На лажните вести, дезинформациите и говорот на омразата кои, за жал, не стивнуваат, секој од нас треба да им се спротивстави со пријавување и осуда.

30 март

Знамето на Северна Македонија попладнево е кренато пред седиштето на НАТО во Брисел, на церемонија со која се означи официјалното пристапувањето на земјава во Северноатлантската алијанса.

31 март

Сите државни органи и институции се задолжуваат, на единиците на локална самоуправа им се укажува, а на приватниот сектор му се препорачува вработените лица во овие институции и фирми кои на работа одат со придружба – потполно слепи лица, лица кои се движат со инвалидска количка и лица со умерена и тешка интелектуална попреченост, да бидат ослободени од одење на работа и извршување на работни активности, информираат од Министерството за труд и социјална политика, повикувајќи се на заклучок што го донела Владата.

Меѓународниот ден на видливоста на трансродовите луѓе е годишен настан што се одблежува на 31 март, посветен на прославување на трансродовите луѓе и подигнување на свеста за дискриминацијата со која се соочуваат трансродовите луѓе ширум светот, како и прославување на нивните придонеси во општеството.

Сите граѓани кои ќе останат без работа поради кризата предизвикана  од ширењето на коронавирусот, од државата ќе добиваат надомест во висина од 50 проценти од нивната месечна плата во измината година

 

АПРИЛ

1 април 

Финансиска поддршка за претпријатијата од приватниот сектор за исплата на плати, кратење на платите за сите избрани и именувани функционери на ниво на минимална плата и формирање на солидарен фонд во кој ќе се донираат средства за справување со кризата со коронавирусот, се дел мерките од вториот пакет на Владата за кој се потребни околу 200 милиони евра.

Владата додели 78 милиони денари за организирање и реконструкција на јавните површини во просторот на Клинички центар „Мајка Тереза“, Скопје.

Владата донесе одлука за пренамена на средствата од непродуктивните расходи во средства за справување со здравствено-економската криза предизвикана од коронавирусот КОВИД-19; 50,1 милион евра од ЕИБ се пренасочуваат за поддршка на малите и средни претпријатија; Средствата од компензационите фондови од странската помош одат во Развојната банка за поддршка на мерките за справување со последиците од коронавирусот во стопанството.

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) и Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) остро ја осудуваат одлуката на работодавецот Нет медиа Груп Доел кој што ги поседува интернет порталите „Локално“ и „Стандард“ да отпушти најмалку петмина новинари, дел вработени на определено, а на дел да им ги прекине хонорарните договори.

Организациите на Обединети нации ја повикаа меѓународната заедница за време на пандемијата со новиот коронавирус да ги заштити мигрантите, бегалците и апатридите и под итно да ги ослободи мигрантите и бегалците од затвор.

2 април

Министерот за надворешни работи Никола Димитров на покана на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, денеска ќе учествува на состанокот на Северноатлантскиот совет (НАК) во формат на шефови на дипломатии, што ќе биде прво учество на Република Северна Македонија на едно заседание на Алијансата како полноправна земја членка на Северноатлантскиот пакт.

Владата не може да посегне по Вториот пензиски столб. Вториот пензиски столб се пари на секој осигуреник лично, напиша премиерот Оливер Спасовски на својот фејсбук профил.

Во кругот на Универзитетската Клиника за инфективни болести е поставена мобилната болница за прием на пациенти со коронавирус. Во неа ќе има 130 кревети и соодветни услови, тоалети, тушеви. Целосно ќе биде ставена во функција во текот на следната недела.

„ЕВН Македонија“ соопшти дека донирала 200.000 евра на Министерството за здравство за набавка на медицинска опрема и материјали за потребите на јавниот здравствен систем за справување со Ковид 19, а исто така го донирала приклучокот за електрична енергија во вредност од 10.000 евра за мобилната (полска) болница, што е подигната во рамки на Клиничкиот центар во Скопје.

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје ќе доделува пакети со заштитна опрема и средства за дезинфекција на медиумите со цел поголема заштита на новинарите и медиумските работници од коронавирусот.

3 април

Екипата на иницијативата за печатење медицинска опрема успеа капацитетот за производство да го зголеми на илјада заштитни маски на ден, со што е се поблиску до целта да се изработат и дистрибуираат најмалку 6.000 заштитни маски со визири до крајот на неделата, соопштувата од Иницијативата на Фејсбук групата

„Во соработка со Клиниката за психијатрија отворени се уште три нови телефонски броеви за психолошка поддршка за трудниците и родилките, лицата со нарушување на слухот, говорот и гласот, како и психолошка поддршка за лица во самоизолација на албански јазик во периодот со справувањето со Ковид-19 во земјава“, соопшти Министерството за здравство.

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, потпиша договор за пристапување на Северна Македонија, кон програмата за дигитална администрација-ИСА2 на Европската Унија, со комесарот за буџет и администрација Јоханес Хан.

Владата на Северна Македонија донесе одлука за забрана и посебен режим на движењето на населението (полициски час) во Општина Куманово, и тоа целосна забрана за време на викенд, почнувајќи од 21:00 часот во петок (денес) до 05:00 часот во понеделник.

Евроамбасадорот Самуел Жбогар денеска го потпиша финансискиот пакет вреден четири милиони евра за итни медицински потреби на Северна Македонија, како одговор на кризата со Ковид-19. Помошта од ЕУ овозможува набавка на маски, вентилатори, комплети за тестирање, медицинска опрема и значителни количини на опрема за лична заштита. Таа ќе биде спроведена од УНОПС – Канцеларијата на ОН за проектни услуги.

ЦИВИЛ ја актуелизира Иницијативата за укинување на сите привилегии на функционерите

4 април

Министерот за здравство Венко Филипче информира дека е достапна апликација „КОРОНАВИРУС МК“ за мобилните телефони, која може да се преземе од веб страницата на Владата за следење на најновите информации поврзани со ситуацијата со епидемијата од коронавирусот.

5 април

Министерството за труд и социјална политика информира дека се продолжува периодот на платено породилно отсуство се до истекот на траење на времените мерки.

Владата на Република Северна Македонија донесе Уредба со законска сила за финансиска поддршка на спортисти, стручни лица од областа на спортот и спортска администрација за време на вонредна состојба.

6 април

Министерот за надворешни работи и трговија на Република Унгарија Петар Сијарто допатува во Скопје со специјален воен карго авион директно од Унгарија со пакети помош од 100 илјади заштитни маски и пет илјади заштитни скафандери.

„Придобивките од членството во НАТО се покажаа како ефикасни во справувањето со коронавирусот. Го активиравме НАТО механизмот за цивилна заштита и се активираше системот за цивилна заштита на ЕУ. Првата помош на државата пристигна од ЕУ и НАТО и тоа покажува колку е важно тоа наше стратешко партнерство“, порача премиерот Оливер Спасовски.

Стабилна е безбедносната состојба на подрачјето на општините Дебар и Центар Жупа, каде е прогласена кризна состојба. Не се регистрирани собирања на граѓани на јавни места, нема нарушувања на јавниот ред и мир и нема регистрирани сообраќајни незгоди, соопштија од Министерството за внатрешни работи.

Владата усвои Уредбата со која се уредува ограничување на правото на исплата на паричните паушали на извршните членови на Одборите на директори, паричните надоместоци на претседателите и членовите на управни и надзорни одбори, претседателите и членовите на советите на единиците на локалната самоуправа и претседателите и членовите на комисии, работни групи и советодавни и експертски тела формирани од Владата и органите на единиците на локалната власт, кои се истовремено вработени за времетраење на вонредната состојба.

7 април

Граѓаните со прекин на работен однос, имаат право на паричен надоместок во висина од 50 отсто од просечната месечна нето плата на работникот за последните 24 месеци. Право на паричен надоместок има невработено лице што било во работен однос најмалку 9 месеци непрекинато, или 12 месеци со прекин во последните 18 месеци, пред престанокот на работниот однос.

Економските оператори треба да го организираат работниот процес согласно забраната и посебниот режим на движење, со издадени дозволи за движење од страна на работодавачот согласно пропишаниот образец, стои во заклучокот на Владата од вчерашната седница на која беа донесени дополнителни мерки и активности за превенција од ширење на вирусот Ковид-19.

Потреба од здружување на силите и нагласена солидарност меѓу сојузниците со цел успешно справување со кризата која има не само здравствена, туку и социјална и економска димензија, констатирале претседателот Стево Пендаровски и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг во денешниот телефонски разговор.

Триесет илјади ученици во основно и средно образование од 18.400 социјално загрозени семејства во земјава ќе добијат картички за мобилен интернет со капацитет од 10 гигабајти месечно од „Македонски телеком“ за да пристапат на интернет само за  платформите за далечинско учење одредени од Министерството за образование и наука.

8 април

Забраната за движење на населението на територија на целата држава, од денеска почнува во 16 и завршува во 5 часот наутро во работните денови. Во деновите од викенд (сабота и недела) ќе има целодневен полициски час за сите граѓани, односно од 16 часот во петок до 5 часот во понеделник.

Владата од денеска почнува со серија информативни видеосесии „КОВИД-19, прашања и одговори“, поврзани со актуелната состојба со здравствено-економската криза предизвикана од коронавирусот КОВИД-19.

Владата дозволи посебен режим на движење за лицата со попреченост.

Владата ја задолжи Развојната банка  да склучи договори за кредит за бескаматни кредити. Условите ги исполниле 136 компании со 1.737 вработени, и на нив им се одобруваат бескаматни кредити во вкупен износ од 1.263.079 евра.

Повеќе од тројца патници, вклучително и возачот не смеат да се возат во ист автомобил,

9 април

Министерството за здравство изрази голема благодарност до сите компании, поединци, организации, институции, амбасади кои со донации во опрема, добра и парични средства даваат поддршка во напорите на здравствените институции за справување со состојбата со Ковид-19 во земјата.

„Особена благодарност упатуваме за потврдените донации од Европска Унија во вредност од 4 милиони евра и на САД кои преку УСАИД донираат 1,1 милиони американски долари за справување со коронавирусот.

Мерката 14.500 денари плата по вработен се однесува на сите фирми што се погодени од коронакризата, како и на самостојните вршители на дејност, аплицирањето е лесно, условите едноствани, истакна министерката за финансии Нина Ангеловска.

Владата  ја усвои Информацијата за потребата од пристапување кон и потпишување на Заедничкиот договор за набавка на лекови и медицинска опрема помеѓу Република Северна Македонија и Европската Комисија.

10 април

Мерката за поддршка на работодавачите од приватниот сектор со 14.500 денари плата по вработен може да ја користат и управителите и сопственици на бизнисите.

Забраната за движење на населението денеска почнува од 16 часот и ќе трае до понеделник до 5 часот. Со ова почнува 61 часовен карантин за сите граѓани на територија на целата држава.

Воен авион со донација за справување со КОВИД – 19 од Република Чешка, што се состои од еден милион маски денеска треба да слета на скопскиот аеродром.

Преку појаснување и прилагодување на мерките, Владата ќе излезе во пресрет на угостителите.

Државната комисија за спречување на корупцијата на денешната седница одлучила да поведе прекршочна постапка за поранешните обвинители од СЈО, Катица Јанева, Фатиме Фетаи, Елизабета Јосифоска, Лиле Стефанова, Бурим Рустеми, Гаврил Бубевски, Стевчо Донев, Трајче Пеливанов, Артан Ајро и Љубомир Лапе, зашто континуирано примале дополнителни приходи за кои не пријавувале промена на имотната состојба.

11 април

Владата ја донесе Уредбата за определување минимална плата од 14.500 денари за април и за мај за сите министри, пратеници, судии, обвинители, директори и сите други избрани, именувани и назначени лица во јавниот сектор за време на вонредна состојба.

Со донации на домашните компаниии на наменската сметка на Министерството за здравство се собрани 800.000 евра.

Во првиот дел од интервјуто со Бојан Маричиќ, Национален координатор за интеграции во ЕУ, правен експерт, разговараме за напредокот на Северна Македонија во процесот на интеграциите во ЕУ. Тој одговори на прашањата кои се итните задачи и дали е возможно нивно спроведување во услови на пандемија, а секако и на многу важното прашање за должината на тој процес.

12 април

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) одобри финансиска поддршка од околу 176 милиони евра за ублажување на негативните ефекти од здравствената криза со коронавирусот.

Град Скопје ги претстави мерките за социјална сигурност и можност за културно творештво на уметниците без постојана егзистенција, а кои со вонредната состојба ги изгубија сите свои ангажмани.

ЦИВИЛ и оваа година го одбележува 12 април, почетокот на Шарената револуција. Тоа е денот кој мора да остане запаметен во историјата како симбол на борбата против режимот и диктатурата на една власт која никогаш повторно не смее да ни се случи.

14 април

После 10 дена без ниту еден новозаболен од коронавирусот и поминати 30 дена од прогласување кризна состојба, од вчера на териториите на општините Дебар и Центар Жупа важат истите мерки како и во целата држава.

Кризниот штаб на Куманово ѝ предложи на Владата да го стави градот во 14-дневен контролиран карантин и да воведе кризна состојба.

НАТО формира тимови за борба со хибридни закани во Северна Мaкедонија и Црна Гора, откако лажните вести и дезинформации на Русија и Кина зедоа голем замав со кризата на пандемијата од корнавирус во Западен Балкан, изјави за МИА амбасадорката на САД во Алијансата, Кеј Бејли Хачинсон.

Владата донесе Уредба со законска сила за исплата на авторски хонорари за лица ангажирани во органите на државната власт, регулаторните тела, агенциите, државните комисии, правните лица во целосна или доминантна државна сопственот, единиците на локалната самоуправа и градот Скопје и правните лица основани од единиците на локалната самоуправа и градот Скопје.

17 април

Кривичниот совет го прифатил барањето и поднесената гаранција од Зоран Милески-Кичеец за укинување на домашниот притвор одреден до правосилност на тригодишната затворска казна во случајот „Рекет“.

ЦИВИЛ остро реагира и го осудува говорот на омраза што се шири на социјалните мрежи по повод објавата на градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, дека е позитивен на Ковид-19.

22 април

Триесетина пратеници од СДСМ, НСДП, независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса на Албанците, Алтернатива и ДПА се потпишани на иницијативата на пратеничката група на СДСМ за свикување седница на Собранието на која би се потврдиле двете одлуки на претседателот на државата за прогласување вонредна состојба во државата од по 30 дена поради пандемијата со Ковид-19.

Во рамки на помошта од Европската унија обезбедени се 12 респиратори и 5.000 маски, објави попладнево министерот за здравство Венко Филипче.

24 април

Првите 12 машини за асистирано дишење – респиратори и друга лична заштитна опрема, помош од Европската Унија, пристигна во Министерството за здравство.

25 април

По два викенда со целосна забрана за движење денеска почнува првиот викенд со скратен полициски час кој ќе трае до понеделник во 5:00 часот.

27 април

Поднесени се тужби од новинари за нападите врз нив во случувањата во Собрание на 27 април пред три години.

Утре почнува лекувањето со крвна плазма на заболени со Ковид-19. Во болницата „8 Септември“ ќе започне лекување на овие болни со озонотерапија, изјави денеска министерот за здравство Венко филипче.

28 април

Уставниот суд го спречи намалувањето на платите на функционерите, пратениците, судиите, обвинителите… за време на вонредна состојба.

Владата смета дека поведената постапка на Уставниот суд за поништување на Уредбата за намалување на платите на 2.060 функционери, пратеници, судии, обвинители и директори на минимална плата од 14.500 денари за април и мај, директно штети на солидарноста во земјата.

„Пандемијата на КОВИД-19 уште еднаш покажа дека најсигурно работно место и најсигурна егзистенција нудат вработувањата во државната администрација и во јавниот сектор“, вели претседателката на Транспаренси Интернешнл Македонија (ТИ- М), Слаѓана Тасева.

29 април

Уставниот суд информира дека едногласно е донесена одлуката за платите на функционерите, пратениците, обвинителите, судиите и директорите.

Европската Комисија (ЕК) најави дека ќе ги поддржи земјите од Западниот Балкан со 3,3 милијарди евра за справување со здравствената криза, како и со социоекономските последици од неа.

Владата воведува три новини во мерката за субвенционирање на 14.500 денари плата за компаниите како поддршка за справување со последиците од пандемијата.

30 април

Се укина државната матура, училишната матура и завршен испит за оваа учебна 2019/2020 година за ученици од завршните години во средните училишта. Сите ќе добијат диплома за завршено средно образование со иста важност како и во претходните години.

Се подготвуваат и наскоро ќе стапат во сила нови правилници за партиципација при лекување  од КОВИД-19 и исплата на 100-процентен износ од плата при боледување на здравствен работник ако е тоа поврзано со лекување од коронавирусот.

Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски, соопшти дека „по срамната одлука на Уставниот суд“, сите избрани и именувани функционери на СДСМ разликата во платата над 14.500 денари ќе ја донираат во државниот фонд за помагање на граѓаните и борбата против коронавирусот.

 

МАЈ

1 мај

Светска банка одобри 90 милиони евра за земјава во справувањето со Ковид-19

Филипче: Од денеска се казнува неносењето на заштитна маска

Обезбедени 50 респиратори преку заемот на СЗО

4 мај

Лидерот на СДСМ Зоран Заев денеска изјави дека опозицијата се плаши од избори, има чувство дека ќе загуби, дека ќе бидат казнети нивните погубни политики.

ЦИВИЛ, организација за човекови права и слободи, Светскиoт ден на слободата во медиумите го одбележа со околу 40 прилози, вклучувајќи и 25 изјави од истакнати новинари и експерти од областа на медиумите.

Tехничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев, побарал да се ангажираат 80 полициски возила во близина на спортскиот центар Борис Трајковски за потребите на снимање видео спот

5 мај

Судиите на Уставниот суд  едногласно одлучија дека не постојат услови за прифаќање на иницијативата на судијата д-р Осман Кадриу за поведување постапка по службена должност за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката за распуштање на Собранието.

6 мај

По повод членството на Република Северна Македонија во НАТО Националната пошта издаде поштенска марка во тираж од 6.000 примероци и номинална вредност од 30 денари. Автор на поштенската марка е Лариса Живковска Донев.

7 мај

Извештај на Фридом хаус – Северна Македонија бележи значителен демократски напредок особено во критериумите – изборен процес и независни медиуми

Пристигнаа 20 монитори, 25.000 маски N95, 100.000 хируршки маски, 750.000 пара ракавици, 10.000 заштитни очила, со што вкупната вредност на помошта од ЕУ заедно со респираторите, кои стигнаа или ќе стигнат, достигна 3,2 милиони евра.

Барање за оставка од Чулев заради непреземање мерки за масовното групирање на граѓаните во Струга на традиционалната Струшка Еордија – Литија.

8 мај

ЦИВИЛ- Отфрлање, осуда и барање за извинување од порталот на Љупче Златев

12 мај

Лидерска средба, нема договор за датум за избори

13 мај

Започна таргетираниот масовен скрининг со ПЦР тестови

14 мај

Комисијата за заразни болести изработи Протокол за целокупниот изборен процес од предизборните активности до денот на гласањето

15 мај

Преку мерката 14.500 денари по вработен исплатени се над 14,3 милиони евра на 10.103 фирми.

Владата го дополни и усвои протоколот со препораки и упатства за излез и влез на државната граница за избрани функционери вработени во Влада на Република Северна Македонија и министерствата, државјани на Република Северна Македонија.

18 мај

Лидерската средба кај претседателот Стево Пендаровски заврши без договор за датум за изборите. Главна пречка за непостигнувањето договор се различните ставови на најголемите македонски политички партии.

19 мај

Се укинува домашната изолација што беше задолжителна по државниот карантин. Патниците од странските земји, кои влегуваат на територијата на Северна Македонија, по завршување на временскиот период од 21 ден или 14 дена во задолжителен државен карантин, веќе нема да бидат упатувани на дополнителна домашна самоизолација.

20 мај

Мониторингот тимот на ЦИВИЛ разобличи лажни вести за наводно вработување на Албанци во УЈП Штип

Министерот за образование и наука Арбер Адеми најави доделување 3 типа парична поддршка на средношколците, студентите и млади до 29 години.

21 мај

ИВЗ со писмо до Владата, главниот координативен кризен штаб и Комисија за заразни болести предупреди дека ако се воведе полициски час целиот викенд, за време на празникот Фитр Бајрам, тогаш тие како компетентни органи ќе ја изгубат довербата од сите верници од исламската заедница, имајќи предвид дека земјата се наоѓа пред одржување на парламентарни избори.

22 мај

Сто и три припадници на полицијата се ставени во изолација, а 14 од нив се позитивни на КОВИД-19.

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи изјави оти се очекува нацртот за преговарачката рамка со ЕУ да го добиеме во јуни, додека од Брисел биле информирани дека новиот пакет за проширување, односно Годишниот извештај што се очекуваше во јуни, ќе се одложи за септември.

26 мај

Владата донесе одлука за отворање на угостителските објекти со прецизно утврден протокол за работа во отворените делови.

Задолжителниот државен карантин на државјаните на Република Северна Македонија кои се враќаат од странство со хуманитарни летови или конвои, се заменува со домашна изолација доколку приложат негативен ПЦР тест за КОВИД-19 направен во последните 72 часа.

27 мај

Ријасетот на Исламската верска заедница на РСМ со 2/3 мнозинство донесе одлука за разрешување на Реисот Сулејман Реџепи од функцијата. До подготвување на нови избори, вршител на должноста ќе биде гостиварскиот муфтија, Ефенди Шаќир Фетаху.

На прес конференција на техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев, ЦИВИЛ МЕДИА постави 9 прашања. Техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев не даде конкретен одговор на ниедно прашање од ЦИВИЛ Медиа.

29 мај

„Добредојдовте во НАТО“ – американски воени авиони со прелет над Скопје  го поздравија  членството на Република Северна Македонија во Алијансата

#СтопКорона – Министерството за Информатичко општество и администрација  ги повика граѓаните да ја инсталираат апликацијата СтопКорона . Во услови на разлабавување на рестриктивните мерки СтопКорона е алатка во нашите раце за намалување на ширењето на заразата, апелираат од министерството.

ЈУНИ

1 јуни

Владејачката СДСМ смета дека вонредните парламентарни избори треба да се одржат на 5 јули, бидејќи тој датум го исполнува и законскиот рок од 22 дена до избори по завршување на вонредна состојбата. За ВМРО – ДПМНЕ е несериозно граѓаните да гласаат на 5 јули, бидејќи земјава сега влегува во вториот пик од коранавирусот, а ДУИ пак е со став датумот за избори да се донесе со консензус.

Почнува уписот на првачињата, 20-минутни паузи помеѓу термините за разговор со секое дете.

Македонија од денеска не е на листата на земји чии граѓани може да влезат во Црна Гора.

МТСП: Хронично болните, бремените и родителите на деца помали од 10 години остануваат ослободени од работа.

Владата обезбеди помош и за радиодифузерите. Вкупната сума предвидена за оваа намена изнесува 31.732.390,00 денари или 515.974,00 евра.

ЦИВИЛ упатува најостра осуда на вчерашните објави на Миленко Неделковски со експлицитен говор на омразата на социјалните мрежи на сметка на информацијата дека пратеникот Мухамед Зеќири и неговото семејство се позитивни на Ковид-19. Деструктивноста на пораките на Неделковски се гледа и во бројните коментари во кои дел од неговите следбеници искажуваат поддршка на говорот на омразата, радост и ситење.

Државната изборна комисија ги демантира насловите во одредени медиуми во кои се наведува дека ги почнала подготовките за Предвремените избори за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија.

2 јуни

СДСМ инсистира на 5 јули, за ВМРО-ДПМНЕ изборите не се приоритет.

Во автобус само со маска, укинат бесплатниот превоз за пензионерите.

Одбележување на 2 Јуни – Меѓународниот ден на сексуалните работници.

Владата усвои Протокол за превентивни мерки за сите работни места за спречување на пренесувањето на КОВИД-19, што ќе важат за сите работни места и за сите лица на работното место, како што се работодавците, раководителите, работниците, договарачите, клиентите и посетителите.

Спасовски: Нема потреба од нова вонредна состојба, изборите се на 5 јули.

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи смета дека нема друг датум освен 5 јули за одржување на предвремените парламентарни избори, посочувајќи дека такви се роковите и законски и логични.

3 јуни

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) изразуваат загриженост за состојбата на локалните и регионалните радиодифузери, кои најавија дека ќе штрајкуваат со делумен прекин на програмата, по одлуката на Владата на петте национални телевизии (Канал 5, Сител, Алфа, Телма и Алсат – М), како и на останати шест регионални телевизии кои имаат дозвола за емитување преку дигитален терестријален мултиплекс, да им покрие годишен трошок кон операторот А1 во висина од над половина милион евра. 

Граѓаните не треба да аплицираат за домашната платежна картичка, на посебната веб страна ќе можат да проверат дали се корисници.

Германскиот министер за европски прашања Михаел Рот се надева оти првата Меѓувладина конференција (МВК) со Северна Македонија и Албанија ќе се одржи оваа есен.

На неколку портали и национални телевизии се прошири лажна вест за наводна забрана за влез во Грција за жителите на неколку македонски општини како што се Тетово, Чаир, Сарај, Бутел, Арачиново, Липково, Куманово, Теарце, Студеничани и Шуто Оризари.

При влез на македонски државјани во земјава, како и на странци, но само со регулиран престој, задолжително е на граничниот премин да биде приложен направен валиден PCR тест, не постар од 72 часа, кој е негативен.

Поранешната специјална обвинителка Катица Јанева денеска направила инцидент во Државниот завод за ревизија додека ревизорите и ги презентирале наодите од ревизијата за финансиското работење на СЈО.

Се воведува целосна забрана на движењето на сите граѓани во Скопје, Куманово, Липково, Штип, Тетово, Боговиње, Брвеница, Теарце, Желино и Јегуновце, од 4 јуни од 21:00 часот до 8 јуни до 05:00 часот, одлучи Владата на денешната седница, согласно препораките на Комисијата за заразни болести, со цел брза и ефикасна реакција за спречување на ширењето на коронавирусот.

Директорот на Државниот пазарен инспекторат Стојко Пауновски, за ЦИВИЛ Медиа потврди дека во скопската кафеана „Чардак“ инспекторите од Државен пазарен инспекторат биле спречени да направат контрола во внатрешниот дел во кафеана, и против газдата е поднесена пријава според член 205 и 206 од Кривичниот законик.

4 јуни

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски призна дека тој заедно со двајца свои познаници бил во ресторан во Дебар Маало, дека не бил доволно информиран за новите протоколи и дека е подготвен да плати паричната казна поради тоа.

Кривична пријава за угостителскиот објект каде беше затекнат Христијан Мицкоски.

Кривична против скопјанецот кој на Фејсбук ги навредувал муслиманите и Ромите.

5 јуни

Макрадули: Македонскиот зелен договор-одржлива платформа во борбата за зачувување на природата и заштитата на животната средина.

ИРИ: 74% од граѓаните го поддржуваат пристапувањето кон ЕУ.

Полицаец во униформа и со службено оружје, игра оро во Кочани, среде вонредна состојба за борба против коронавирусот.

Ахмети посака Албанец премиер, Заев му порача дека нема да биде дел од идната Влада.

6 јуни

ЦИВИЛ ги повика медиумите, пред да објават некоја вест поврзана со корона вирусот, добро да ја проверат информацијата и да објавуваат само точни и прецизни информации, бидејќи со секоја непроверена „ексклузивна“ информација дека починал или се заразил некој од корона вирус се причинува само штета и ги тревожи и така веќе загрижените граѓани.

Академик Катица Ќулавкова, членка на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) на својот Твитер профил објави твит со текст „Цената на соживотот ја плаќаме со животот“, односно вината за  ширењето на болеста Ковид-19 ја посочува кон етничките заедници кои не се етнички Македонци и христијани.

7 јуни

Турбо генератори за лажни вести и говор на омразата: Фејсбук страницата „Следиме“.

Константин Плевнеш со невидени закани и говор на омразата против проф. Колозова, институциите се на потег.

8 јуни

ССНМ бара посебен пакет мерки за новинарите и медиумските работници.

Уште една од низата лажни вести и дезинформации беше објавена синоќа на социјалните мрежи Твитер и Фејсбук, дека СДСМ наводно дели прехранбени пакети за изборен поткуп на гласачи во Битола за време на полициски час. На снимката е прикажан службениот џип на Црвениот Крст од Битола и нивни волонтери како делат социјални пакети на загрозени семејства.

Чулев му одговори на ЦИВИЛ на прашањата за случајот со Диме Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ и за својот советник Андоновски.

9 јуни

„Од 65 дена цели 55 дена бев на протестите. На протестите беше и Јовче Ременски, а од страна на Владимир Атанасовски ми беше задача да го следам него, да видам дали снима и што прави. Исто така беа следени и Зоран Заев, Оливер Спасовски“, изјави сведокот Александар Василевски – Нинџа, на денешното рочиште за организаторите на 27 април.

 

Напад на Собрание, 27 април 2017

10 јуни

Нема нов полициски час, построги контроли од МВР и инспекторите, се уште е рано за отворање на аеродромите.

Завршува учебната 2019/2020 од која една третина беше онлајн.

Европската Комисија ја презентираше својата стратегија за борба против дезинформациите во контекст на кризата со Ковид-19, Западниот Балкан треба да биде поинтензивно вклучен во иднина.

Влада: МВР да достави до ДИК ажуриран избирачки список.

Дваесетина припадници на интервентната полиција при нивната интервенција употребиле физичка сила врз бездомниците кои живеат под Железничка станица во Скопје. Бездомиците за ЦИВИЛ Медиа раскажаа дека еден бездомник кој не живее во тоа маало, дошол пијан кај нив и побара да му пуштат музика, за што реагираа жителите од околните згради.

11 јуни

Владата формално сè уште не се изјаснила  дали е потребна нова вонредна состојба, но според изјавите на претставниците на власта, ново продолжување нема да има. Според нив, фокусот треба да се стави на изборните дејствија и одржување на предвремени парламентарни избори на 5 јули.

„Домашната платежна картичка „Купувам домашно“ ќе ја добијат 324.479 граѓани, 28 милиони евра пари за граѓаните, наменети за купување домашни производи и услуги за рестартирање на македонската економија“, напиша Оливер Спасовски на Фејсбук.

Владата, по консултации со ССНМ, донела одлука да обезбедат средства за 100% покривање на придонесите на плата на вработените во медиумите, вклучувајќи ги телевизиските и радио дифузерите, печатените медиуми, како и електронските интернет портали.

12 јуни

Нема нова вонредна состојба, Пендаровски ги повика Заев и Мицкоски на средба.

ЦИВИЛ: Избори на 5 јули, државата веќе не може да си дозволи одложување.

Државната комисија за спречување корупција и судир на интереси објави повик за 20 набљудувачи што ќе помогнат во набљудување на изборната кампања.

ДИК со првични подготовки за спроведување на предвремените парламентарни избори.

13 јуни

Чулев без оглас ја унапредил сопругата на Чавков за три скалила повисоко во МВР.

15 јуни

„Комисијата изготви протокол и тој е доставен до ДИК, но ние не можеме да проектираме во кој период може да има избори. Никој, никаде не го прекинал изборниот процес поради ковид. Никој нема да се зарази ако ги почитува мерките за заштита“, вели претседателот на Комисијата за заразни болести Жарко Каџоски.

Јавното обвинителство соопшти дека 45-годишниот скопјанец Д.Д. е осуден условно на една година затворска казна по заканите кои лани на Фејсбук му ги упатувал на тогашниот премиер Зоран Заев.

ВМРО-ДПМНЕ ќе учествува на изборите на 15 јули, соопшти Христијан Мицкоски. „Двата услови кои ги баравме се прифатени, прво протоколи за заштита на здравјето на граѓаните, второ мисија на ОБСЕ и ОДИХР за заштита на волјата на граѓаните“, напиша Мицкоски.

Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР за три дена ќе пристигне во земјава.

17 јуни

На двегодишнината од Преспанскиот договор, Фондацијата „Фридрих Еберт# објавува дека Наградата за човекови права ја доделува на Зоран Заев.

18 јуни

Катица Јанева и Бојан Јовановски се прогласени за виновни во случајот „Рекет“. Јовановски доби затвор од 9 години за делата примање награда за противзаконито влијание и за перење пари, а Јанева 7 години за злоупотреба на службената положба и овластување.

На изборите на 15 јули ќе настапат 15 коалиции со 1.598 кандидати. Во Државната изборна комисија (ДИК) денеска носителите на кандидатските листи за предвремените парламентарни избори на 15 јули ќе потпишат Кодекс за фер и демократски избори. Потпишувањето на Кодексот за фер и демократски избори е обврска која произлегува од член 8-в од Изборниот законик.

Претставници на политичките партии и коалиции на претстојните предвремени парламентарни избори на 15 јули во Државната изборна комисија (ДИК) потпишаа Кодекс за фер и демократски избори.

Претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Оливер Деркоски истакна дека претстојните избори 2020 година ќе се одвиваат во исклучително сложена ситуција, пред се поради пандемија од Ковид 19.

Со лажна вест е фалсификувано логото на дигиталната редакција САКАМДАКАЖАМ.МК и се шири на социјалните мрежи твит од еден од лидерите на движењето „БОЈКОТИРАМ“ со наслов што не постои на нивната медиумска платформа.

19 јуни

Анонимен Институт му билда предизборен рејтинг на ВМРО-ДПМНЕ. ЦИВИЛ Медиа испрати прашање до ВМРО-ДПМНЕ да ни дадат изјава во врска со анкетата на институтот „Habeas Corpus“ која ја објавија десетина медиуми и да ни испратат линк од целото истражување. До овој момент немаме никако одговор од опозициската партија.

21 јуни

Она што се постави како легитимно прашање „Кој ќе го реши платеното политичко рекламирање на изборната кампања?“, кое ги стави во недоумница медиумите дали да се водат по насоките на Државната изборна комисија или на Агенцијата за аудио и аудио визуелни услуги (АВМУ), доби своја викенд преписка меѓу три страни.

ОБСЕ/ОДИХР на покана на македонската Влада испрати специјална мисија за следење на предвремените парламентарни избори, закажани за 15 јули.

23 јуни

Од тимовите на долгорочниот изборен мониторинг на ЦИВИЛ пристигна информација дека Талат Џафери, носител на листата на ДУИ во Изборната единица 5, на 22 јуни, во Ростуше се појавил со службен автомобил на државен орган.

 

Талат Џафери, ДУИ, во Ростуше, 22 јуни 2020

Подмладоците на политичките парии потпишаа Декларација за фер, слободни и демократски избори.

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги  (ААВМУ) укажува на обврските од Изборниот законик за време на изборната кампања за предвремените парламентарани избори, која што почнува утре.

Здружението на новинарите на Македонија изготви „Прирачник за етичко известување од избори во Северна Македонија“ кој ќе помогне на новинарите и медиумите во подобро запознавање со етичките и правните аспекти на покривање на изборната кампања и денот на изборите.

Предизборие во новата нормалност, кодекс, мониторинг, финансирање…

24 јуни

Дваесетдневната кампања за изборите за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија закажани за 15 јули започнува денеска и ќе трае до 12 јули на полноќ, по што следува тридневен молк. Ова се најспецифичните избори што ќе се одржат во земјата имајќи ја предвид ситуацијата со Ковид-19 и мерките што учесниците, гласачите и изборната администрација треба да ги почитуваат за да си го заштитат здравјето.

ЈО формира привремена Комисија за следење на евентуални изборни нерегуларности​.

ДКСК: Државните активности да се не мешаат со партиските во изборниот период.

Поранешниот пратеник на Партијата за Демократски Просперитет, Насер Зибери, кој актуелно работи како нотар, ќе биде кандидатот на ДУИ за премиер на Република Северна Македонија.

Здружението „Хендикеп Плус” соопшти дека во предизборниот спот на партијата ВМРО-ДПМНЕ, наречен „Исправи се Македонијо“, една од интерпретациите на содржината на спотот директно се однесува на можноста лицата кои имаат посебни потреби да бидат прикажани во понижувачки контекст, во деградирачка и навредлива позиција наспроти сите други.

ЦИВИЛ повикува на максимално почитување на правото на глас и мерките за заштита од коронавирусот.

25 јуни

Што сè ветија политичарите на првиот ден од предизборната кампања?

Апелацискиот суд Скопје ја укина ослободителната пресуда за случајот „Тревник“ против новинарот Драган Павловиќ-Латас и неговите браќа Срѓан и Звездан Павловиќ.

26 јуни

Владата донесе одлука целосно да се отворат сите гранични премини во државата, со што македонските државјани и странците ќе можат непречено да се движат без обврска за ПЦР-тест и државен карантин. Од 1 јули ќе бидат отворени за сообраќај и Меѓународниот аеродром Скопје и Аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид.

Почнуваат со работа теретаните и вежбалните, од денеска угостителските објекти можат да работат и во внатрешноста.

Разрешен ВД Директорот на Центарот за јавно здравје, Скопје, Арбен Зибери. „Зибери е разрешен заради пласирање на неточни изјави во јавноста со што директно наштети на угледот на членовите на Комисијата за заразни болести, доведувајќи го во прашање кредибилитетот на здравствените институции во борбата со коронавирусот“, соопшти Министерството за здравство.

На Јутуб излезе нова снимка од разговор меѓу лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и Зоран Милески-Кичеец, на која се слуша како Мицкоски му вели на соговорникот дека треба да имаат директна комуникација, а не преку посредници на што Кичеец му вели дека тој е извршител и дека кога ќе му даде задача тој ќе ја изврши.

ЦИВИЛ со осуда на пропагандните спотови со навредлива и понижувачка содржина.

27 јуни

Петти ден изборна кампања, промоција на здравствени пртоколи, но и на нови „бомби“.

Полицаец фатен како црта графит со сонцето на Вергина и натпис „ВМРО-ДПМНЕ“.

29 јуни

Лидерот на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска не се појавил на информативен разговор во Полициската станица Центар,  во врска со настанот во угостителскиот објект во Дебар Маало во Скопје.

Мониторинг: ДУИ со видео спот од војната во Косово.

Говор на омраза: „Глас за Заев е глас за ш….. премиер“!

Изборни ветувања: Заев – зголемување на платите, Зибери – задолжително учење албански, Николовски добил поддршка од Иванов.

Мониторинг тимот на ЦИВИЛ забележува и злоупотреба на деца во изборната кампања. Се работи за промотивен видео спот на претседателот на ДУИ, Али Ахмети, во кој што се појавува со неговата мала внука.

Чулев со службени возила на МВР на партиски настан на ВМРО-ДПМНЕ во Горно Лисиче.

Говор на омраза: Џабирци ШИПТАРИШТА мразат Македонци до коска.

30 јуни

Европскиот Парламент бара кредибилна, транспарентна и објективна изборна кампања без дезинформации и заплашувања.

Седиштето на ЦИВИЛ повторно е мета на вандализам со заканувачки и навредливи пораки. Панелот во дворчето зад седиштето на организацијата што се користи за состаноци и изјави за јавноста е турнат, а врз него е ставена лопата. Натписот со логото на организацијата и натписот „Слободна зона“ веднаш под него се скинати, а пред вратата беа истурени отпадоци. На вратата, со остар предмет е изгравиран зборот „Nazi“ (нацист).

ЈУЛИ

1 јули

Лидерите на владејачката СДСМ Зоран Заев и на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски учествуваа во првото телевизиско соочување во изборната кампања побараа поддршка од граѓаните. Првиот за да се продолжи по вистинскиот пат, а вториот за да се поддржи чесност и исполнување на ветувањата.

Државната изборна комисија (ДИК) го заклучи Избирачкиот список за предвремените парламентарни избори на 15 јули. Право на глас на изборите ќе имаат еден милион 814 илјади и 263 гласачи.

Предвремена кампања и масивни онлајн кампањи на политичките партии, бележи мониторингот на ЦИВИЛ во првите денови на изборната кампања. Тимот на Цивил за мониторинг на финансирањето на предизборната кампања од 20 јуни до 28 јуни на полноќ регистрираше 220 политички настани за кои партиите потрошиле пари во или вон рамките на платеното политичко рекламирање.

2 јули

Европската комисија ги предаде преговарачките рамки за Северна Македонија и за Албанија до Советот на ЕУ (земјите членки на ЕУ).„Денес се одбележува уште еден важен чекор на патот на Албанија и Северна Македонија кон Европската Унија“, стои во писмената изјава на еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји.

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги бара од медиумите да обезбедат баланс во посебните информативни емисии за предвремените парламентарни избори и апелира до учесниците во изборната кампања да учествуваат во посебните информативни емисии зашто тие се еден од начините како граѓаните директно да се информираат за нивните изборни програми и да ја споредат понудата.

3 јули

ЦИВИЛ одржа прес-конференција за предизборната кампања, која повторно почна предвреме, најмногу се води со видео спотови и со спонзорирани содржини на социјалните мрежи, како што  покажува мониторингот на ЦИВИЛ.

Во првото полугодие од 2020 година извршен е поврат на ДДВ кон фирмите од 12,7 милијарди денари или 206,5 милиони евра, што е за 6% повеќе во однос на лани или за 660 милиони денари повеќе. Ова највисок поврат на ДДВ за овој период во изминатите години, што е значајно особено ако се земе предвид COVID-19 кризата“, известија од Министерството за финансии.

4 јули

Рефлектор: Барање за изборна кампања со почитување на законите и без поткуп, притисоци и манипулации

Уништен рекламниот материјал на Алијанса за Албанците и Алтернатива во три општини

5 јули

Препораки за гласање и заштита од вирусот КОВИД-19. Државната изборна комисија ги објави мерките и протоколите по кои граѓаните на 15 јули ќе можат да го остварат своето гласачко право безбедно по нивното здравје.

6 јули

Со субвенцинирање на плати досега вработени 1.346 лица. Агенцијата за вработување досега распишала два јавни огласи за мерката, на почетокот на март и кон крајот на месец мај и досега се потпишани договори со 1.042 компании за вработување на вкупно 1.346 лицa.

Транспаренси Интернешнел Македонија поднесе кривична пријава до ОЈО во врска со незаконски исплати од Агенцијата за филм. Кривичната пријава е поднесена против вршителот на должност Директор на Агенцијата за филм на Република Северна Македонија за сторено кривично дело злоупотреба на службената положба, казниво по член 353 став 1 и 5 од Кривичниот законик, а во врска со член 34 од Законот за филмската дејност.

7 јули

Закани кон уметниците во Штип кои нацртале мурал

Државната изборна комисија (ДИК) за претстојните Предвремени парламентарни избори 2020 ја води кампањата „Ти си на ред“. Со герила акција, за првпат досега, екипата на ДИК ги посети Охрид и Струга

Над 14 милиони евра се веќе исплатени на граѓаните преку домашната платежна картичка со која може да купуваат домашни производи. Сите картички се испечатени, а издадени се на 152.142 граѓани

Управниот Суд ја отфрли тужбата на Наќе Чулев против Владата

ЦИВИЛ ја поведе иницијативата „Гласај / Voto“ на социјалните мрежи, за да им даде поттик на граѓанките и граѓаните да го искористат своето право на глас и да излезат на гласање на 15 јули.

Лицата во самоизолација или карантин за гласање може електронски да се пријават, на денот на гласањето ќе се гласа и со истечени патни исправи

8 јули

Претседателот Стево Пендаровски ги прими акредитивните писма на Анке Гизелa Холштајн, новоименувана амбасадорка на Сојузна Република Германија во Република Северна Македонија, со седиште во Скопје.

Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) на јавна седница ги отфрли наводите од приговорот и го затвори предметот доставен од ВМРО – ДПМНЕ и коалицијата „Обнова за Македонија“, а во кој се наведува дека ЈП Државни патишта и други државни инситуции односно Зоран Заев и Љупчо Николовски овозможиле партиски предизборен јавен настан за политичка промоција финансирана со буџетски средства, со што е направена повреда на Изборниот законик и Законот за спречување корупција.

ДИК со симулација за безбедно гласање на 15 јули

9 јули

Владата донесе дополнување на Одлуката за мерки за спречување на внесување и ширење на коронавирус КОВИД-19, со која од државјаните на Република Србија, Република Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина при влез на територијата на Република Северна Македонија, ќе се бара задолжително да приложат медицинска потврда со негативен резултат од тест RT PCR SARS-CoV-2, направен 72 часа пред влезот во земјава.

Предвремените парламентарни избори во Северна Македонија ќе ги следат над 2.000 домашни и странски набљудувачи.

Претставен „Прирачник за парламентарни избори во Република Северна Македонија 2020“

За гласање пријавени 697 позитивни на Ковид-19 и лица во самоизолација и 9020 немоќни и хронично болни

Здравствени работници бараат изземање од посебните избирачки одбори кои треба да го спроведат гласањето кај лицата со ковид-19 во понеделник

10 јули

ДКСК отвора предмет за паричната помош за здруженијата и фондациите за справување со кризата од коронавирусот

Нацрт буџетот на ЕУ за идните седум години предвидува 12,6 милијарди евра за проширувањето

11 јули

Предизборен извештај за мониторингот на ЦИВИЛ. ЦИВИЛ ги соопшти извештаите и анализите кои опфаќаат низа аспекти, како што е политичкото финансирање, лажните вести и говорот на омразата, злоупотребите во различни категории од мониторингот и мерките за заштита од коронавирусот, и  ги упати пораките во пресрет на изборниот ден. На пресот  се говорешена македонски, албански и ромски јазик.

Изборен молк. Според ревидираниот Роковник за предвремените парламентарни избори, изборниот молк започнува на полноќ 12 јули, кога завршува и изборната кампања. Поради новонастаната ситуација со пандемијата од корона вирусот, изборниот молк ќе трае до среда, 21 часот, кога се затвораат гласачките места. Во текот на изборниот молк, на 13 јули гласаат лицата кои во моментот се напѓаат во самоизолација или државен карантин поради Ковид-19. На 14 јули, ден пред изобрите, гласаат болните и немоќни лица,  лицата во казнено-поправните установи и притворите и внатрешно раселените лица.

13 јули

Почна гласањето на десетите парламентарни избори, право на глас имаат 1.814.263 граѓани.Почнува тридневното гласање за десетите парламентарни избори, петти предвремени од независноста на земјата. Ова се најспецифичните избори што досега биле организирани во земјата имајќи ја предвид состојбата со коронавирусот и мерките што треба да се почитуваат, како од страна на граѓаните со носење маска, држење растојание, така и од страна на членовите на избирачките одбори, набљудувачите и сите други вклучени во процесот. Гласањето денеска почнува токму со лицата со Ковид-19 и во самоизолација, чии барања беа прифатени од Државната изборна комисија, а го спроведуваат посебни избирачки одбори составени од тројца здравствени работници и претставници на политичките партии.

Бројни случаи на кршење на изборниот молк, говор на омразата и непочитување на мерките за заштита од коронавирусот. ЦИВИЛ издаде соопштение врз основа на извештаите од набљудувањето на изборниот процес, обработени до 12:30 часот денеска. Според соопштението, набљудувачите на ЦИВИЛ веќе од почетокот на изборниот молк на полноќ, бележат бројни случаи на кршење на изборниот молк.

ДИК: Гласале 723 лица кои се заболени од Ковид-19 или се во самоизолација

14 јули

Втор ден гласање на изборите, гласаат болните, хронично болните, немоќните, затворениците и лица во домашен притвор

Специјалната мисија за проценка на предвремените парламентарни избори  во нашата земја на Канцеларијата за демократски институции и човекови права (ОДИХР) при ОБСЕ, ден по изборите на 16 јули ќе илезе со прелиминарни наоди и заклучоци во врска со изборниот процес

Партиите со изборни резултати од запечатени кутии

Мониторинг на ЦИВИЛ: Кршењето на изборниот молк и други изборни нерегуларности се интензивираат во последните 24 часа

МВР распиша потерница по поранешниот судија Панчевски

15 јули

Мирен почеток на изборниот ден, набљудувачите на ЦИВИЛ бележат мал број нерегуларности

ДИК: Одѕивот на гласањето до 11 часот изнесува 11 отсто. Претседателот на Државната изборна комисија, Оливер Деркоски, на прес-конференција истакна дека досега се обработени 3134 избирачки места, од вкупно 3840 и дека досега гласале 199.495 граѓани, или вкупно 11% од вкупниот број на гласачи.

Нови 18 обработени случаи на изборни нерегуларности нотирани од мониторинг тимовите на ЦИВИЛ

ЦИВИЛ реагира поради притисоците врз набљудувачите на организацијата

Инцидент во Тетово меѓу советник на Чулев и началникот на единицата за безбедност во сообраќај

Падна сајтот на ДИК за изборните резултати, агрегаторот time.mk под сајбер напад. Во идентичен период, во времето кога требаше да се објават конечната излезност на парламентарните избори и првичните резултати, истовремено падна сајтот на ДИК на кој се објавуваат изборните резултати, додека најчитаниот агрегатор на вести во земјава time.mk е под сајбер напад. Ниту новинарите, ниту граѓаните можат навремено да се информираат за првичните изборни резултати.

16 јули

СДСМ 46 пратеници, ВМРО-ДПМНЕ 44, ДУИ 15, АА-А 12, Левица два, ДПА еден. Коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ во новиот собраниски состав ќе има 46 пратеници, коалицијата предводена од ВМРО- ДПМНЕ 44, ДУИ 15, Алијанса за Албанците и Алтернатива 12, Левица два и ДПА еден, покажува симулацијата на Државната изборна комисија врз основа на првичните неофицијални резултати од вчерашните предвремени парламентарни избори од обработени 3.421 од вкупно 3.480 избирачки места. Останатите девет партии и коалиции учесници на изборите не освоиле пратенички мандат.

Државната изборна комисија регистрира 31.107 неважечки ливчиња на вчерашните предвремени парламентарни избори, според обработени 3.421 од 3.480 избирачки места.

ЦИВИЛ: Имавме слободни и безбедни избори, проблемот на ДИК со резултатите фрла огромна сенка врз процесот

ДИК работи на двојна проверка на податоците од записниците, се очекува седница за соопштување на резултатите

 Коалицијата „Можеме“ е победник на изборите со 46 мандати, два повеќе од коалиција ВМРО-ДПМНЕ со 44 мандати

17 јули

Апасиев повикан во ОЈО за неговите Фејсбук статуси дека „сите ќе ги стрела“

Поднесени се пет приговори од партии до ДИК, првиот рок истекува вечерва во 21 часот

Покрај поднесените пет приговори  до Државната изборна комисија попладнево од партиите Демократи (два приговори), СДУ, МОРО и Интегра, поднесени се уште 77 приговори за изборите.

19 јули

До Државната изборна комисија вчера до 19:30 часот кога истече рокот, поднесени се вкупно 2.141 приговори за сумирање и утврдување на резултатите од гласањето на изборите. ДИК треба да се произнесе по приговорите во рок од 72 часа.

ДИК отфрли преку 2.000 приговори, Бачев со непримерно однесување, Левица со манипулации на социјалните мрежи, следна станица е Управен суд

20 јули

Прелеминарниот извештај на ОБСЕ/ОДИХР за предвремените парламентарни избори што се одржаа на 15 јули ги оценува како ефективни и покрај прилагодувањата на пандемијата со Ковид-19, но со нарушена правна рамка поради ревизиите на Изборниот законик и ад хок регулатива донесена за време на вонредната состојба.

Mониторинг на ЦИВИЛ: Изборниот процес проследен со лажни вести, дезинформации и говор на омраза

До Управниот суд сè уште нема пристигнато ниту една тужба од политичките партии, иако повеќето најавија дека ќе се жалат на одлуката на Државната изборна комисија да ги одбие нивните приговори.

21 јули

Рускоска: Парите од „Меѓународен сојуз“ завршиле во куќата на родителите на Боки-13

Владата го усвои Протоколот за организирање државни настани

До Управен Суд поднесени вкупно 76 тужби од две политички партии до Управен суд

22 јули

Филипче: Во ГОБ „8 Септември“ ќе се враќа и другата патологија, се зајакнува здравствениот систем за есенскиот бран

Политичката партија Левица во Управниот суд поднесе 102 тужби за заштита на избирачкото право на подносителите на листите.

Управен суд одби 40 тужби поднесени од Алијанса за Албанците и Алтернатива

23 јули

Суспензија од работа и дисциплинска постапка против советникот на Чулев. Дополнителниот заменик-министер во МВР Славјанка Петровска, информираше дека е поведена постапка против Зоран Ѓорѓиевски, советник во Кабинетот на техничкиот министер Наќе Чулев за инцидентот со началникот на Единицата за безбедност во сообраќај во СВР Тетово, Зоран Талев.

Али Ахмети повикан во Специјалното обвинителство во Хаг. Претседателот на ДУИ Али Ахмети потврди дека добил покана да се јави во Специјалното обвинителство за воени злосторска на Косово со седиште во Хаг. Ахмети на Фејсбук напиша дека е повикан и оти ќе оди во Хаг да сведочи како еден од основачите на ОВК

Политичките партии почнале да доставуваат до Државната изборна комисија извештаи за добиените донации во текот на изборната кампања согласно законот. Правовремено доставиле извештаи за првите 10 дена, а следствено на тоа и за вторите 10 дена. Главно сите политички партии ги доставиле извештаите.

24 јули

МВР продолжува со истрага за утврдување на ИП адресите за нападот на веб станицата на ДИК.

ДКСК: Сестра ѝ на Катица Јанева е незаконски именувана во Комисијата за хартии од вредност.

Хакирани сајтовите на министерствата за здравство и образование.

Македонија очекува 3 милијарди евра од идниот седумгодишен буџет на ЕУ.

28 јули

Основното јавно обвинителство за организиран криминал по допрен глас влезе во Државната изборна комисија (ДИК), за да утврди дали има кривично дело при спроведување на тендерот за набавка на софтверот на оваа институција

Македонските државјани од денеска ќе можат да влезат во Бугарија со приложен негативен ПЦР-тест, не постар од 72 часа.

Во актуелниот состав на Собранието влегува дваесет и три годинишната Артина Ќазими, како најмлада пратеничка и седумдесет и две годишниот Илија Николовски, како најстар пратеник.

Владата ја поништи паричната казна која Чулев ја прифати за советникот кој нападна началник.

Северна Македонија ќе учествува во Доверителниот фонд на НАТО за справување со Ковид-19.

29 јули

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Tалат Џафери го потпиша Решението за свикување на Првата – Конститутивна седница на Собранието на Република Северна Македонија.

Министерството за внатрешни работи постапува по дивоградбата кај ТЦ Мавровка, известено е и Јавното обвинителство.

Агенцијата за заштита на личните податоци информира дека започнала постапка за спроведување на супервизија над законитоста на преземените активности при обработката на личните податоци и нивната заштита од страна на ДИК.

30 јули

ЦИВИЛ разоткри лажна вест за составот на владата: немало и нема да има преговори за двајца премиери.

Полицијата по добиени сознанија околу активностите за изградба на водоснабителен систем во тетовското село Синичане, целта обезбедување јавен ред и мир.

Комисијата за заразни болести прифатила да го разгледа барањето на Независната угостителска комора  и на Здружението на естрадни уметници за укинување на забраната за организирање музички настани во угостителските објекти и да дозволи настап на естрадни уметници во угостителските објекти.

31 јули

Струјата поскапува, останува евтината тарифа. Марко Бислимоски, претседателот на Регулаторната комисија за енергетика потврди дека цената на електричната енергија што ја плаќаат домаќинствата на регулираниот пазар се зголемува за 7,42 отсто,

МОН и Комисијата за заразни болести најавија дека ќе ги утврдат протоколите за училиштата по празничниот викенд.

АВГУСТ

4 август

Собранието на конститутивна седница ги верификуваше мандатите на 120-те пратеници на десеттиот парламентарен состав избрани на предвремените парламентарни избори одржани на 15 јули.

5 август

ЦИВИЛ најостро го осуди насилството врз претседателот на организацијата ЛГБТИ Јунајтед од Тетово, Беким Асани и побара од надлежните институции да ги пронајдат и санкционираат напаѓачите.

7 август

Државната изборна комисија едногласно донесе одлука за сто проценти да бидат зголемени надоместоците на членовите на Избирачките одбори, за 20 проценти на членовите на Општинските изборни комисии, а здравствените работници што учествуваа на предвремените парламентарни избори на 15 јули да добијат по 6.000 денари.

ЦИВИЛ ја започна иницијативата „Граѓански форум за учество во креирање на владините политики“.

11 август

ДУИ и СДСМ ги започнаа преговорите за формирање Влада

12 август

Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски, и претседателот на партијата, Зоран Заев, потпишале изјава со која официјално се откажуваат од патните трошоци што им следуваат. ЦИВИЛ како иницијатор на барањето за укинување на привилегиите на функционерите ги повика и другите пратеници и функционери да го следат нивниот пример.

13 август

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев го доби мандатот за составување нова влада од претседателот на државата Стево Пендаровски.

18 август

СДСМ и ДУИ постигнаа коалициски договор за создавање на парламентарно мнозинство и состав на новата Влада со полн мандат, соопшти мандатарот Зоран Заев. Тој вели дека во следните 4 години ќе работи посветено на интересите на државата. Mандатарот Зоран Заев ќе биде премиер во следните четири години, а ДУИ ќе може да предложи премиер-Албанец во последните 100 дена од новата влада. Ова е договорот што го постигнале Заев и Ахмети за клучната позиција, која е предизборно ветување на интегративците.

20 август

Претседателот на СДСМ и мандатарот за формирање на новата Влада, прецизира дека улогата на првиот вицепремиер ќе биде само да го замени премиерот на состаноци на владата кога тој ќе биде отсутен, или да причека на прием делегација во слични ситуации.

„Се знае дека премиерот потпишува, нема никакви врзани потписи. Секако во идната влада планирам да имам четири вицепремиери, од кои тројца на предлог на СДСМ и еден од ДУИ, кој ќе биде именуван за прв вицепремиер“, изјави Заев.

21 август

Собранието со 62 потписи на пратениците од СДСМ и Коалицијата „Можеме“, ДУИ и ДПА, го предложи Талат Џафери за уште еден четиригодишен мандат за претседател на Собранието. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и Левица во дебатата се изјаснија дека ќе гласаат против предлогот, а пратениците од Алијанса на Албанците и Алтернатива најавија дека нема да присуствуваат на гласањето.

24 август

Државната комисија за спречување корупција заклучи дека нема кривична одговорност кај министерката за финансии Нина Ангеловска во случајот стечај на Еуростандард банка, но таа била во позиција да оствари предност пред останатите штедачи во банката.

 

Нина Ангеловска

26 август

Зоран Заев ги достави до Собранието предлог составот и програмата на новата Влада.

Се донесе одлука новата учебна година дефинитивно да започне на 1 октомври, поради пандемијата на коронавирусот.

31 август

По изборот на составот на новата Влада, претседателот Стево Пендаровски ги прими премиерот Зоран Заев и членовите на Владата.

СЕПТЕМВРИ

1 септември 

Приведена тричлена терористичка група која делувала во земјава.

2 септември 

Ахмети дава исказ пред хашките истражители во Приштина. Претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, денеска во просториите на мисијата на ЕУ – ЕУЛЕКС во Приштина дава исказ пред истражителите на Специјалното обвинителство за воените злосторства во Косово.

ЈО: Поведена истрага за бесправно градење пред „Мавровка“. 

Се урива дивоградбата кај Мавровка. Почна уривањето на дивоградбата кај ТЦ Мавровска. Донесена е градежна механизација, а локацијата ја обезбедува полицијата.

 

3 септември 

Склучен договор со банките за обештетување на осигурените депозити од „Еуростандард банка“.

Заев со амбасадорите од ЕУ: Приоритети евоинтеграцијата и темелна реформи на целото општество.

4 септември 

 Покренато обвинение против Силвана Бонева за незаконски патни трошоци. Поранешна пратеничка од Струмица е обвинета за продолжено кривично дело Измама во службата во рамки на предметот „Друмарина“ што го водеше поранешното СЈО. Таа се товари дека од 2011 до 2015 година до службите во Собранието поднесувала лажни фискални сметки од патарини, како да остварила 904 патувања заради присуство на седници во наведениот период, со што го довела во заблуда овластеното лице во Собранието да изврши незаконита исплата на средства за патни трошоци во значителен вкупен износ од 6.458.551 денари.

5 септември 

 Почна подготовката на Нацрт-Законот за прогласување на Шар Планина за Национален парк. Ќе се одржуваат и јавни расправи со засегнатите страни – граѓанските здруженија, локалното население и бизнисмените.

Реформи во правосудството: Владеење на правото, а не на моќниците. Длабоки и суштински реформи во правосудството со кои ќе се овозможи владеење на правото, а не на моќниците и доследна борба со криминалот во државата, најави Владата за следните четири години.

7 септември 

Груби – Холштајн: Подготвени сме да започнеме преговори со ЕУ. Германската амбасадорка истакна дека официјален Берлин продолжува да ја поддржува Република Северна Македонија на нејзиниот евро-интеграциски пат и во спроведувањето на реформите потребни за постигнување на оваа цел, вклучувајќи го отворањето на преговорите за членство во ЕУ.

9 септември 

МВР: Напаѓачот на новинарската екипа на Ал Џазира приведен, ќе следува соодветен поднесок. На протестот, што синоќа го одржа опозициската ВМРО-ДПМНЕ, од страна на непознато лице, новинарката Милка Смилевска и снимателот Јорде Ангеловиќ од медиумот Ал Џaзира биле нападните и попречени во вршење на своите професионални новинарски задачи.

Шахпаска: Согласно протоколите почнаа со работа градинките, сите да покажат максимална одговорност. Утрово почнаа со работа установите за згрижување и воспитување на децата согласно протоколите за функционирање во услови на пандемија со КОВИД – 19. Сите установи во земјава согласно протоколите  имаат капацитет да примат 19 илјади деца, а досега интерес за згрижување покажале родители на 14.555 деца.

10 септември 

ЦИВИЛ најостро го осудува нападот на новинарската екипа на Ал Џезира. Воедно, ЦИВИЛ апелира до јавноста да го отфрли и осуди ваквото однесување на поединци и групи кон медиумите, но и пошироко, кон неистомислениците. Насилството не е решение за надминување на разликите, тоа може само да ги продлабочи и да предизвика далекусежни штети за општеството.

11 септември 

Зелениот караван на ЦИВИЛ тргна  денеска од Скопје, Со инфо штанд на плоштад Слобода, пред домот на културата „Кочо Рацин“ (Дом на градежниците), во 11 часот претпладне почна Зелениот караван на ЦИВИЛ.

ВМРО – ДПМНЕ протестираат под мотото „Богата влада- сиромашен народ“ со блокирање улици со автомобил

14 септември 

Осуда за навивачите– Владата најостро го осудува навивачкото поведение на навивачка група со кое, како што посочува, се предизвикува омраза, раздор и нетрпеливост врз етничка основа. Во исто време, од Јавното обвинителство бара да делува во рамки на своите надлежности и да постапи во врска со овој случај.

Маричиќ: Прочистување на правосудството и отворени листи веќе на локалните избори. Доаѓа време на ред, правда и дисциплина. Законите се донесени, сега е време за нивно брзо и доследно спроведување. Кој не сака да почитува закон, ќе се соочи со закон. А, ние како Влада ќе бидеме партнер на сите чинители во законодавната, извршната и судската власт, како и граѓанското општество, медиумите и групите од интерес кои сакаат да придонесат кон градење на систем на правдата кој ќе им служи на граѓаните.

15 септември 

Зелениот караван на ЦИВИЛ денеска продолжи во општина Карпош, Скопје. Во рамките на проектот „Зелените доаѓаат“ денеска Зелениот караван на ЦИВИЛ  продолжи во општина Карпош, кај Сити Мол. Граѓанките и граѓаните имаа можност да се запознаат со проектните активности во разговор со  тимот на ЦИВИЛ. 

Формирани собраниските работни тела. Премиерот Зоран Заев од Куманово најави дека во тек е постапката за утврдување на имињата на кандидатите за заменици министри.

16 септември 

Средба Заев – Мицотакис. Со Договорот од Преспа, Република Северна Македонија и Грција создадоа модел за успешно решавање на отворените прашања меѓу соседите, додека со членството на земјата во НАТО партнерството се трансформира во сојузништво, а Грција останува силен лобист и поддржувач на земјата во претстојниот процес на преговори со Европската Унија, порачаа премиерот Зоран Заев и неговиот грчки колега Кирјакос Мицотакис.

 Зелена анкета: Скопјани сметаат дека зелените вредности не се почитуваат и практикуваат Зелен ЦИВИЛ ги праша граѓанките и граѓаните во Скопје колку зелените вредности де негуваат во нашата држава.

17 септември 

Мајките на протест, Владата со образложение за враќање на работа почнувајќи од 23 септември. Мајките на децата до шест години денеска ќе протестираат пред Влада поради владината одлука да се вратат на работа од 23 септември.

18 септември 

Отказ за советникот на екс министерот Чулев поради насилно и недолично однесување. МВР по спроведената дисциплинска постапка му го откажа договорот за вработување на З. Ѓ., државен советник за полициски и криминалистички работи во Кабинет на министерот,  поставен во периодот на техничката влада, а поради  насилно и недолично однесување на јавно место, со што го нарушил угледот на Министерството за внатрешни работи. Toj спротивно на правилата и прописите на Министерството се однесувал непрофесионално и неетички, односно на начин кој не доликува на еден полициски службеник.

4 години затвор за Јанкуловска за „Тенк“. Врховниот суд ги одби барања на осудените Никола Груевски, Ѓоко Поповски и Гордана Јанкулоска во случајот „Тенк“ и ги потврди пресудите на Апелациониот суд Скопје.

21 септември 

 „Гласно за зелено“ во Тетово и Гостивар. Сите кои ги посетија инфо штандовите на Зелениот караван на ЦИВИЛ во Тетово и Гостивар имаа можност да разменат искуства и ставови со тимот на ЦИВИЛ на тема зелени вредности, социјална правда и антинационализам.

22 септември 

Зелениот караван на ЦИВИЛ со работилница за зелените вредности во Штип.

Графитот „Ѕидот на мирот“ ги покри пораките со говор на омраза во Скопска чаршија. Реализиран од активистите Јетмир Асани и Валон Кучи, графитот го нацрта артистот Дако Ѓи, во соработка со Мировна Организација – Мировна Акција по повод  21 септември – Меѓународниот ден на мирот.

23 септември 

Зелените доаѓаат во Штип. ЦИВИЛ организираше работилница „Зелените доаѓаат“ во рамки на Зелениот караван посветена на зелените вредности, социјалната правда и антинационализмот, во просториите на Општина Штип.

Студентските и средношколските домови ќе се отворат, но ќе работат по посебни протоколи и ќе има редуциран број станари во собите.

24 септември 

Собранието ги изгласа новите заменици министри. Половина час пред истекот на рокот, за нив гласаа 62 пратеници, а против 44.

„Европа е наш дом“ во центарот на Скопје. ЦИВИЛ денеска преку инфо-штанд и комуникација со граѓанките и граѓаните ги промовираше европските вредности и интеграции.

25 септември 

Поведена е кривична пријава против еден полициски службеник од Битола, кој вчера брутално нападна Ром во Битола. Тој и еден негов колега кој бил присутен за време на инцидентот, ќе бидат суспендирани, објави попладнево министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Граѓански форум на ЦИВИЛ: Да не се заборават жртвите на режимот. Во рамките на Граѓанскиот форум на ЦИВИЛ што се однесува на граѓанските препораки за  креирање на владините политики, ЦИВИЛ потсетува на серијата интервјуа со жртвите на режимот, што ги спроведе во текот на минатата година.

26 септември 

Поддршка од 200 милиони евра за земјоделците и прилагодување со агрополитиката на ЕУ во наредните четири години, најави денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арианит Хоџа.

Националната платформа за онлајн учење достапна за учениците и родителите. Веб страницата на Единствената национална платформа за онлајн учење од полноќ е веќе достапна за корисниците преку адресата schools.mk, соопшти Министерството за образование и наука.

Словенија со силна поддршка за членство во ЕУ на Северна Македонија. Силна словенечка поддршка за одржување на првата Меѓувладина конференција, која означува старт на пристапните преговори за Северна Македонија со ЕУ до крајот на годинава искажа шефот на словенечката држава Борут Пахор, кој престојува во дводневна официјална посета на земјава.

28 септември 

Јанкуловска од вечерва во затворот „Идризово“ за мерцедесот на Груевски. Поранешната министерка за внатрешни работи попладнево е спроведена во затворот за да ја издржи затворската казна од 4 години за набавката на блиндираниот „мерцедес“ во случајот наречен „Тенк“ што го отвори поранешното Специјално јавно обвинителство.

Владата до Собранието го испрати новиот предлог-закон за спречување и заштита од дискриминација, кој што има за цел подобрување на законската регулатива и нејзино усогласување со правото на Европската Унија и меѓународните стандарди во однос на заштитата од дискриминација.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи од Европскиот парламент ја започна интензивната агенда во Брисел, на средби со влијателни европратеници, претставници на различни политички групи.

29 септември 

Потпишан Кодексот за етичко однесување на функционерите, Љупчо Николовски назначен за одговорен за негово спроведување. Членовите на Владата денеска го потпишаа Кодексот за етичко однесување на функционерите, со кој сите заменици министри, директори и јавни функционери именувани од Владата се обврзуваат дека го прифаќаат Кодексот, заради обезбедување почитување на уставноста, законитоста, професионалниот интегритет, ефикасноста, лојалноста, одговорноста и транспарентноста на Владата и на сите владини институции.

Зелен ЦИВИЛ во Гевгелија: Градоначалникот Поцков со цел општината да биде модерна, европска и зелена. ЦИВИЛ како дел од активностите во Зелениот караван денеска одржа работилница во малата сала на Народниот театар во Гевгелија (Дом на култура).

Груевски осуден на 1,5 година затвор, Јанакиески на 1 година условно за „Насилство во Центар“. Поранешниот премиер во бегство Никола Груевски доби казна затвор од една и пол година, а екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески доби условна казна од една година за поттикнување на насилствата пред Општина Центар во јуни 2013 година.

30 септември 

Владата го разреши Роберт Алаѓозовски од должноста Национален координатор за развој на културата и меѓуресорска соработка и го именуваше за Национален координатор за интеркултурализам, едно општество, развој на културата и меѓуресорска соработка, а Роберт Поповски е именуван за Национален координатор за одговорно владеење и транспарентност.

ЦИВИЛ организираше панел дискусија на тема „Дискриминацијата и вработувањето во јавниот и приватниот сектор“ 

 

ОКТОМВРИ

1 октомври

Официјално започна учебната година, во вонредни околности, со предизвици и неизвесности.

ЦИВИЛ како дел од активностите во Зелениот караван одржа работилница во просториите на Општина Велес.

2 октомври

Меѓународен ден на ненасилството на роденденот на Махатма Ганди, лидер на индиското движење за независност и основоположник на филозофијата и стратегијата на ненасилство.

Дерала: Насилството во било кој облик мора да се санкционира и да се прогони од животот на луѓето.

Муарем: Иако има кадар, Ромите не добуваат раководни функции во јавниот и приватниот сектор.

5 октомври

Бугарски интелектуалци: Меморандумот е неразбирлив за Европа и не ги рефлектира достигнувањата на голем број бугарски историчари во последните децении.

Зелен ЦИВИЛ разговараше со градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски, за зелените перспективи на општината, промоцијата, негувањето и разбирањето на зелените вредности и нивната врска со социјалната правда и антинационализмот.

6 октомври

Превод на македонски јазик за прв пат на прес конференција на Европската Комисија.

До Уставен Суд испратена е иницијатива за оценување на последните парламентарни избори.

Зелен ЦИВИЛ разговараше со градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов

7 октомври

Вархеји: економскиот план е регионален треба да им помогне на земјите подеднакво.

Зелен ЦИВИЛ во Велес и Кавaдарци разговараше со граѓанките и граѓаните на тема социјална правда, но и за антинационализмот.

8 октомври

ОБСЕ/ОДИХР излезе со своите наоди и заклучоци од текот на предвремените парламентарни избори одржани на 15 јули, оценувајќи ги како ефективни

Владата до Собранието испратила предлог закон за попис и тоа во идентична форма како што беше во собраниска процедура во претходниот парламентарен состав.

9 октомври

Европската комисија ќе ја финансира изградбата на нова и надградбата на постојната железничка инфраструктура во земјава.

ЦИВИЛ одржа инфо-штандови во Велес, Градско, Росоман, Кавадарци и Неготино посветени на промоција на европските вредности и интеграции, како дел од активностите со проектот „Европа е наш дом“.

13 октомври

Европската Комисија отвори истрага за случајот со наводна злоупотреба на ЕУ фондовите Еразмус плус од страна на Националната агенција за европски образовни програми во С.Македонија.

Анкета: Кога ќе имаме европска плата нема да нè интересира политика.

14 октомври

Првата македонска компанија лиценцирана за одгледување канабис за медицински цели „НЈСК Холдинг“ го отвори производствениот капацитет за кој инвестираше над 16 милиони евра.

Анкета: Младите нема да бегаат во Европа ако се применуваат европските вредности.

„Европа е наш дом“ во Тетово, Гостивар и Кичево. ЦИВИЛ одржа инфо-штанд посветен на промоција на европските вредности и интеграции, во општините Тетово, Гостивар и Кичево.

15 октомври

Заводот за статистика ќе го спроведе пописот на населението во април 2021, изјави Заев. Пописот на населението и резултатите никако не влијаат на Уставот, на Рамковниот договор или слично. Да се растовариме од оваа работа, порача премиерот.

Анкета: Со влез во ЕУ ќе се искорени говорот на омраза и ќе има владеење на правото.

16 октомври

Армијата на Република Северна Македонија како 30 земја членка на НАТО првпат директно учествува во мисијата КФОР. Во првата ротација 44 припадници на Армијата ќе се упатат во мисијата на НАТО во Косово

ЦИВИЛ одржа инфо-штанд посветен на промоција на европските вредности и интеграции, во општините Старо Нагоричане, Ранковце и Крива Паланка.

19 октомври

Груевски си купувал плацови со парите од донациите за ВМРО-ДПМНЕ, уапсен е неговиот кум Ристо Новачевски.

Претседателот Стево Пендаровски одговара на прашањето на ЦИВИЛ – „Во каква состојба е македонската национална безбедност и стабилност со оглед на зголемување на лажните вести, говорот на омразата, пред сè на етничката припадност и хибридните напади?

ЦИВИЛ го започна проектот ,,Обединети во различноста” во соработка со Министерството за надворешни и европски прашања на Луксембург.

20 октомври

Бугарија не бара од Северна Македонија промена на Уставот и решението не е преку потпишување на нов договор. Ние веќе имаме договор и треба да ги решаваме прашањата преку заедничките комисии, изјави премиерот Зоран Заев.

Градоначалникот на Општина Охрид Константин Георгиески, одговори на повикот на Зелен ЦИВИЛ за отворање на темата за зелените вредности, социјалната правда и антинационализам.

21 октомври

ДКСК го презентираше Посебниот извештај за утврдените злоупотреби во финансирањето на изборната кампања – Предвремени избори за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија–2020 година.

ЦИВИЛ Медиа постави прашање до портпаролот на Владата, Душко Арсовски за тоа дали Владата е подготвена да започне дебата за декриминализација и депенализација на канабисот и во кој формат?

22 октомври

Средба на Заев, Димитров и Османи со еврокомесарот Вархеји. Позитивните оценки за Северна Македонија во Годишниот извештај на Европската Комисија беше добра вест, но тоа е уште една силна причина повеќе да се работи уште повеќе на спроведување на реформите истакна премиерот Заев.

Анкета: Со влез во ЕУ ќе се искорени корупцијата која е рак-рана кај нас.

23 октомври

Јавна покана –Џабир Дерала  јавно го покани лидерот на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на интервју. Првиот дел од прашањата се објавени на ЦИВИЛ Медиа

ЦИВИЛ одржа инфо-штанд посветен на промоција на европските вредности и интеграции, во општините Прилеп, Могила и Новаци.

26 октомври

СДСМ го менува статутот и бојата, ќе бираат претседател на партиски избори.

Анкета: Заслужуваме да влеземе во ЕУ, да беше ВМРО-ДПМНЕ на власт ќе бевме уште 20 години назад.

27 октомври

Државната изборна комисија на денешната 89. седница ги потврди новите пратеници во Собранието.

Шкриељ: Основата на развојот на секоја индивидуа е образованието.

Зелен ЦИВИЛ ги праша граѓанските активисти колку национализмот е штетен за нашаето општество и како да се бориме против него.

28 октомври

Собранието со 70 гласа „за“ го донесе Законот за спречување и заштита од дискриминација.

Кржаловски: Национализмот се актуелизира особено во изборните циклуси.

29 октомври

Советот за безбедност во претседателската „Вила Водно“ ја одржа деветата седница за актуелната состојба со пандемијата на Ковид-19. Пендаровски и Заев: Нема никакви отстапки за преговор за нашиот идентитет и јазик.

Дерала го потсети Мицкоски на неодговорените прашања и му постави уште едно за говорот на омразата кон заболените од Ковид-19.

Кардула во интервју за ЦИВИЛ: Мора да покажеме зрелост и сите заедно да осудиме секаков вид на говор на омраза, тука нема компромис.

30 октомври

Средба Османи – Јанакакис: Грција продолжува да биде активен лобист и поддржувач на нашата европска перспектива..

Анкета: Сите сакаме да бидеме дел од Европа, имаме деца таму.

„Европа е наш дом“ со теренски активности во Свети Николе, Чешиново-Облешево, Карбинци, Кочани и Виница.

НОЕМВРИ

1 ноември

Пристигна дел од брзите тестови за коронавирус, тестирањето ќе биде бесплатно. Министерството за здравство соопшти дека денеска се пристигнати 3000 тестови, дел од донацијата од 13000 брзи тестови, кои се најнова технологија со која за 15 минути се утврдува дали кај тестираните е присутен вирусот КОВИД-19, и истите ќе бидат бесплатни за граѓаните.

Комисијата за заразни болести ќе и предложи на Владата работното време на угостителските објекти да се ограничи до 21 часот.

По повод Меѓународниот ден за прекинување на неказнивоста на злосторствата против новинарите, ЗНМ одржа прес конференција на која претседателот и членовите на Управниот одбор на Здружението упатија неколку важни пораки.

3 ноември

Владата ја прифати иницијативата за денот недела да биде прогласен за неработен ден

Брзите тестови од денеска бесплатни за граѓаните, на вчера тестираните ќе им бидат вратени парите.

4 ноември

Ребалансот на буџетот ја помина собраниската процедура и го отвори патот за спроведување на мерките од четвриот пакет мерки

Судија на претходна постапка и го одзема пасошот на поранешната директорка на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност Лидија Димова поради сомнение дека го сторила кривичното дело „измама на штета на средства на Европската заедница“.

Претставници на скопските пожарникари на средба со претставници од Градот Скопје и Владата го продолжија социјалниот дијалог за решавање на настанатиот проблем и наоѓање нови решенија за нивните синдикални барања.

5 ноември

Од денес на сила стапува Законот за изменување и дополнување на Законот за судски такси, со кој граѓаните ќе добијат големо намалување на трошоците кои ги имаат во судовите.

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при Министерството за внатрешни работи до Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „Злоупотреба на службената положба и овластување, при вршење на јавни набавки“, од чл.353 ст.5 во врска со ст.1 од Кривичниот законик, против четири члена на Државната изборна комисија и еден управител и сопственик на правно лице.

6 ноември

ДКСК ја запре постапката по предметот на претседателот на Врховен суд Јово Вангеловски за набавка на службено возило во вредност од 40 илјади евра, бидејќи по добиените информации се утврдува дека јавната набавка е целосно законска и не може да се утврдат никакви неправилности.

ЦИВИЛ јавно побара извинување за навреда и клевета од Бобан Кочовски, член на раководството на Левица

9 ноември

Меморандум -Северна Македонија, Србија и Албанија потпишаа Меморандум за соработка во услови на Ковид-19

Бугарија во Берлин прифатила нон-пејпер во кој не се доведува во прашање македонскиот идентитет и јазик.

Министерот за надворешни работи  Бујар Османи, заедно со министерката за надворешни работи на Република Бугарија, Екатерина Захариева, беа домаќини на состанокот на министрите за надворешни работи на Берлинскиот процес за Западен Балкан.

Министерот за правда Бојан Маричиќ учествуваше на онлајн конференција на министрите за правда, која се одржува под покровителство на грчкото претседателство со Советот на Европа.

10 ноември

Лидерите на земјите од Западен Балкан, учесници на Самитот во Софија во рамките на  Берлинскиот процес, ги потпишаа Декларацијата за заедничкиот регионален пазар за подлабоката регионална економска интеграција и за чекор кон единствениот пазар на ЕУ, и Декларацијата за зелената агенда, кои се изработени и усогласени во годината кога со процесот ко-домаќини се Република Северна Македонија и Република Бугарија.

Во собраниска процедура законски измени за задолжително пензионирање на 64 години.

Работодавачите може да поднесуваат барања за мерката исплата на плати на вработените за октомври.

11 ноември

Со Предлог Буџетот за 2021 година се планира раст на економијата во државава од 4,1 процент, буџетски приходи во износ од 212,6 милијарди денари и расходи од 247,5 милијарди денари, буџетски дефицит од 4,9  проценти од БДП, како и капитални инвестиции во износ од 23 милијарди денари, соопшти на прес-конференција премиерот Зоран Заев.

ДКСК „преплавена“ со постапки од граѓани кои бараат спас за разни судски постапки, работи спорови, денационалнизации, огаси за вработување, со еден збор за нефункциниорањето на другите институции во државата.

Пратеничката група на СДСМ во процедура го достави Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за работни односи кој предвидува задолжително пензионирање на 64 години возраст и 15 години пензиски стаж.

12 ноември

Министерката за образование и наука Мила Царовска учествуваше на меѓународен онлајн состанок на министрите за образование од земјите од Југоисточна Европа, чиј домаќин е Министерството за национално образование на Република Турција.

ДКСК апелира граѓаните кои пријавуваат корупција да дадат поконкретни наводи за да можат да постапуваат.

Министерот за финансии Фатмир Бесими денеска го достави Предлог-буџетот за 2021 година до претседателот на Собранието Талат Џафери.

13 ноември

Се одбележа 13 Ноември – Денот на ослободувањето на Скопје во Втората светска војна.

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен во телефонски разговор со премиерот Зоран Заев истакнала дека Северна Македонија е успешен и позитивен пример за Западен Балкан за остварените реформи.

Министерот за правда Бојан Маричиќ оствари онлајн средба со еврокомесарката за вредности и транспарентност Вера Јурова, на која дискутираше за клучните реформи во областа правда.

16 ноември

Зоран Заев ја доби наградата за човекови права за 2020 што ја доделува Фондацијата Фридрих Еберт, како што и самите изјавија поради решителниот курс на реформите на Заев на крајот ги наведе земјите-членки на ЕУ да започнат преговори за пристапување меѓу ЕУ и Северна Македонија во март, а успеа и  земјата да  се приклучи на НАТО како 30-та членка.

Министерството за економија почнува со реализација на пет мерки од четвртиот сет кои се директна поддршка за туристичките и угостителските работници кои беа погодени со пандемијата од Ковид-19.

17 ноември

Вето од Бугарија – Бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева потврди дека Бугарија не ја одобрила преговарачката рамка за Македонија на денешниот состанок на Советот за општи работи на Европската унија. За да почнат пристапните преговори со ЕУ, сите 27 земји мора да се согласат за содржината на преговарачката рамка.

Со поддршка на сет мерки за политички ангажман, техничка помош и инвестиции, Европската банка за обнова и развој ќе го поттикне приближувањето на земјава кон Европската унија.

19 ноември

ЦИВИЛ ја одржа конференцијата „Зелените доаѓаат 2020“ за зелени вредности, социјална правда и антинационализам.

Советот за безбедност и предложи на Владата да прогласи кризна состојба на територијата на цела држава во траење од 30 дена поради состојбата со коронавирусот во земјата

20 ноември

Државната изборна комисија (ДИК) го заклучи Избирачкиот список за изборите за градоначалник што на 13 декември треба да се одржат во Штип и во Пласница. Во Штип право на глас имаат 41.777 гласачи, додека во Пласница 4.954 гласачи.

Поголем број на инспектори на ниво на општини, на Град Скопје и во Инспекторатот за животната средина, нивна соработка со невладиниот сектор и медиумите и зголемена транспарентност, вклученост на граѓаните во пријавување на одредени загадувачи, и зголемени казни за загадувачите се најважните компоненти кои се потребни за решавање на проблемот со загадувањето на животната средина.

23 ноември

Европската комисија го презентираше својот редовен извештај за состојбата со аерозагадувањето во Европа, кој ги вклучува и шесте земји до западниот Балкан, во кој се оценува дека состојбата се уште е незадоволителна.

Министерката за образование и наука Мила Царовска одржа онлајн состанок со претставници од естонското и грузиското Министерство за образование, претставници од регионалните канцеларии на УНИЦЕФ и со претставничката на УНИЦЕФ во Северна Македонија, Патриција Ди Џовани.

Министерството за здравство и трите најголеми приватни болници, „Систина“, „Жан Митрев“ и „Ре-медика“, се договорија да соработуваат во борбата против КОВИД-19.

24 ноември

Парламентарните партии не отстапуваат од ставовите за онлајн работење на пратениците со Ковид-19

Министерството за правда веќе почна постапка за изготвување на нов Кривичен законик, во кој ќе бидат вметнати кривичните дела со кои ќе се подигне нивото на заштита на новинарите и медиумските работници.

25 ноември

Армијата ќе се вклучи во обезбедување на здравствените институции кои тоа ќе го побараат. Ќе се обезбедуваат клиниките во Скопје, поголемите болници во Скопје, како и болниците во Тетово, Битола, Гостивар, Дебар, Куманово, Штип, Велес…

25 ноември, се одбележува Меѓународниот ден за борба против насилство врз жените и девојчињата и родово базирано насилство, ден кој има за цел да ја подигне свеста за фактот дека жените ширум светот се жртви на силување, семејно насилство и други форми на насилство.

Министерката за образование и наука Мила Царовска го презентираше граѓанскиот буџет за идната 2021 година, проектиран на 23,1 милијарда денари.

26 ноември

Пратениците со 61 глас за, без ниту еден воздржан или против, одлучија по скратена постапка да биде разгледан Предлогот за дополнувања на Деловникот на Собранието на Република Македонија, со што треба да се овозможи пратениците кои се во изолација поради позитивен тест на КОВИД-19 или поради контакт со лице со позитивен тест да можат да се вклучат во работа на Парламентот од далечина или онлајн

Прилепскиот кризен штаб од главниот штаб во државава бара заострување и воведување дополнителни рестриктивни мерки.

Горан Мисовски и Фадил Зендели предложени за потпретседатели на Собранието.

27 ноември

ДКСК: Поголем дел од претседателите на основните судови не поднеле анкетни листови

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, ја претставуваше Република Северна Македонија на 42-риот состанок на Советот на министрите на Организацијата за црноморска  економска  соработка, што претставува наше учество првпат на овој форум, откако земјата пред само неколку дена стана полноправна членка на оваа организација.

30 ноември

Следната станица: Европа, ЦИВИЛ го стартува Фестивалот на слободата. По повод Меѓународниот ден на човековите права, 10 декември, ЦИВИЛ го организира мултимедијалниот Фестивал на слободата, кој оваа година е под мотото „Следна станица: Европа“. Фестивалот стартува на 1 декември со две панел дискусии, со централен мултимедијален настан што ќе се одржи во четврток на 10 декември, Меѓународниот ден на човековите права.

ВМРО-ДПМНЕ  ќе протестира во 11 градови, СДСМ смета дека Мицкоски работи против државата.

Во земјава околу 15.000 работни места се изгубени за време на корона пандемијата, соопшти денеска министерот за економија, Крешник Бектеши, повикувајќи се на податоците од Агенцијата за вработување

 

ДЕКЕМВРИ

1 декември

Фестивалот на слободата во организација на ЦИВИЛ, по повод Меѓународниот ден на човековите права, стартува со две панел дискусии „Изборни реформи: Желбите наспроти реалноста“, и „Пандемија и инфодемија“, во хотел Парк Резиденс, Скопје.

Во Скопје во дигитална форма почна деветтото издание на Самитот Македонија 2025.

3 декември

Панел дискусија на ЦИВИЛ со петте кандидати за градоначалник на Штип

Фестивалот на слободата во организација на ЦИВИЛ, по повод Меѓународниот ден на човековите права, продолжи во Штип, со панел дискусија со петте кандидати за градоначалник на Штип за предвремените локални избори закажани на 13 декември.

ВМРО-ДПМНЕ  продолжува со блокада на Владата и министерствата за надворешни работи и за правда, од 17 до 18 часот.

4 декември

Холандија не го поддржува бугарското вето. Холандската амбасада во Скопје вели дека се целосно неосновани и лажни вести известувањата во некои медиуми дека Холандија ѝ дала поддршка на Бугарија во блокирањето на преговарачката рамка за почеток на пристапните преговори на Северна Македонија со ЕУ.

Северна Македонија претседавач со ОБСЕ во 2023 година

9 декември

ЦИВИЛ со повик за против борба против корупција. На Меѓународниот ден на борбата против корупцијата ЦИВИЛ повикува принципиелност, одговорност и транспарентност на сите институции, потсетувајќи дека Законот важи за сите подеднакво и дека никој не смее да полага право на привилегираност само затоа што е на некоја функција.

Бучковски во Софија како специјален претставник на македонската Влада за Бугарија.

10 декември

На Меѓународниот ден на човековите права ЦИВИЛ со конференција за човекови права, правда и антикорупција

Собраниската Комисија за европски прашања во прво читање со десет гласа за и ниту еден против и воздржан го поддржа и го проследи во натамошна собраниска процедура Предлог-закон за попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, согласно кој треба да се овозможи одржување на оваа статистичка операција наредната година.

14 декември

100 дена Влада, „100 дена со граѓаните!

Владата донесе одлука за пренамена на дел од средствата за еднократна помош за 7.500 медицинските работници

15 декември

Околу 300.000 граѓани кои ќе добијат 6.000 денари како еднократна поддршка од државата средствата ќе можат да ги користат и после предвидениот рок 25 декември 2020 година.

Владата ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести, угостителските објекти ќе работат до 18 часот.

16 декември

Собранието со 61 глас „за“, без „против“ и без „воздржани“ ја изгласа одлуката за прогласување кризна состојба во државата до 30 јуни 2021 година. На седницата не присуствуваа пратениците од опозицијата.

Новата концепција за основно образование, со која повеќе предмети се интегрираат во еден предмет, а историја повеќе нема да се изучува како посебен, туку дел од општествените науки, министерката за образование и наука Мила Царовска ја објасни како промен која е во согласност со развиените земји, каде има интеграција на природни и општествени науки.

17 декември

 Владата ги усвои заклучоците во врска со информацијата за спроведување на планот за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот Регион.

Стапи  на сила новиот пакет на рестриктивни мерки кои ги усвои Владата на предлог на Комисијата за заразни болести, кој ќе важи до 21 јануари, соопшти Министерството за здравство.

18 декември

Чешка е длабоко разочарана што не беше одобрена Преговарачката рамка за Северна Македонија со која требаше формално да започнат пристапните преговори со ЕУ.

Државната комисија за спречување на корупцијата „со иднигнација и во целост“ ги отфрла искажаните обвинувања и паушални наводи објавени од страна на поранешниот претседател на Република Северна Македонија Ѓорѓе Иванов кон претседателката на Комисијата, Билјана Ивановска.

21 декември

Претседателот на Владата Зоран Заев ги презентираше проектите и програмите од владината „Акција 21 – за европски стандарди дома!” за 2021 година. Во „Акција 21“ се вклучени 10 приоритети, а број 1 на листата е прочистувањето на правосудството.

Министерството за животна средина и просторно планирање и Сојузот на стопански комори потпишаа Меморандум за соработка. Целта е изнаоѓање ефективни решенија за заеднички еколошки прашања кои ја поддржуваат потребата за одржлив развој.

22 декември

Чешка и Словачка го демантираат ВМРО ДПМНЕ за лажна вест: Никој од Скопје не влијаел на нашето вето. Амбасадорот на Словачка, Хенрик Маркуш, и заменик-амбасадорот на Чешка, Лубомир Пшенка, во заедничка изјава, велат дека не постои ентитет од Северна Македонија што влијаел на одлуките на Братислава и Прага да ги блокираат предлог-заклучоците на Советот на ЕУ за проширувањето.

23 декември

Сите ќе бидат вклучени во новата концепција за основно образование. Концептот е подготвен од релевантни универзитетски професори и наставници кои се во настава директно сега и можат да ги видат предизвиците. Универзитетските професори заеднички со наставниците изградија визија за тоа каква концепција за учење во основно образование треба да има во нашата држава. Најрелевантни се педагозите и психолозите, соопшти министерката за образование, Мила Царовска.

ДКСК  постапува по повеќе предмети оформени по пријави од укажувачи согласно Законот за заштита на укажувачите.

24 декември

ЦИВИЛ организираше панел дискусија „Млади, перспективи…“ посветена на теми кои ги тангираа младите оваа 2020 година и предизвиците со кои се соочија во време на пандемија со Ковид-19 и што можат да очекуваат во 2021, кои се перспективите има ли надеж за промени на подобро…

Започната е подготовка на Закон за дигитална агенција, која што ќе се оформи во текот на 2021 година, како централна институција за спроведување на процесот на дигитализација во општеството, но и целосна ИТ поддршка за државните институции

25 декември

ЦИВИЛ одржа конференција за перспективите за 2021 година со експерти, владини функционери, новинари, јавни личности .ЕУ интеграции, попис, избори, образование, борба против Ковид-19 и вакцинација, реформи, правда, антикорупција, борба против дезинформациите, технологии и иновации – се дел од темите што беа опфатени во говорите на 20-те учесници на конференцијата „Перспективи 2021“.

Во Изборниот законик ќе бидат вградени сите оние измени во однос на моделот на изборите за коишто ќе постигнеме консензус, изјави на прес-конференција министерот за правда Бојан Маричиќ

28 декември

Повлечен Предлог законот за изменување и дополнување на Изборниот законик.

29 декември

Силен земјотрес со интензите од 6,3 степени по Рихтеровата скала е регистриран во Хрватска во 12.20 часот. Епицентарот е  во близина на Петриње, 45 км југоисточно од Загреб. Во Загреб е предизвикана материјална штета и голем дел од градот е без струја.Подоцна беа регистирани уште два големи потреси од околу четири степени по Рихтер. Тоа е втор силен земјотрес што го погоди Загреб во оваа година, првиот се случи на 22 март.

Петриња и Сисак претрпеа најмногу штети во разорниот земјотрес што ја погоди Хрватска.

ЦИВИЛ објави електронска верзија на „Протест(и)“. Книгата „Протест(и)“ е заедничко дело на фотографот Александар Кондев и авторот Златко Теодосиевски и во неа се сместени фотографии и текстови настанати во времето на Шарената револуција. Ова дел е овозможено со финансиска поддршка од Министерството за култура и Фондацијата Отворено општество – Македонија.

30 декември

Обвинителите ќе се оценуваат врз основа на шестмесечен извештај со увид во шест предмети, а судиите врз увид во 10 предмети. Враќањето на довербата во правната држава може да се случи само преку ефикасно судство и јавно обвинителство. Европската Комисија како резултат на спроведувањето на стратегијата за реформа во правосудството со што се адресираат и препораките од итните реформски приоритети, Извештајот на Прибе и на Венецијанската комисија нотира добар напредок во правосудството во нашата земја, изјави министерот за правда, Бојан Маричиќ.

Антикорупциската комисија ќе покрене иницијатива пред Јавното обвинителство за поведување постапка за политичка партија за незаконско финансирање за време на изборната кампања на предвремените парламентарни избори.

Германската амбасадорка во земјава Анке Холштајн предаде донација вредна 16 илјади евра во Поликлиниката во Шуто Оризари. Станува збор за медицински материјал, кој е донација од Амбасадата на СР Германија преку Здружението на граѓани Центар за граѓанска иницијатива – Прилеп.

31 декември

Министерството за внатрешни работи најави посебен оперативен план за новогодишната вечер

Стоте пораки за обединување на различностите

Со преку 100 најразлични медиумски прилози за само два месеци, со бројни видео и ликовни пораки, колумни, интервјуа, анализи и цитати, ЦИВИЛ ја поведе Иницијативата „Обединети во различноста“, заедно со голем број јавни личности, експерти и претставници од различни сфери на општествено-политичкиот и академскиот живот во Северна Македонија. Иницијативата допре до преку 300.000 луѓе само 45 дена.

ЦИВИЛ  со новогодишна порака им посака Среќна Нова 2021 година на сите граѓанки и граѓани на Северна Македонија и на светот.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    131 shares
    Share 52 Tweet 33
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    93 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ