ЈАНУАРИ го одбележаа ратификувањето на Преспанскиот договор во Собранието на Република Северна Македонија, протестите против промената на името, потпишувањето на Законот за употреба на јазиците од страна на претседателот на Собранието, Талат Џафери, како и изгласувањето на Преспанскиот договор во грчкиот Парламент.
2 јануари
Претседателските избори ќе се распишат на 3 февруари, партиите почнуваат со подготовки.
Љубомир Јовески: Ако амнестијата за 27 април зависеше од мене и Русковска, тоа немаше да се случи. За нормално и ефикасно функционирање на обвинителството неопходни се 230 обвинители.
3 јануари
Заев: До крајот на мандатот, платата ќе достигне 500 евра.
Судот амнестира уште пет лица за 27 април.
Објавен јавен повик за избор на кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за претседател на Македонија
Од први јануари, социјаланата помош е зголемена за три пати и таа сега достигнува до 11.700 денари. Владата речиси ја изедначи со минималната плата, која изнесува 12.000 денари
5 јануари
МЖСПП апелира да не се палат бадникови огнови на отворено
Заев посакува консензуален кандидат за претседател, а ВМРО-ДПМНЕ со јавен повик за кандидатури
Синдикатот ја поздрави намерата на Владата за зголемување на минималецот
Дехари:Изградбата на фотоволтаичната централа во Осломеј добредојдена за Кичево
6 јануари
Макрадули: Коледарските огнови покажаа дека главен загадувач на воздухот во Скопје е греењето на дрва
7 јануари
ЦИВИЛ во „јануарска офанзива“ – ќе ги интензивира своите теренски активности и ќе го засили тонот на своите пораки во јавноста.
8 јануари
Поларен бран во Македонија, утрово се измерени -21 степен
Собранието почнува со работа. Последната фаза од имплементацијата на Преспанскиот договор започнува утре.
9 јануари
Започнува финалната фаза на уставните измени – денеска во 12 часот е закажана 75 седница на Собранието каде со шест точки на дневен ред започнува финалната фаза на уставните промени.
Протест на „Македонија блокира„ и „Тврдокорните“ со клетви и закани
Македонија годинава со економски раст од 2,9%
Кирацовски: Обезбедена е поддршката од 80 пратеници за уставните измени
Општина Гевгелија останува против отворање на рудници на нејзина територија
10 јануари
Продолжува седницата за уставните измени, се уште се преговара за парламентарно мнозинство
Македонија останува „хибриден режим“, според Индексот на демократија на британскиот неделник „Економист“.
Скопјанец заработи кривична, се заканувал на пратеници преку Фејсбук
11 јануари
Постигнат договор меѓу Беса и Заев
Обезбедено е мнозинство за гласање на уставните измени:
„Успеавме да постигнеме договор за конечноста на уставните амандмани и уставниот законик со што се обезбедува најмалку 2/3 мнозинство во Парламентот“, се вели во заедничко соопштение на Владата и новата пратеничка група од ВМРО ДПМНЕ и колицијата – осумте пратеници.
Исполнет македонскиот дел од Преспанскиот договор
Могерини и Хан со честитка за уставните измени, Столтенберг му се јавил на Заев
12 јануари
Заев: Да живее Република Северна Македонија!
ВМРО-ДПМНЕ и Алијанса бараат предвремени избори
Нимиц: Овој историски договор ја отвора вратата за мир и безбедност на Балканот
13 јануари
Македонија е извлечена од изолација – продолжуваме кон евроатлантска иднина – Владата со прес-конференција за уставните измени
По 30.000 денари за секое семејство: Државата ќе враќа ДДВ назад кај граѓаните
14 јануари
„Северна Македонија“ официјално излезе во Службен весник
Во саботата, 12 јануари, ден по изгласувањето на одлуката за прогласување на амандманите 33, 34, 35 и 36 на Уставот на Република Македонија, шестиот број на „Службен весник“ ја објави промената на името.
Договорот од Преспа чека ратификација и од грчката страна
Џафери го потпиша Законот за јазиците
15 јануари
Законот за јазици објавен во службен весник
Претседателски избори на 21 април
Денеска почнува расправата за изгласување доверба на грчката влада
16 јануари
Владата на Ципрас ја доби довербата од парламентот со 151 глас „за“
Охрид, Дебар и Ново Село со избори за градоначалници паралелно со претседателските
17 јануари
Ристоска: СЈО ќе ја врати довербата кај граѓаните
Собранието го изгласа Закон за спречување на корупцијата и судир на интереси.
И осудениот тепач на Села успеа да побегне
Вицепремиерот Бујар Османи ги потпишал првите двојазични документи
18 јануари
Пазарџиите излегоа пред Собрание
Надлежните со препораки за енормно загадениот воздух
19 јануари
Владата уверува дека сите вмешани во бегството на Груевски ќе бидат изнесени пред правдата
Нетранспарентен и проблематичен процес на воспоставување на надзорот врз безбедносните служби
Скопје синоќа на првото место на листата на најзагадените градови во светот
20 јануари
Ситуацијата во штипскиот затвор е мирна
21 јануари
Бесплатен превоз и денеска поради загадениот воздух во Скопје
Бремените жени, лицата постари од 60 години и хронично болните се ослободени од работа
22 јануари
Венецијанската комисија ќе го оценува Законот за јазиците
Владата ги прекинува мерките и препораките против аерозагадувањето
Започна постапката за избор на нови членови на ДКСК
23 јануари
250 грчки интелектуалци со поддршка на Преспанскиот договор
ОЈО нема да ги гони социјалните работници за силуваното девојче од ,,25 Мај”
25 јануари
Грција го изгласа Договорот од Преспа, честитки на социјалните мрежи разменија и премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас
26 јануари
Заев: Преспанскиот договор стави крај на незавршениот мир на Балканот
28 јануари
Возачките меѓу Македонија и Косово се признаваат
Петров не се премислил, ќе собира потписи за нов референдум
29 јануари
Снимките од бегството на Груевски се „автоматски избришани“
Македонија и Косово се најкорумпирани земји на Балканот
Усвоен законот за јавни набавки
30 јануари
Груевски конечно без пратеничка плата – Собранието ги изгласаа дополнувањата на Законот за пратеници
Жените сами ќе одлучуваат за абортусот
Врховен разгледува иницијатива за истрагите на СЈО
31 јануари
„Бомбите“ влегуваат во историја според мислењето на Врховниот суд
Курц додели медал на Заев за посебни достигнувања за мир и единство во Европа
31 јануари
Џафери ги води седниците на албански јазик, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ја напуштаат салата
Претседателските избори се распишуваат на 8 февруари, гласањето на 21 април и 5 мај
Груевски е организатор на Крвавиот четврток на 27 април 2017 година – рече обвинителката Вилма Русковска, парафразирајќи го сведокот С1, во своите завршни зборови на судењето за настаните на 27 април 2017 година.
Во ФЕВРУАРИ од позначајните настани се издвојуваат потпишувањето на протоколот за прием на земјата во НАТО од страна на 29 земји членки на Алијансата, распишувањето на претседателските избори, почетокот од имплементацијата на Преспанскиот договор, првата седница на новата Државна комисија за спречување на корупција и судир на интереси.
1 февруари
Заев и Ципрас ќе бидат наградени на Минхенската безбедносна конференција
Притворени поранешни министри за земјоделство
Ако не се забрани увозот на отпад во Македонија, цела земја ќе се претвори во депонија, предупредува „Еко-Герила“
2 февруари
Шведска отпушти илјадници административци во еден ден
5 февруари
Македонија во редот на делумно слободни земји, според најновиот извештај на Фридом хаус „Слободата во светот 2019“
Ќе се отстрани железната ограда околу Владата
6 февруари
ОЈО: Никој не е одговорен за бегството на Груевски
„До овој момент надлежниот обвинител нема утврдено постоење на кривична одговорност на службени лица кои помогнале или учествувале во организирањето и реализацијата на бегството на сега осудениот Никола Груевски.“
Македонија од денеска со свое место во НАТО
Амбасадорите на 29 земји членки на Северно-атлантската алијанса денеска во седиштето на организацијата го потпишаа Протоколот за членството на Македонија во НАТО.
Уште една државна агенција, овојпат за спроведување на законот за јазици
7 февруари
Владата без оградите од „Скопје 2014“
8 февруари
И официјално, Македонија во изборен процес
Собранието го изгласа новиот состав на Антикорупциска
9 февруари
Стафансон: Мал чекор за човештвото, но огромен позитивен чекор за регионот
Почеток на примената на Преспанскиот договор
Заев вети дека одлуката за Иловица ќе се донесе заеднички со граѓаните
11 февруари
Од денеска Република Северна Македонија – натписот „Влада на Република Македонија“ веќе е отстранет од фасадата на владината зграда.
Пожар во затворот Идризово, изгорела кровна конструкција
Ѓорѓи Филипов прв кандидат за претседател на повикот на СДСМ
Собранието ќе одлучува кои прашања ќе влезат во претстојниот попис
12 февруари
И официјално, од вечерва сме Република Северна Македонија, Владата почна и официјално да го применува новото уставно име
ДЗР – дециден: Извештајот за загадувањето е точен!
Епидемијата од морбили ги зема и првите жртви
Шекеринска за првпат на Северноатлантскиот совет
СДСМ пресече: Нема предвремени парламентарни избори!
13 февруари
Автобуска несреќа кај Ласкарци
Од денеска, Северна Македонија на јужната граница
Прва седница на новоформираната ДКСК
Филипче: Загарантирано работно место на сите млади лекари
Владата ќе ги чешла вработувањата
14 февруари
Дводневна жалост, 14 загинати во автобуската несреќа кај Ласкарци
Во Скопје секој трет ден е токсичен
Шекеринска и Апостолакис: Нашите влади имаат храброст да тргнат кон иднината
#ИЈасМожам – граѓаните нудат помош за семејствата на повредените кај Ласкарци
И Албанија го ратификуваше пристапниот Протокол за членство на Северна Македонија во НАТО
Три дена на жалост во Гостивар, комеморација за загинатите
15 февруари
Словенечки пратеник поднесе оставка откако украде сендвич
Спасовски: Покренати се постапки за говор на омраза за трагичната сообраќајка
ДИК со забрзани подготовки за претседателските избори
ДКСК отвори 18 предмети за роднини на функционери и пратеници
16 февруари
МВР со акција за спечување на терористички напад, детали нема
Згасна петнаесеттиот живот од трагедијата во Ласкарци, други се борат за преживување
17 февруари
Се формира нова партија на Ромите
18 февруари
Заев-Ахмети ќе продолжат со консултации за претседателски кандидат, консензус сѐ уште нема
Гаши формира нова партија – „Беса“ останува на Касами
Државата и Скопје на меѓународен суд заради загадувањето
19 февруари
Спираки: Официјално име на соседот е Северна Македонија
Oтворање на првата регионална Академија за сајбер безбедност во Скопје
Мајката на пратеникот Костадинов дала отказ од морални причини
Северна Македонија и Грција ги намалуваат цените во роаминг
20 февруари
Уапсени Велјановски, Ристовски и Јанакиевски, осомничени како организатори на 27 Април
Џафери-Карајанчева: Ратификација на Протоколот е значаен чин за граѓаните на двете држави
Отфрлена кривичната пријава на Светскиот македонски конгрес против Димитров и Заев
21 февруари
Од синоќа на полноќ, во Грција само со македонски пасош
Џафери му го врати на судот барањето за одземање на имунитетот на Вељановски
Јанакиевски и Ристовски претепани во затворот Шутка
22 февруари
Заев и Дескоска бараат оставка од директорот на Шутка
23 февруари
26 февруари
Најчевска: Казната од МВР за фрлање боја е обид да ме замолчат да не ја критикувам власта
27 февруари
Џафери ја префрла одговорноста на судот во случај на бегство на Вељановски
Заев и Ахмети се договорија за консензуален претседател, за другите проблеми, ни збор
Амди Бајрам заспа во собраниската сала, пак!
28 февруари
ИВЗ против новиот закон за прекин на бременоста
Професор д-р Блерим Река – независен кандидат на претседателските избори
За статусот на СЈО нема двотретинско мнозинство
Посетата на Филип Рикер на Северна Македонија, издавањето на меѓународна потерница за Груевски и Бошковски, обелоденувањето на тројцата кандидати за претседател на земјата, средбата Заев – Мицкоски зад затворени врати, приведувањето на Чавков, пресудите за крвавиот четврток, апсењето на Стевчо Јакимовски, намалувањето на затворската казна за Јанкуловска, постапките кои ги поведе ДКСК против неколку функционери вклучително и тогашниот претседател Иванов и поплавата во просториите на СЈО се дел од поважните настани во МАРТ.
1 март
Стево Пендаровски официјално кандидат за претседател
Хрватска и Црна Гора го ратификуваа Протоколот за македонското членство во НАТО
Бејли се поздрави со Северна Македонија
ДКСК и ЦИВИЛ ќе соработуваат во борбата против корупцијата
Уште 30 дена притвор за Мијалков
3 март
Пендаровски го посети седиштето на ДУИ во Тетово – Кандидатот за претседател на државата поддржан од политичките партии на сите заедници во земјата, Стево Пендаровски, го посети седиштето на ДУИ каде што денеска се одржа централно собрание токму за утврдување на неговата кандидатура.
4 Март
Рикер во посета на Северна Македонија
Вељаноски се врати на работа, откако Собранието не успеа да изгласа одземање на пратеничкиот имунитет
Врховен ги ослободи бизнисмените од „Империја“
Државната изборна комисија, Државната комисија за спречување на корупција и Државниот завод за ревизија потпишаа Меморандум за соработка за време на претседателските избори.
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска до Министерството за внатрешни работи достави наредби за издавање на централни и меѓународни потерници за Груевски и Бошковски.
5 март
СЈО станува дел од ОЈО откако Владата го усвои Законот за Јавно обвинителство во кој е регулиран статусот, автономијата и надлежностите на СЈО. Со новото законско решение тоа ќе стане дел од системот на Јавното обвинителство.
Претседателски избори со тројца кандидати
Утврдени новите имиња на државните, јавните и институциите финансирани од Буџетот на РСМ
6 Март
Законот за попис се усогласува меѓу коалициските партнери
Бошњаковски: Нема да има промена на химната
Министерството за внатрешни работи му поднесе кривична пријава на екс градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и уште 3 лица за злоупотреба на службената положба.
Кој се спаси од бомбите? Прислушуваните разговори за предметите „Маѓар телеком“, „Монструм“ „Талир 1“ и „Талир 2“ нема да можат да се користат како докази во постапките, бидејќи се преземени по 30 јуни 2017 год.
7 Март
Пендаровски тврди дека е следен од тајна разузнавачка служба
Законот за дискриминација ја вжешти атмосферата во Собранието. Најголем противник во собраниската сала беше пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев кој во неколку наврати ги прашуваше пратениците на СДСМ и министерката Царовска зошто во новиот закон е избришана дефиницијата за брак, што значи флуидниот родов идентитет и кој е ставот на поддржувачите на законот за тоа дали бракот е можен само помеѓу маж и жена.
За неколку часа собрани 15 илјади потписи за Пендаровски
ДКСК поведе постапка против претседателот Иванов за унапредувањата во АРМ
ЦИВИЛ бара вистинско и доследно почитување и унапредување на правата на жените
8 март
Мијалков и Ибрахими во Шутка, Тачи да се јави на суд. Судот им одреди мерка притвор на екс директорот на УБК Сашо Мијалков и на поранешниот член на ДИК, Бедредин Ибрахими, откако судијата Огнен Ставрев го прифати барањето на обвинителката Фатиме Фетаи. Мендух Тачи, Сашо Мијалков, Влатко Стојановски, Сашо Срцев и Анета Стојановска добија 3 години затворска казна, а Бедредин Ибрахими 4 години и 6 месеци, во завршницата на Титаник 2.
Одбележување на меѓународниот ден на жената – „Нејќам цвеќе, сакам права!“
9 март
Автопатот кон Штип е готов, но не е готов. По реакциите на револтираните возачи кои до редакцијата на ЦИВИЛ Медиа се пожалија дека автопатот Штип – Миладиновци е затворен за сообраќај, го прашавме портпаролот на Министерството за транспорт и врски, Кире Коцевски, кога автопатот конечно ќе биде пуштен во сообраќај.
10 март
Заврши рокот за собирање потписи за кандидати за претседателските избори. Стево Пендаровски, Гордана Силјановска и Блерим Река се единствените кандидати кои до истекот на рокот на полноќ, успееја да ги соберат потребните 10.000 потписи.
Средба Заев – Мицкоски зад затворени врати.
На средбата, според изјавата на Мицкоски, се зборувало за барањето на неговата партија за обезбедување кредибилен изборен процес. Тој го сподели и чувството на политички прогон. Премиерот ја извести јавноста дека со Мицкоски разговарале за организирање фер и демократски избори.
„СДСМ го поддржува кандидатот Стево Пендаровски, ние сме фаворити на овие избори“ – изјави Заев – „Разговаравме и за сите мониторинг мисии. Дури отворивме иницијатива да ги дополниме местата со мониторинг“.
11 март
Собранието го усвои Законот за заштита од дискриминација
Кочан доби 4,8 години затвор за „Труст“
БЕСА реагира дека Албанците се изоставени
Кои сè закони не ги потпишал Иванов? Од Кабинетот на претседателот на Собранието, Талат Џафери, сооштија кои 11 закони не биле потпишани од претседателот Ѓорѓи Иванов. „Претседателот на Република Северна Македонија, Ѓорге Иванов, не ги потпиша Указите за прогласување на 6 закони донесени на 28.02.2019 година
12 март
Поплава во СЈО, уништена е документација за три предмети: Империја, Триста и Шпион. Граѓаните се организираа за масовно сушење на доказите.
Спасовски ја „преживеа“ интерпелацијата. Во Собранието не помина интерпелацијата за министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Пратениците вчера, со 59 гласа „против“, 20 гласа „за“ и 10 воздржани, гласале Спасовски и натаму да раководи со полицијата. Барањето за интерпелација отвори жестока дебата во Парламентот.
Џафери ќе одлучува за законите вратени од Иванов
13 март
Пензија и за тие што немаат стаж
Жбогар: Очекувам Северна Македонија да добие датум за преговори со ЕУ
Чавков е приведен за да не избега од државата
Граѓанските организации бараат да се повлече предлог-законот за Јавно обвинителство. Законот за Јавното обвинителство е еден од клучните закони преку кој ќе се цени спремноста на нашата држава да создаде правна основа за сериозна борба против криминалот и корупцијата, велат од Министерството за правда.
14 март
Приведени се газдата на „Дурмо турс“, возачот и уште пет лица за несреќата кај Ласкарци
Стејт департментот оцени дека корупцијата е најголем проблем во Северна Македонија
Литванија го ратификува протоколот за членството на Северна Македонија во НАТО
Собранието расправа за формирање на ново министерство
ВМРО-ДПМНЕ не ги сака гласовите на Албанците за Силјановска
15 март
Вкупно 211 години затвор за обвинетите од „27 април“.
Германската амбасада и Амбасадата на САД во земјава се огласија по изјавата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски дека судењето за настаните од 27 април ќе биде практично Нирнбершки процес, серија судења од 1945 до 1949 година на политичкото, военото, судското и економското раководство на нацистичка Германија.
ДКСК објави дека ќе врши проверка на имотот на претседателот Ѓорге Иванов, кому функцијата шеф на државата му истекува на 12 мај.
Ауди А6 од 70.000 евра не е луксузен автомобил – обични граѓани возат автомобили од 100.000 евра – изјави градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко.
18 март
СДСМ и ВМРО – ДПМНЕ во клинч за СЈО. Партиските работни групи, што се формираа по средбата на лидерите Зоран Заев и Христијан Мицкоски, ги почнаа преговорите кои според најавите, ќе бидат долги и за денеска не се очекуваат конкретни резултати. Освен претставниците на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, на средбата ќе присуствува и пратеникот на ДУИ, Артан Груби, кој претходно не беше најавен.
Заев: Ќе нема нова амнестија, не верувам ни дека Иванов ќе амнестира
Вкупно 53.972 граѓани извршиле увид во Избирачкиот список
19 март
Стевчо Јакимовски е уапсен. Тој и двајца негови соработници од општина Карпош беа уапсени под сомнение дека ја злоупотребиле службената должност.
Специјалното јавно обвинителство и понатаму е пречка меѓу власта и опозицијата. Работните групи на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ не најдоа заеднички јазик околу обвинителството на Катица Јанева. Опозицијата бара СЈО да ја загуби автономијата и да се вклопи во обвинителството за организиран криминал.
Русија ја признава Северна Македонија
Заев-Могерини: Работиме напорно за да испорачаме резултати.
20 март
Кацарска: Иванов нема право да амнестира
Кандидатите за претседателна државата треба да ги достават своите кандидатури до Државната изборна комисија најдоцна до четврток на полноќ. Својата кандидатура со собрани потписи ја достави независниот кандидат Блерим Река.
ДКСК затвора два случаи за непотизам, а отвора нов за изборни вработувања во АВМУ
Куќен притвор за Стевчо Јакимовски
21 март
Во ДИК беа доставени потписите за кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ и коалициите, Гордана Силјановска-Давкова и Стево Пендаровски, а претходно беше поднесена и кандидатурата за Блерим Река кој доби поддршка од Беса и Алијанса за Албанците. Трите кандидатури се очекува и официјално да бидат потврдени на денешната седница на ДИК.
Филип Петровски ќе ја тужи ДИК
Во странство ќе гласаат вкупно 1.781 граѓани за претседателските избори
22 март
ИВЗ се заканува пред избори – Владата размислува за тужба
Со ждрепка одлучен редоследот на претседателските кандидати на гласачкото ливче
За ВМРО-ДПМНЕ амнестијата на криминалот е поважна од Законот за Јавно обвинителство
23 март
Пендароски во кампања со слоган „Заедно напред“
Османи: Паралелно со преговорите, ќе бараме и двотретинско за СЈО
24 март
Граѓаните сакаат да ги слушнат сите „бомби“, но се скептични за судска разврска
25 март
БЕСА: СЈО да не се претопи во ОЈО, па да стане нефункционално. Тие бараат СЈО да добие продолжен мандат и „бомбите“ да останат докази, а не го сметаат за добро решение тимот на Катица Јанева да влезе во редовното обвинителство како специјално кое ќе гони криминал од висока корупција.
Спасовски: И со еден случај на говор на омраза може да се предизвикаат несогледливи последици
Изборна хроника: Преовладува црната кампања
26 март
Против професионалниот војник Татјана Лазаровска ќе биде поведена дисциплинска постапка и ќе биде предложена најстрога казна, односно да ѝ прекине ангажманот во Армијата на Република Македонија, откако таа преку статус на Фејсбук шири говор на омраза со повикот да му се даде Нобелова награда на напаѓачот од Нов Зеланд, каде беа убиени 50 лица.
Компанијата „Фејсбук“ соопшти дека отстранила повеќе лажни профили од Северна Македонија, Косово, Иран и Русија. Станува збор за профили за кои е наведено оти е забележано „координирано неавтентично однесување“.
27 март
ДКСК со фокус на корупцијата во судството
Изборна хроника – Се навестува валкана кампања со ниски удари!
Во Собранието беше изгласан Законот за изменување и дополнување на Законот за организација и работа на органите на државната управа, според кој ќе се формира ново Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците.
28 март
Гордана Јанкуловска поранешната министерка за внатрешни работи, доби 4 наместо 6 години затворска казна за случајот „Тенк“ одлучи Апелацискиот суд во Скопје
Апелациониот суд Скопје им ја замени мерката притвор на Сашо Мијалков и Бедредин Ибраими со куќен притвор до правосилност на пресудата за случајот „Титаник 2“
Не падна пазар за „бомбите“, Дескоска контра Џафери
Власта и опозицијата се договорија да се договорат. Со други зборови, не успеаја да дојдат до договор за 65-те амандмани на опозицијата за законот за Јавно Обвинителство, во кој треба да се реши и судбината на Специјалното јавно обвинителство.
29 март
Мијалков ослободен од домошен притвор за случајот „Империја“
Вкупно 1.808.131 граѓанки и граѓани ќе можат да гласаат на претседателските избори
30 март
Гроздановски лишен од слобода. Лицето коешто преку видео објава на својата фејсбук страница им се закани по живот на премиерот на Република Северна Македонија и други лидери на политички партии, Гроздановски бил задржан во Полициската станица Тетово, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
САД и Холандија со поддршка за СЈО
31 март
Кандидатите за претседатели Стево Пендаровски, Гордана Силјановска и Блерим Река, денеска во просториите на Државната изборна комисија, потпишаа Кодекс за фер и демократски избори.
Во АПРИЛ започна кампањата за претседателските избори, Алексис Ципрас ја посети Северна Македонија, ЦИВИЛ ја покрена иницијативата за прогласување на 12 април за ден на протестите, која ја поддржа и тогашниот кандидат за претседател, Стево Пендаровски, се одржа првиот круг од претседателските избори, ИВЗ ја следеа низа скандали, а претставници на Шарената револуција ги повикаа кандидатите Силјановска и Пендаровски #НаМегдан.
1 април
Започна кампањата за шестите претседателски избори, каде за доверба од народот ќе се тркаат Стево Пендаровски, Гордана Силјановска Давкова и Блерим Река
УЈП започнува со достава на годишните даночни пријави до граѓан(к)ите
2 април
Историска посета на грчкиот премиер во Северна Македонија
Шарените се оградуваат од Силјановска
Парламентарна кампања на претседателски избори
3 април
ДКСК упати повик до јавноста за пријавување на сите изборни нерегуларности
ЦИВИЛ до Државната изборна комисија достави пријава за кршење на Изборниот законик. Се работи за случајот со претседателската кандидатка Гордана Силјановска – Давкова и политичката партија ВМРО-ДПМНЕ кои на ден 25.03.2019 година одржаа организиран јавен настан во Штип на кој е претставена учесничката во изборната кампања, што претставува предвремено започнување на изборната кампања, спротивно на Изборниот законик.
4 април
Жбогар се надева дека ќе се постигне договор за СЈО
Полска и Словачка го ратификуваа Протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО
И вработен во МВР шири говор на омраза на Фејсбук
5 април
Со барања за амнестија нема право и правда во нашата држава
Случај на политичка злоупотреба на децата
Димитров на средба со министрите за надворешни работи на НАТО сојузниците
6 април
Кампањата на кандидатите за претседател на државата пред широката јавност и понатаму продолжува во ист манир. Никако сами, постојано во придужба на високи партиски функционери, коишто на секој можен начин си ги промовираат своите партиски програми на претседателска кампања. И понатаму, кампањата може слободно да се нарече парламентарна.
7 април
Политичка злоупотреба на деца кај Силјановска и Ахмети
Изборите повторно ја разбудија антимигрантската хистерија
8 април – ДИК задоволен од досегашните активности за претседателските избори
Донации на смрзнат имот за време на изборна кампања
9 април
Притвор за поранешниот телохранител на Мијалков
Сите аспекти на претседателските избори.
Во екот на предизборието, како дел од долгорочниот мониторинг, но и со цел да ги поддржи напорите за спроведување на слободни, фер и демократски изборен процес, ЦИВИЛ – Центар за слобода започна серија работни средби со повеќе високи претставници на институциите, граѓанското општество, медиумите и експертската заедница.
10 април
ЦИВИЛ ја организираше конференцијата „Какви избори-таква иднина“ на која присуствуваат најрелевантните луѓе од земјата кога станува збор за изборните процеси.
Дерала: ЦИВИЛ нотира злоупотреби, говор на омраза и низа слабости во изборниот процес
11 април
Иванов доследен на молкот од изминатите 8 години. И по една недела откако кабинетот на претседателот на државата потврди дека се примени барања за амнестија на осудените за нападот на Собранието и пратениците на 27 април, од Иванов се уште ни трага ни глас.
Стафансон: Политичките партии итно мора да го решат статусот на СЈО
Премиерот Зоран Заев тврди дека претседателот во заминување, Ѓорѓи Иванов, нема ниту законска можност, ниту доволно време за да дава некаква амнестија или аболиција.
12 април
ЦИВИЛ ги повика сите граѓанки и граѓани заеднички да го одбележат 12 април како Ден на протестот во чест на сите протести против неправдите, во име на демократијата, правдата и човековите права и слободи во Република Северна Македонија.
Според најавите, ЦИВИЛ ќе ја достави иницијативата за прогласување на 12 април за Ден на протестот (алтернативен назив е Ден на граѓанскиот непокор)
Извештаите поднесени на време, ДИК го продолжи рокот за набљудувачи
14 април
Државната изборна комисија ги објави поднесените финансиски извештаи на политичките партии и на претседателските кандидати, учесници во претседателските и предвремените локални избори во Охрид, Дебар и Ново Село.
ЗНМ бара извинување од Христијан Мицкоски за етикетирањето на медиумите. Здружението на новинарите на Македонија смета дека говорот на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, со кој етикетира медиуми е непримерен и недоличен за еден лидер на политичка партија, реагираат од здружението по неговиот говор во Крушево.
15 април
Кривичниот суд му го укинал куќниот притвор на поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески за предметот „Титаник“, кој се однесува на изборни нерегуларности. Јанакиески останува затворен дома за настаните од „27 април“ каде е осомничен.
Законот за јавно обвинителство тапка во место
Нови 30 дена притвор за екс шефот на кабинетот на Мијалков
16 април
Преспанскиот договор меѓу Северна Македонија и Грција може да поттикне решенија и на другите отворени прашања на Балканот, вели еврокомесарот за проширување на Европската Унија Јоханес Хан.
Комисијата за заразни болести донесе заклучок да биде прогласена епидемија на мали сипаници на територија на целата држава.
Вељаноски на распит во обвинителство за „27 април“
Кршење на Роковникот „по сите правила и прописи“
17 април
Вратените закони на повторно гласање во среда
Министрите на ДУИ ја злоупотребуваат службената положба
Антикорупциската комисија ќе иницира прекршочни постапки за градоначалниците на Општина Гази Баба и на Општина Штип за прекршување на Изборниот законик и на Законот за спречување на корупцијата и судир на интереси.
18 април
Могерини: Голема стратешка грешка ако ЕУ во јуни не ги почне преговорите со Северна Македонија
Репортери без граници: Државниот радиодифузер уште им служи на интересите на ВМРО-ДПМНЕ.
Започна дистрибуцијата на изборниот материјал
19 април
Осомничениот организатор на насилниот упад во Собранието на 27 април 2017 година Миле Јанакиески по денешното судење како нарачател на насилствата во Општина Центар во јуни 2013 година, во 12 часот треба да оди на распит пред обвинителката за организиран криминал Вилма Рускоска
Политичкото финансирање нејасно и неизвесно
Уште еден случај на искористување деца во политичка кампања
20 април
Своето гласачко право можат да си го остварат граѓаните од дијаспората, на 32 гласачки места во дипломатско конзуларните претставништва. Од дијаспората се пријавени 1.782 гласачи. Гласаат и 3.539 болни и немоќни лица, 1.640 затвореници и притворени лица, 71 лице во старски домови и 7 раселени лица пријавени во ДИК за гласање.
Најголема излезност во Прага и Будимпешта, најмала во Истанбул на денешниот изборен ден
Тешко кршење на изборниот молк уште на самиот почеток
21 април
Претседателски избори, прв круг. Изборната администрација предизвикала најголем број на нерегуларности.
22 април
Релативно мирни избори, мали инциденти и очекувани резултати
Дебар избра градоначалник. Охрид и Ново Село ќе го изберат својот градоначалник во вториот круг заедно со претседателските избори. Неважечките 103 ливчиња се причина да нема избор на градоначалник на Општина Ново Село. Во Охрид, пак, ниту еден од петтемина кандидати за градоначалници ги нема добиено потребните 50% плус еден глас за победа во прв круг.
Чавков и четворица осудени за „27 април“ побараа да бидат пуштени од Шутка
23 април
Поништено избирачко место во Ѓорче Петров, разрешени два избирачки одбора
Бесир Беља и Скендер Демири добија затворски казни од по 19 години, двајца од тројцата обвинети, за убиството на Никола Саздовски Саздо.
ДУИ ќе тропа од врата на врата за Пендаровски
24 април
Скандали ја тресат ИВЗ, Реџепи повторно шири говор на омраза
Бошњаковски: Владата не се меша во работата на верските заедници
ДКСК го отфрли приговорот на ВМРО-ДПМНЕ за општина Ѓорче Петров
Антикорупциска поведе прекршочни постапки за непотизам
25 април
Поништени три гласачки места во Кавадарци и Куманово
Министерот Бектеши ќе плати казна до 500 евра, иако не влијаел при вработувањето на сестра му
26 април
Во родното место на Ахмети, Зајас, повеќе гласови отколку гласачи
Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан во интервју за германската агенција ДПА, изјави дека може да се дестабилизира целиот Балканиски регон, доколку се одложат пристапните преговори на ЕУ за земјите од Западен Балкан, што покажале како што е Северна Македонија.
27 април
Две години од „крвавиот четврток“
28 април
Премиерот на Северна Македонија, Зоран Заев и лидерите од западен Балкан, меѓу кои и претседателите на Србија и на Косово Александар Вучиќ и Хашим Тачи учествуваат на состанок во Берлин, на кој присуствуваат германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Емануел Макрон.
Последна недела од претседателската кампања
29 април
ДУИ „воскреснува“ во претседателската кампања
30 април
Пораки од Конференцијата за Западен Балкан во Берлин
Гордана Силјановска Давкова, по средбата со „Левица“, одговарајќи на новинарско прашање за повикот на Шарените, едноставно, одби да се појави #НаМегдан. Според неа, „невозможно е да се биде со власта и да се биде револуционер“ и, како што рече, знаела што е да се биде револуционер.
Заев: Време е за одговорни чекори за Северна Македонија и за Западен Балкан
Вториот круг од претседателските избори, победата на Стево Пендаровски, укинувањето на куќниот притвор за Мијалков, посетата на папата во Скопје, доставувањето на иницијативата на ЦИВИЛ за укинување на привилегиите во Собранието, оставката на Павле Богоевски од пратеничката функција, бомбите на Ел Чека за ДУИ, седницата на Централниот одбор на СДСМ и најавувањето на „метлата“ на Заев се настаните кои го одбележаа МАЈ.
1 мај
2 мај
Заев се повлекува од Советот за судски реформи
Царовска: Работењето за време на празници треба да се пријави и исплати
3 мај
Пендаровски #НаМегдан одговори 20 директни прашања, Силјановска одби да учествува
ДИК потрошила само 48 милиони за исплата на медиумите за изборната кампања
ДКСК ги одби приговорите на ВМРО-ДПМНЕ
Светски ден на слободата на медиумите
6 мај
Пендаровски ја победи Силјановска со 58.499 гласа разлика
Министерот за култура Адеми поднесе оставка
Мијалков излегува од куќен притвор
7 мај
9 мај
Заев во европската видео честитка по повод 9 Мај
Happy #EuropeDay 🇪🇺
with: @FedericaMog@AntonioGuterres@CAFreeland@DenisMukwege
@JulieBishopMP@JuanManSantos@Zoran_Zaev@AUC_MoussaFaki@JensStoltenberg@AbeShinzo@JacindaArdern@PresidentRuvi@AshrafGhani@Zourabichvili_S@BillGates@KingAbdullahIIpic.twitter.com/YhxTGgcSim— Twiplomacy #DigitalDiplomacy (@Twiplomacy) May 9, 2019
Интерпол не објавува потерница за Груевски
10 мај
Нова средба за Законот за јавно обвинителство
Чавков не се сеќава дали дал наредба да се апси Љубе Бошкоски
ДКСК ќе ги преиспитува вработувањата во УЈП и АД „Аеродроми“
12 мај
Стево Пендаровски, нов станар во претседателската вила на Водно
14 мај
Лицата со попреченост ќе можат да се возат во автобус со своите кучиња придружници
15 мај
Џафери даде зелено светло за одземање на пратеничкиот мандат на Груевски
Царовска: Идентификувани 167 деца на улица меѓу кои и 18 бебиња
16 мај
Владиниот портпарол Бошњаковски заминува кај претседателот Пендаровски
Управниот суд го поништил решението на Антикорупциска за градоначалникот Максим Димитриевски
17 мај
ЦИВИЛ ги достави барањата до Собранието на РСМ за намалување на привилегиите на функционерите
Дерала: Пораката е едноставна – крај на расипништвото!
Mеѓународен ден за борба против хомофобија, трансфобија и бифобија
20 мај
Најавена првата Парада на гордоста во Скопје
ЗНМ: Обвинителството да го повлече обвинението за Кежаровски
Пендаровски – Ахмети: Сите политички фактори треба да се насочат кон стратешките цели на земјата
21 мај
Кривична пријава против Љупчо Палевски и три други лица за неовластено и тонско снимање
Пратениците ќе одлучуваат за пакет социјални закони
УКИМ слави 70 годишнина од основањето
УНЕСКО со препорака Охрид да се стави на списокот на загрозено светско наследство
22 мај
ДКСК отвори уште еден предмет за директорката на Клиниката за хемаотологија
Комплетиран кабинетот на Пендаровски
Кривична пријава за „злоупотреба“ тешка над 400 милиони денари
23 мај
Богоевски си поднесе оставка од пратеничката функција
Разрешени 78 претседатели на општинските ограноци на СДСМ
Филиповски на местото на Богоевски
Претседателот Пендаровски потпиша уште 18 укази за прогласување закони
24 мај
Груби и Османи со спротивни изјави за кадровските решенија на Пендаровски
26 мај
Седница на Централниот одбор на СДСМ
Села за СЈО: Би поддржал закон кој нема за цел да амнестира некого!
27 мај
Лажни портпароли проневериле 12.000 евра за кампања на претседателските избори
„Mетлата“ на Заев ќе опфати најмалку тројца министри и неколку директори на јавни претпријатија
Пендаровски потпиша укази за прогласување на три закони за социјална реформа
28 мај
3,76 милиони евра за медиумска изборна кампања, членовите на ДИК одлучија да не земат награда
Отворен е првиот Дневен центар за лица со Даунов синдром
29 мај
Комисијата му предложи на Собранието да се одземе мандатот на Груевски
30 мај
Ахмети и Џафери го загубија спорот со Богоевски за клевета и навреда
Заев: Довербата што ја имам во Ахмети е голема
СЈО бара нов притвор за Груевски во случајот „ТНТ“
Ел Чека објави нова „бомба“ за „Монструм“
31 мај
Апелација му го укина притворот на Груевски за „Космос“, СЈО бара нов притвор
Ел Чека објави нови бомби: Или криминалците на ДУИ ќе бидат затворени или Заев ќе падне!
ЗНМ на средба со Јовески: ОЈО да престане со прогонот кон Кежаровски
Канцелариите за врски во Скопје и Атина, станаа амбасади
Во ЈУНИ Груевски од Будимпешта си даде оставка од пратеничката функција, Јанева даде одобрение за враќање на пасошот на Камчев, државниот секретар во МИОА, Јахија, беше уапсен како осомничен за земање поткуп, се одбележа годишнината од потпишувањето на Преспанскиот договор, се одложи казната за Јанкуловска, се спроведе реконструкцијата на Владата и се одржа првата Парада на гордоста во Скопје.
1 јуни
Груевски си даде оставка од пратеничката функција
2 јуни
Владата, граѓанските организации, медиумите и експертите заедно за подобра иднина
Заев: За две години избравме иднина, светот нè препозна
Шекеринска: Правивме важни реформи во одбраната, го покачивме буџетот и платите за војниците
Столтенберг и Северноатлантскиот совет од денеска во Скопје
3 јуни
Официјалниот дел од посетата на делегацијата на НАТО започнува денеска
ОЈО поднесе кривична пријава против Ел Чека за објавените бомби на Фејсбук
Столтенберг: Членството на Северна Македонија во НАТО е важно и за Алијансата
5 јуни
Катица Јанева дала одобрение да му се врати пасошот на Камчев
6 јуни
Норвешка го потпиша протоколот за ратификација
7 јуни
Груевски доставил оставка со нотарски акт
ДКСК ќе истражува како Министерството за култура ја доделува наградата „Климент Охридски“
9 јуни
Се носи нов закон и се враќа стар систем за набавки
10 јуни
Откажана расправата за Предлог-законот за попис
Уапсен Јахи Јахија од ДУИ, државен секретар во МИОА
ОЈО: Двајца функционери од МИОА се гонат за земање поткуп за доделување ИПА проект
Царовска: Гарантиран минимален приход земаа 25.794 домаќинства
ВМРО-ДПМНЕ се заканува дека ќе го бојкотира пописот ако власта не ги консултира
11 јуни
Павле Богоевски официјално поднесе оставка
Собранието ја констатира оставката на Груевски
12 јуни
Пендаровски во Брисел: Во изминативе две години редовно испорачуваме добри вести од регионот
СДСМ со 30 нови претседатели на општински организации
13 јуни
Граѓаните на Тетово бараат отстранување на седиштето на ДУИ од градот
Естонија го ратификуваше Протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО
Холандскиот парламент со „да“ за Северна Македонија и „не“ за Албанија
14 јуни
Заев во интервју за ФАЦ: Знаеме како избегал Груевски
17 јуни
Една година Преспански договор
Од денес ќе се издаваат нови регистарски таблички со ознаката NMK
19 јуни
Граѓаните од 1 јули ќе може да добијат поврат на 15 отсто од платениот ДДВ
Анѓушев: Владата активно работи на привлекување на реномирани странски инвеститори
Кирацовски: На канцерот во медиумите мора да му се стави крај
20 јуни
Владата без став за рудниците, блокадите кај Иловица продолжуваат
21 јуни
Пендаровски се сретна со Героски
Кривична за директорот на МТВ Цветковски од финансиска полиција
22 јуни
Заев: Одлуките се донесени, предлогот за реконструкција ќе се достави во недела во Собранието
24 јуни
Одложена затворската казна на Гордана Јанкуловска за случајот „Тенк“
Манчевски: Се работи на целосна деполитизација на јавниот сектор
25 јуни
Унгарија го ратификуваше протоколот за членство на земјата во НАТО
Пендаровски доби потврда за цврстата поддршка на Германија за членството во ЕУ и НАТО
26 јуни
Нова опозициска парламентарна група на повидок
ДКСК предупредува за судир на интереси доколку премиерот стане и министер за финансии
Ставрески давал исказ во Финансова полиција
27 јуни
Унгарскиот суд го одби барањето за екстрадиција на Груевски
Шекеринска во Брисел на билетерални средби со министрите за одбрана на земјите членки на НАТО
28 јуни
Собранието синоќа ги изгласа новите министри
Приведени десетмина граѓани меѓу кои и вработени во Министерството за транспорт и врски
29 јуни
Првата „Парада за гордоста“ во Скопје помина без проблеми
Пендаровски: Сексуалната ориентација и родовиот идентитет не смеат да бидат основа за дискриминација
ЈУЛИ го одбележаа новиот Закон за прекинување на бременоста, штрајкот со глад на Миле Јанакиески, неиздавањето дозвола за рудникот Иловица, отфрлањето на пријавата против Канчевска Милеска, ослободувањата од обвиненијата за Латас и браќата, Садула Дураку на функцијата вицепремиер, бомбите за Рашковски, апликацијата „Мој ДДВ“, апсењето на Бојан Јовановски – Боки 13 и обелоденувањето на случајот „Рекет“ во јавноста.
1 јули
ОЈО со обвиненија против седум лица за сообраќајната несреќа кај Ласкарци
Од денеска се воведуваат две нови вакцини за деца
2 јули
Филипче: Донесен е новиот Закон за прекинување на бременоста
3 јули
Миле Јанакиески штрајкува со глад
4 јули
Владата го одби барањето за издавање дозвола за „Иловица“
Пендаровски: Од оваа позиција не можам да предводам промена на изборен модел
Отфрлена кривичната пријава од Финансиската полиција против Канческа Милевска
Латас и браќата ослободени од обвинението за случајот „Тревник“
5 јули
Заев: Очекуваме датум во октомври, проширувањето може да оди паралелно со реформите во ЕУ
Рот побара брзо отворање на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија
Владата свечено ќе го пушти автопатот Миладиновци-Штип
Садула Дураку стана и вицепремиер
7 јули
Рашковски за новата „бомба“: Прашајте во „Леонардо“ дали сум побарал нешто.
Апликацијата „МојДДВ“ ја симнале околу 58.000 граѓани, вкупно 433.204 прочитани сметки.
Усвоен третиот Национален извештај за состојбата со човековите права во РСМ
8 јули
ОЈО поднесе обвинителен предлог против поранешниот претседател на Основниот кривичен суд Владимир Панчевски за злоупотреба на службената положба и овластување.
ЦИВИЛ денеска објави дека Иницијативата #КрајЗаРасипништвото до сега ја потпишале над 2.000 граѓанки и граѓани.
9 јули
МТСП обезбеди летување на 700 деца од семејства во сoцијален ризик
Собранието ја констатираше оставката на пратеникот на НДП, Весел Мемеди
ДКСК ќе го разгледува случајот со Драги Рашковски
10 јули
Владата вчера го разреши Џеват Исени од функцијата извршен член на Одборот директори на акционерското друштво за стопанисување со деловен простор (АДСДП).
11 јули
Премиерот Зоран Заев денеска, рече дека телефонскиот разговор со руските комичари е приватна работа со која не би требало да се поврзува Руската федерација.
Уапсен Лаки Арамбаша учесник на насилството на 27 април во Собранието
Руската амбасада не ги коментира „шегите“ на комичарите
12 јули
Осум милиони евра за ветинг на судиите и обвинителите
15 јули
Катица Јанева поднесе оставка: Нема да бидам нечие алиби што ќе го држи во заложништво СЈО.
Уапсен е менаџерот на 1ТВ, Бојан Јовановски, познат во јавноста како Боки 13.
Заев ги повика Мицкоски, Ахмети и Села на лидерска средба
Ел Чека пушти нова „бомба“ за братот на Али Ахмети и за Муса Џафери
16 јули
Заев: Обвинителството да се изјасни дали Катица Јанева е инволвирана или злоупотребена.
Османи: ДУИ е најголемиот непријател на селективната правда.
Судија на претходна постапка одреди 30 дневен притвор за Бојан Јовановски и за Зоран Милевски.
17 јули
Христијан Мицкоски одбива лидерска, Зоран Заев вели дека ќе се одржи и без него.
Заев ја презентираше „метлата“ на функционерите, директорите и раководителите.
Германката Урсула фон дер Лејен е избрана за претседател на Европската комисија.
18 јули
ЗНМ со остра осуда за пратеникот Стевананџија за ширење дезинформации за новинарите Јовановски и Христов.
Жбогар: Случајот „Рекет“ е доказ за владеење на правото
Шефицата на обвинителството за организиран криминал и корупција, Вилма Русковска, открива дека, всушност, премиерот Зоран Заев е тој кој прв ги известил неа и републичкиот обвинител, Љубомир Јовески за случајот “Рекет”…
19 јули
Новото СЈО ќе се преименува во ЈО за гонење организиран криминал и висока корупција
Оперативно-техничката агенција (ОТА) во моментов активно следи 159 комуникации, а постои можност некои од нив да се поврзани со најновиот случај „Рекет“.
Влада: Откажана лидерската средба, не прифаќаме ултиматум од Христијан Мицкоски.
21 јули
Пендаровски: Нема никого да амнестирам ако направил криминал
ВМРО-ДПМНЕ не прифаќа Вилма Русковска да го презеде местото на Катица Јанева
Премиерот Зоран Заев со нов телефонски број, безбедносни мерки за комуникација во Владата.
22 јули
Новиот закон за Јавно обвинителство предвидува и специјализирано судско одделение.
Затворите не ги почитуваат меѓународните стандарди и човекови права.
Експлицитен говор на омраза и отворена најава за инциденти на Мечкин Камен.
Основниот кривичен суд – Скопје го одби барањето на бизнисменот Сеад Кочан поради здравствени причини да му биде одложено издржувањето на затворската казна од четири години и осум месеци за предметот „Труст“ на СЈО.
23 јули
Катица Јанева сама пред новинарите, прочита дека е чиста! Боки 13 и го злоупотребил името.
Филипче: Во повеќе општини зависниците терапијата ќе ја примаат пред лекар
Пронајден и вториот телефон на Катица Јанева. Лицето кај кое е пронајден телефонот изјави дека телефонот е добиен на подарок.
24 јули
Владата работи на акциски план за справување со дезинформациите и лажните вести, објави премиерот Зоран Заев
ЗНМ и СЕММ го осудуваат недоличното обраќање на новинарка на МРТВ на Фејсбук, по повод одбележување на Илинден.
25 јули
Општина Охрид ќе постапи согласно законите по барањето на ДКСК за раскинување на договорите со Нефи Усеини.
Претседателот Стево Пендаровски потпиша укази за два нови гранични премини со Грција.
Премиерот Зоран Заев и еврокомесарот Јоханес Хан изразија надеж дека е можен датум за преговори за влез во ЕУ во октомври. „Ние сме земја која е поблиску до ЕУ“.
26 јули
Инцидент на протест против ДУИ во Скопје, се бара правда за Албанците и казни за криминалците.
Во близина на главниот плоштад во Тетово е пронајдено безживотното телото на поранешниот возач на Хазби Лика, Фатмир Тахири од Тетово.
Помошникот државен секретар на САД, за Европа и Евроазија, Филип Рикер, ја повика опозицијата да покаже конструктивност за законот за јавно обвинителство, со кој треба да се реши идниот статус на Специјалното јавно обвинителство и порача дека времето за политички игри веќе е поминато.
Скопје се сеќава на катастрофалниот земјотрес од 1963 година.
29 јули
Антикорупциска ќе ги проверува кандидатите за членови на Советот на АВМУ и на МРТ
Основниот суд Велес ќе постапува по предметот за судијата Владимир Панчевски
„Сите сме деца на Илинден“ – слоган на сите настани на 2 Август.
30 јули
Дивоградбата на советникот Нефи Усеини ќе биде отсранета, ветува премиерот Зоран Заев, ДУИ бара неселективно уривање
Христијан Мицкоски, формалниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, денеска е во Будимпешта, на средба со унгарскиот премиер, Виктор Орбан. Можноста Никола Груевски да е дел од состанокот, не е исклучена.
Кривична пријава за човекот што преку Фејсбук му се закани на премиерот Зоран Заев
31 јули
Синот на пратеникот од ДУИ, Џевад Адеми, и уште едно лице се ранети на свадбена прослава во Мала Речица.
Кривичниот суд денеска на јавна седница го одобри обвиненителниот акт за случајот „Талир 2“ кој се однесува на незаконска изградба на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ и го доставила до странките.
Заврши вештачењето и на вториот мобилен телефон на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.
Спроведувањето на Сеад Кочан во Идризово, казната од 7 години за дедото на Тамара, ДКСК поведе постапка против градоначалникот на Сарај, објавувањето на видеа за „Рекет“ во Ла Верита, апсењето на Катица Јанева, стапувањето на функција на новата министерка за економија Ангеловска се дел од настаните кои го одбележаа АВГУСТ.
1 август
Комеморација за Денот на геноцидот врз Ромите во Втората светска војна
Средба во Скопје помеѓу Зоран Заев и Бојко Борисов: Продолжуваме понатаму да градиме пријателство, тоа го должиме на идните генерации
МВР: Во тек е постапка за десетина пријави за лица што шират говор на омраза на социјални мрежи
2 август
Сеад Кочан спроведен во „Идризово“
Без инциденти помина чествувањето на Илинден на Мечкин Камен
Пендаровски: Граѓанско помирување, втемелено врз правда и одговорност
3 август
Нема приближување меѓу власта и опозицијата за клучните точки од законот за ЈО
Илинден 2019: Пораки за помирување и повик за избори
Лажна вест е дека на Кареви им било забрането да положат цвеќе на гробот на Никола Карев
5 август
Заев: Никој не е привилегиран и никој нема да биде амнестиран
Љупчо Стојановски, дедото на малата Тамара, кој во 2017 година пукаше во поранешниот министер за здравство, Никола Тодоров доби 7 години и 6 месеци затвор, по одлука на Апеалцискиот суд во Скопје.
Метју Палмер: Заврши времето на политиканство, време е за лидерство
6 август
Тимјaник, една година подоцна, пример за хумано општество
https://www.facebook.com/carovska.mila/videos/424484371499827/
Здравствениот инспекторат констатирал лоши санитарно-хигиенски услови во 156 училишта
Извршителите од должници наплатиле околу 127 милиони еврa
ЈП Комуналец – Охрид ги раскина договорите со Нефи Усеини
Градоначалникот на Сарај ќе покрене постапка против ДКСК
7 август
Од денеска државјанството во изводите „македонско/граѓанин на Република Северна Македонија“
Шекеринска за случајот „Рекет“: Покажавме дека никој не е заштитен дека не е света крава
МОН: Судот пресуди во корист на Tаравари оти доставивме нецелосни и нечитливи документи
8 август
Објавено видео од „Рекет”, се гледаат пари, се слушаат ветувања
Обвинителството не открива дали ја има снимката на „Ла Верита“
СЈО: Снимката потврдува дека случајот „Рекет“ нема врска со нас!
9 август
Продолжува објавувањето видео снимки поврзани со случајот „Рекет“
Јовески: И Јанева и Стефанова ќе бидат сослушани
Сопругот на Теута Арифи, еден од судиите што го пуштиле Камчев на слобода
10 август
Трета „бомба“ на „Ла Верита“ за случајот „Рекет“
Миле Јанакиески пуштен во домашен притвор
Јанева: Водев преговори Камчев да стане соработник-сведок во нова предистрага на СЈО
12 август
Пендаровски: Разочаран сум од луѓето од кои очекувавме правна држава
Катица Јанева се врати на работа
Заев: Нови 49.552 вработувања во Северна Македонија за две години!
13 август
Владата формира оперативен тим за борба против криминалот и корупцијата
Притвор за четворица вработени во УБК, осомничени за проневера на над 50 милиони денари државни пари
Боки 13 и Кичеец добија нови 30 дена притвор
14 август
Правната држава да се покаже на дело за „Рекет“, бара меѓународната заедница
#NorthMacedonia: the fight against high level corruption must continue uninterrupted. Concerning the latest revelations it is important to establish legal accountability for all crimes, including those arising from and surrounding the illegal wiretaps. 1/2
— Johannes Hahn (@JHahnEU) August 11, 2019
Заев не размислува за оставка и предвремени избори
Владата им порача на општините да го отстранат симболот на Сонцето на Вергина од сите јавни места
Лажните вести на порталот вечер.мк имаат кратки нозе
15 август
Обвинителен акт против 20 лица за трговија со луѓе и криумчарење на мигранти
Претреси на вработените при влез и излез од СЈО
16 август
Заев: Следува инвестициски циклус од околу пет милијарди евра
19 август
Фетаи: Не се мешам во истрагата „Рекет“
20 август
Катица Јанева на распит во ОЈО за случајот „Рекет“
Димитров и Османи во Данска по поддршка за датум за преговори за членство во ЕУ
Јавното обвинителство отфрли иницијатива на ДКСК поради застареност
21 август
Потпишани протоколите за „One stop shop“ на преминот Табановце-Прешево
По распитот на Јанева за „Рекет“, нема новоосомничени
МВР: Јанева е уапсена по налог на Обвинителството за организиран криминал
Општина Гостивар ги укина службените мобилни телефони
30 дена притвор за Катица Јанева
22 август
Фетаи: СЈО продолжува со застапување на предметите во судница
Хелсиншки: Раст од 30 проценти на случаи на дискриминација во 2018 година
23 август
Законот за ЈО без договор оди во Собрание
Заев денеска ќе ги достави предлозите за нови министри и заменици-министри
Ангеловска: Спремна сум да се вложам во прогресивни фискални политики
https://www.facebook.com/nina.angelovska/posts/10156510970920509
24 август
„Рекет“ и СЈО во рацете на ОЈО
25 август
Кривична пријава за полициски инспектор со лажна диплома
Манчевски: ААВМУ застана во одбрана на лажни вести
https://www.facebook.com/damjan.manchevski.3/posts/2470095199693192
26 август
Жбогар: „Рекет“ стана риалити шоу, судството има поддршка за брзо процесирање на случајот
Уште една лажна вест на „Куририте“ дека премиерката Брнабиќ е пречекана без знаме
Ќе се формира регистар на професионални он лајн медиуми
Камчев како сведок даде исказ пред Рускоска
27 август
Четири лица приведени под сомнение дека го предизвикале пожарот во Велешко
Пратениците изгласаа итно донесување на Законот за јавно обвинителство
28 август
Хронологија на процесот на донесување на Законот за јавното обвинителство
Прв состанок на работната група за ветинг во МВР
29 август
Советот на ЈО одлучи да почне постапката за разрешување на Јанева
30 август
Митко Јанчев: ВМРО-ДПМНЕ треба да биде партија што мисли за иднината
Заев ги претстави кандидатите за нови министри Ангеловска и Џамаили
Европски министри „притискаат“ за преговори за членство со Северна Македонија и Албанија
Која е Нина Ангеловска, новата министерка за финансии?
СЕПТЕМВРИ започна со штрајкот на СОНК, потоа следуваа: застарувањето на случајот Ликвидација, посетата на Венецијанската комисија, напади врз здравствени работници во повеќе здравствени установи во земјата кои предизвикаа штрајк, разрешувањето на Јово Вангеловски од Судскиот совет, потврдувањето на затворските казни за седуммината осомничени за обид за убиство на Зијадин Села, собраниската иницијатива за една изборна единица, куќниот притвор за Зоран Милески – Кичеец и конференцијата на ЦИВИЛ „Перспективите на македонските избори“.
1 септември
Злоупотребите заминуваат во историјата, денеска започнува со работа Агенцијата за национална безбедност
СОНК не отстапува, утре училиштата штрајкуваат, Неделков не прифаќа одговорност за евентуални ризици за безбедноста и здравјето на учениците
Царовска: На нашите сограѓани од пониските социјални слоеви и ранливите групи прв пат по многу години им обезбедуваме достоинствен живот
https://www.facebook.com/SDSMakedonija/videos/1121592344717151/
Штрајкот на СОНК во хаос, никој ништо не знае, некој ќе работи, некој ќе штрајкува
2 септември
Во Собранието продолжува процедурата за разрешување на Катица Јанева
Новата министерка Ангеловска го презеде управувањето со Министерството за финансии
СОНК и МОН на иста страна за наставниците, на различна за штрајкот
СОНК не се согласува со 5 отсто покачување на платите, кои наставниците ќе ги добијат со платата за септември, и бара да бидат повисоки за онолку проценти за колку што е зголемена минималната плата во државата, односно до 25 отсто.
3 септември
Поранешен пратеник од редовите на НСДП, Љубомир Јосифовски, осомничен за оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем синоќа бил приведен на распит во полициската станица Беко во Скопје. Јосифовски се сомничи за неовластено влегување во комјутерскиот систем на Централниот регистар.
На новинарот Томислав Кежаровски нема да му се суди за случајот „Ликвидација“, поради застарување на кривичното дело.
Договор за Законот за ЈО се уште нема, консултациите продолжуваат
Пратеничката Фросина Ременски утре треба да се појави во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, каде што е повикана да даде исказ за случајот „Рекет“.
4 септември
Јанева дала наредба сите истраги на СЈО да се префрлат во ЈО во рок од три дена
Владата денеска ја осуди објавата на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски за министерката за финансии Нина Ангеловска и очекува најголемата опозициска партија да се огради од ваквиот говор на омраза.
„Во едно демократско и прогресивно општество кое се стреми кон европски вредности нема место за шовинистички и сексистички изјави, особено не од портпароли на политички партии“, пишува ЦИВИЛ во денешното соопштение во кое јавно ја осудува срамната објава на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, насочена кон новата министерка за финансии, Нина Ангеловска.
Извештајот на Советот на јавни обвинители за разрешување на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева во Собранието ќе се разгледува утре
5 септември
Комисијата за прашања на изборите и именувањето едногласно го донесе заклучокот за разрешувањето на Катица Јанева од првата позиција на СЈО.
Делегација на Венецијанската комисија денеска ќе престојува во земјава
1ТВ од вчера престана да емитува програма
6 септември
Јавното обвинителство на РСМ одлучи да ги преземе предметите од СЈО.
Премиерот Зоран Заев изјави дека е подготвен да свика лидерска средба за Законот за јавно обвинителство
ОЈО Битола до Основниот суд во Битола поднесе Обвинителен акт против едно одговорно лице за кривично дело загадување на животната средина и природата и против правното лице АД за производство на електрична енергија – Електрани на Северна Македонија кое се товари дека сторило кривично дело загадување на животната средина и природата.
7 септември
МЗ: МРП вакцина досега примиле 37.189 деца на возраст до 14 години
Кривична пријава заработија браќата од тетовска Голема Речица за претепувањето на лекарот од тетовската Клиничка болница.
8 септември
Северна Македонија денеска одбележува 28 години од успешно спроведениот референдум во 1991 година, на кој македонските граѓани се изјаснија за самостојна и суверена држава.
Денешното одбележување на Денот на независноста ВМРО-ДПМНЕ реши да го пресконе положувањето свежо цвеќе на гробовите на двајцата поранешни претседатели Киро Глигоров и Борис Трајковски
9 септември
Владата на РСМ со реакција на вандализмот на неколкумината радикали пред конзулатот на Република Северна Македонија во Мелбурн
10 септември
Заев и Мицкоски на лидерска ќе бараат решение за Законот за Јавно обвинителство
Претседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловски, денеска беше разрешен од Судскиот совет, поради нестручно и несовесно вршење на функцијата
Цветанка Периќ е избрана за нов судија во Врховниот суд
ДУИ се дистанцира од секакво политичко мешање во одлуките на институциите и инсистира на вето
11 септември
И по шест часа, нема напредок во преговорите меѓу власта и опозицијата, новинарските екипи го напуштија Собранието
Според Нацрт-законот работодавачите ќе добиваат за покачување на плати од 600 до 6.000 денари
Апелацискиот суд во Скопје ги потврди во целост сите затворски казни изречени од Основниот кривичен суд Скопје на седуммината обвинети за обид за убиство на пратеникот Зијадин Села во Собранието на РМ на 27 април минатата година.
Во општините во Градот Скопје, во Тетово, Битола и во Кичево, Владата согласно Планот за чист воздух ќе започне со доделување на средства за целосна замена на печките на дрва со високо ефикасни инвертер клими
12 септември
Царовска: Годинава двојно повеќе средства за поддршка на жртви од родово базирано насилство
Владата ја прифати и иницијативата на Граѓанската Еколошка Организација, Еко Герила од Тетово, за поставување на модерни филтри на оџаците на 30 големи компании кои загадуваат
Министерката за правда Рената Дескоска изјави дека за време на разговорите за законот за Јавното обвинителство предложиле вработените во СЈО да бидат префрлени во републичкото Јавно обвинителство.
13 септември
Нови 30 дена притвор за Боки 13
Се очекува предавањето на предметите да биде заокружено до 15 септември кога истекува мандатот на специјалната обвинителка Катица Јанева, која е во притвор за случајот „Рекет“.
Љупчо Палевски – Палчо е приведен од српската полиција на белградскиот аеродром
14 септември
Собранието експресно ја разреши специјалната јавна обвинителка Катица Јанева со 102 гласа „за“ без воздржани и против. За оваа одлука гласаа „за“ и 27 припадници од заедниците кои не се мнозинство.
15 септември
По разрешувањето на Јанева, ќе се регулира статусот на останатите обвинители во СЈО
16 септември
Престанува мандатот на обвинителите на СЈО, Јовески може повторно да ги активира.
Советот на јавни обвинители на денешната седница донесе одлука да биде ставено вон сила делот од решението за разрешување на СЈО Катица Јанева со кое е определено дека и мирува функцијата како јавен обвинител во ОЈО Гевгелија.
Укинат домашниот притвор на Стевчо Јакимовски
17 септември
Поднесено барање за укинување на притворот на Јанева
Антикорупциската комисија ќе побара од Службата за општи и заеднички работи на Владата да го раскине договорот за закуп на просториите на поранешниот претседател Ѓорге Иванов и да му додели канцеларии во државна сопственост
Собранието на Република Северна Македонија ја информира јавноста дека се формираше Иницијатива за една изборна единица, во која се вклучија 12 пратеници од 10 партии и 1 независен пратеник.
18 септември
Се слушаат гласовите на Јанакиески, Јанкуловска и Камчев на рочиштето за „Монструм“.
Продолжен притворот за Јанева за уште 30 дена.
Протест на здравствените работници: Насилството не е решение за проблемите.
Алијансата за Албанците бара меѓународна истрага за Диво Насеље
19 септември
Конститутивен состанок на Акциската група за координација на институциите на државата за борба протв дезинформации и напади на демократијата се одржa денеска во Владата на Република Северна Македонија.
СДСМ ги повика сите пратенички групи да го поддржат ребалансот на буџетот со кој се субвенционира растот на платите
20 септември
Дерала: Привилегиите мора да се укинат, Уставот е јасен, во еднаквоста нема ретроактивност
Претседателката на Меѓународниот сојуз Агапи Дика на распит во Обвинителството за организиран криминал
Основното јавно обвинителство од Скопје поднесе обвинение против поранешниот директор на Централниот регистар Андреја Поповски за злоупотреба на службената положба и овластување, како и против тројца вработени за кои се сомничат за помагање.
21 септември
Јанева останува во притвор, продолжуваат сослушувањата за „Рекет“
22 септември
Заклучно со 19 септември скенирани се 19,905,878 фискални сметки, остварен е промет од 10,073,372,640 денари, вкупниот ДДВ изнесува 1,093,180,972 денари, додека повратот на 15 проценти од платениот ДДВ изнесува 163,977,146 денари или 2.666.000 евра.
Реакции од граѓан(к)ите на Визбегово: И по режимот, децата на Визбегово немаат каде да учат! ЦИВИЛ апелира за брзо решение
23 септември
Заврши истрагата за „Рекет“ за парите од Орце Камчев
Верушевски: Документацијата за прислушуваните разговори беше во СДСМ
„Црн фонд“ на СЈО за одбрана на Катица Јанева
Антикорупциска ќе поднесе жалба на одлуката на Управниот суд за Ѓорге Иванов
24 септември
Судот го одби барањето на обвинетите за запирање на постапката за „Титаник“
Катица Јанева на распит за „Рекет“
Второосомничениот во случајот „Рекет“ Зоран Милевски – Кичеец ќе биде пуштен во домашен притвор
25 септември
Поддршка на членството на Северна Македонија и на Албанија во ЕУ искажале шефовите на дипломатиите на Бугарија Екатерина Захариева, на Грција Никос Дендиас, на Романија Рамона Манеску и на Хрватска Гордан Грлиќ – Радман на средбата одржана во Њујорк во рамки на Генералното собрание на Обединетите нации.
ЦИВИЛ одржа голема конференција „Перспективите на македонските избори“
26 септември
ОЈО: Со објавениот записник прекршен е член 289 од Закон за кривична постапка.
27 септември
Нов напад врз здравствен тим, овој пат во болницата “8 Септември”
Повторно одложен изборот на главен ревизор на собраниската Комисија, ДЗР пред блокада
Во Скопје се одржа првиот Марш за иднината за климатските промени во организација на движењето за климатска правда „Fridays For Future“.
28 септември
ДКСК ќе ги глоби функционерите кои нема да достават податоци за избраните и именувани лица
Република Северна Македонија воспостави дипломатски односи со Тунис и со Ерменија
29 септември
Самит на Економист во Скопје: „Зајакнување на моментумот за европска интеграција“.
30 септември
Средба Заев – Ципрас во Скопје во рамките на самитот на Економист
По наредба на главната обвинителка за организиран криминал, Вилма Рускоска, екс-специјалната обвинителка Катица Јанева била физички следена 10 дена по ред, пред да биде уапсена. Ова го потврди денеска нејзината одбрана, откако заврши увидот на доказите од ПИ мерките кон Јанева.
Мицкоски: Техничка влада и избори во март
Регионална средба за Пекингшка декларација, голем напредок за родовата еднаквост во Северна Македонија
Во ОКТОМВРИ Независниот синдикат на полицијата излезе на протести, Груевски доби право на глас во Унгарија, Македонија остана без датум за преговори за влез во Европската Унија, на лидерската средба кај Пендаровски лидерите на парламентарните партии се договорија за предвремени парламентарни избори на 12 април 2020 година и Метју Палмер беше во посета на Скопје.
1 октомври
Државната комисија за спречување на корупција го достави Посебниот извештај за финансирање на изборната кампања до Собраниската комисија
Презентација на првиот квартален извештај за работата на ДКСК
Иницијативата за една изборна единица одржа средба со претседателот на СДСМ, Зоран Заев, кој одговори позитивно на нивното писмено барање за разговор околу промена на изборниот модел од шест во една изборна единица.
Поранешната специјална обвинителка Катица Јанева останува во притвор во КПУ Затвор Скопје
2 октомври
Во Основниот кривичен суд Скопје е промовирана техничката опрема за аудиоснимање на судските расправи, донација од Амбасадата на САД во Скопје
Независниот синдикат на полицијата излезе на протести во повеќе градови низ земјата
Судскиот совет на Република Северна Македонија за судии на Управниот суд ги избра поранешен претседател на Државна изборна комисија, Александар Чичаковски и кандидатката од Академија за судии и јавни обвинители, Елеонора Хамулиќ Ајро.
3 октомври
Продолжува судењето за „Талир“ за незаконско финансирање на ВМРО-ДПМНЕ
Протестот на учениците во Идризово се пренесе во Собранието
СДСМ се ребрендира и започнува кампања „На прав пат“ со силно граѓанско учество
4 октомври
Општина Тетово по вторпат основа претпријатието за јавен превоз „Тетово Транспорт“
7 октомври
Завршува ултиматумот на СОНК до МОН, Адеми на средба со синдикалците
Тркалезна маса за лидери на високи позиции за хибридните закани поврзани со информациите
Јавното обвинителство соопшти дека на 8 октомври Бојан Јовановски – Боки 13 првоосомничениот во случајот „Рекет“, ќе биде донесен од Шутка во Обвинителството да го даде првиот исказ, по увидот во доказите.
Според оценките на Венецијанската комисија , Законот за јазиците ќе го загрози функционирањето на целиот судски систем. Министерството за правда нема да го коментира мислењето на експертите на Венецијаската комисија за Законот за јазиците сè до неговото усвојување од комисијата кога станува официјално.
Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ бара да биде вклучена во преговорите за Изборниот законик
8 октомври
Државната комисија за спречување на корупција и судир на интереси, започна со тридневна работилница за изработка на Национална стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2020 -2024.
Холандскиот парламент одлучува за старт на преговорите со Северна Македонија и Албанија
Заев: Предвремени избори ќе има кон крајот на октомври 2020
Полицаец со непристоен потег кон новинарите додека од Обвинителство со носилка го изнесуваа Боки 13
Суспендиран затворскиот чувар кој недолично се однесуваше кон новинарите
9 октомври
Пет физички и идно приватно лице под истрага за измама и перење пари
Ременски осомничена во рекет, Заев најави нејзино разрешување од партиските функции
Христијан Мицкоски најави дека Никола Груевски повеќе нема да биде почесен претседател на опозициската партија, бидејќи се укинува тој статус.
Владата одлучи за 10 отсто да ги зголеми платите на наставниците од април ако се согласи СОНК
10 октомври
Франција со предлог за одложување на пристапните преговори за Северна Македонија и Албанија до 2020
Бугарија со поддршка за преговорите за членство на РСМ и Албанија во ЕУ
ОЈО со обвиненија за Бојан Јовановски, Катица Јанева и Зоран Милевски – Кичеец
Пратеничката Фросина Ременски откако даде исказ во Кривичниот суд пред судија на претходна постапка за случајот „Рекет“ во изјава за медиумите рече дека не чувствува вина и оти очекува Обвинителството да го докаже тоа што и го става на товар. Се додека не биде докажана вина со правосилно судско решение, вели, таа е невина.
Поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева е задржана во клиниката „Жан Митрев“ на понатамошно следење, како пациент во сомнителна прединфарктна состојба.
11 октомври
Ден на народното востание, свечености во Прилеп, Куманово и Скопје
Груевски пронајден како гласач без адреса во Избирачкиот список за претстојните локални избори во Унгарија
Fugitive #NikolaGruevski, former PM of #NorthMacedonia known for corruption & #electionfraud is eligible to vote in #Hungary's local elections on Sunday in #Budapest's affluent 5th district thanks to his refugee status granted by PM #Orban @CivilMacedonia https://t.co/lbDQjFem9I
— Unhack Democracy 🇭🇺🇪🇺 🇺🇦 (@unhackdemeu) October 11, 2019
12 октомври
Меркел на средба со Макрон: Последна шанса за промена на ставот на Франција за почеток на преговорите со Северна Македонија и Албанија
Шекеринска: Ние испорачавме резултати, очекуваме Унијата да покаже лидерство и да ги отвори пристапните преговори
13 октомври
Екс-премиерот на Северна Македонија, азилант во Унгарија, Никола Груевски, доби право на глас на локалните избори во Унгарија. Но, тамошната власт која му подари азил, го изгуби главниот град.
14 октомври
Средба Меркел-Макрон: Нема официјална потврда дали е разговарало за датум за Северна Македонија
Националниот совет за евроинтеграции ќе расправа за пристапувањето во ЕУ
Премиерот Зоран Заев убеден дека на министерскиот состанок во Луксембург земјите членки на ЕУ ќе одредат датум за почеток на преговори со Македонија.
15 октомври
Дескоска во Советот на Европа: Се надевам дека нема да ја изгубиме шансата да добиеме преговори со ЕУ
Група македонски интелектуалци со отворено писмо му се обратија на претседателот на Франција, Емануел Макрон, по повод блокирањето на процесот на евроинтеграции за Северна Македонија.
Заменикот-министер за здравство Муса поднесе оставка по скандалот со примање мито
16 октомври
Финска понуди раздвојување на преговорите со Северна Македонија и Албанија
Повеќе од 20 милиони денари се индициите за затаен данок од фирмите поврзани со првоосомничениот во „Рекет“ Бојан Јовановски, познат како Боки 13.
Италијанскиот Сенат го ратификува Протоколот за пристапување на Северна Македонија во НАТО
17 октомври
Проширувањето на дневен ред на Самитот на ЕУ вечерва, Франција не попушта
Германските бизнисмени изразија поддршка на процесот на проширување на Европската унија и повикаа за започнување на преговорите за присоединување на Северна Македонија и Албанија.
https://www.facebook.com/zaevzoran/videos/2182017332090598/
Заев ги истакна последиците од евентуалното одлужување, а меѓу најопасните ги спомна спроведувањето на Преспанскиот договор, довербата на нашите граѓани кон ЕУ и оставањето простор за регресивните сили и третите страни во регионот.
Хан едногласен со Заев: Ако Северна Македонија губи датум, ЕУ го губи Балканот!
18 октомври
Македонија и Албанија без датум за пристапни преговори за членство во ЕУ
Во тек се политички консултации на повеќе нивоа, се разгледуваат и анализираат сите опции
Дескоска најави измени на Кривичниот законик за кривични дела поврзани со тортура
Обраќање на претседателот Стево Пендаровски по повод одлуката на земјите -членки на ЕУ за датумот за преговори за влез на Северна Македонија во ЕУ
https://www.facebook.com/SPendarovski/videos/503239236925313/
„Понекогаш европските вредности се посилни на Балканот отколку во Брисел“, напиша на Твитер поранешниот грчки премиер и лидер на СИРИЗА Алексис Ципрас, додавајќи дека неодредениот датум за почеток на пристапни преговори за Северна Македонија е порака на слабост и пораз за европска структура.
19 октомври
Ангеловска – Милер: 120 милиони долари од Светска банка за инфраструктура
Американскиот Стејт департмент изрази разочараност што Европскиот совет не ги прифати „многу силните реформски напори“ на Северна Македонија и Албанија и не постигна согласност за започнување пристапни преговори со двете земји.
Заев предлага предвремени избори, граѓаните да одлучат кој пат ќе го одберат
20 октомври
Лидерска средба кај претседателот Пендаровски за предвремени парламентарни избори
Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски му изразил признание за храброста и одговорноста на премиерот за неговата одлука да понуди предвремени избори.
Лидерот на ДУИ Али Ахмети, по лидерската средба изјави дека е задоволен од консензусот околу евроатлантските аспирации на земјата. За изборите изјави дека е договорено да се ратификува членството во НАТО, па потоа да се одржат изборите.
Тачи: За жал, пописот повторно ќе мора да се одложи
Зиадин Села ги повика сите граѓани да се мобилизираат и на 12 април и да ја донесат демократијата во земјава.
На лидерската средба, лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, упорно бегал од избори на 22 декември што е најраниот законски возможен рок за одржување предвремени парламентарни избори во земјава.
21 октомври
Заев во Рим на покана на италијанскиот премиер Џузепе Конте
Изборите ќе го пролонгираат планираниот Попис на населението
22 октомври
Заев: Рано е уште да се разговара за технички премиер, Владата е насочена на економските реформи
Туск пред ЕП: Европските лидери направија голема грешка за Северна Македонија и Албанија
Ќе се бара соодветен термин за попис во 2020 година
Германска амбасада: ЕУ да се држи до ветувањата, а Скопје да ги убеди сите дека местото му е во Унијата
23 октомври
Со ратификацијата на Протоколот за пристап на Северна Македонија во НАТО, од страна на Соединетите Американски држави, остануваат уште четири земји членки да го ратификуваат истиот за, конечно, целата процедура да заврши со потпишување и ратификација на Договорот во Собранието на Северна Македонија.
Спасовски: По утврдените рокови ќе се знае кој ќе ја предводи техничката влада
Премиерот Зоран Заев изјави дека на претстојните парламентарни избори во април следната година повторно ќе биде кандидат за премерското место.
24 октомври
ЕП ќе гласа за Резолуција за почеток на преговорите со Скопје и Тирана
Во Основниот кривичен суд во Скопје е закажано ново рочиште за незаконското следење на комуникациите „Таргет – Тврдина“ на кое, како што е најавено, треба да сведочи премиерот Зоран Заев.
Запалено возилото на поранешниот претседател на ОО СДСМ – Штип.
25 октомври
Со 412 гласа „за“, 136 „против“ и 30 „воздржани“, Европскиот Парламент изгласа Резолуција со која ги повикува земјите-членки на ЕУ на наредната средба да донесат одлука за почнување преговори со Македонија и Албанија.
Започна конференцијата „Зелените доаѓаат“ во организација на ЦИВИЛ
26 октомври
Во организација на граѓанската иницијатива „Денови на колективно садење дрвја во Македонија“,на јавната површина до скопската гимназија „Зеф Љуш Марку“ се спроведе акција на засадување дрвја
27 октомври
Над десет илјади вработени во Министерството за внатрешни работи ќе бидат подложени на процесот на ветинг или проверка со цел да се професионализира работата на полицијата и таа целосно да биде вклучена во служба на граѓаните
Зоран Верушевски, екс разузнавачот и советник за безбедност на премиерот Зоран Заев ја тужи државата за двата неосновани притвора со кои беше во затвор 11 месеца во 2015 година за случајот „Пуч“ и обвинението за неовластено поседување оружје
28 октомври
Државната изборна комисија е подготвена да спроведе парламентарни избори по било кој модел за кој би бил постигнат договор меѓу политичките партии, вклучително и за модел со отворени изборни листи, изјави претседателот на ДИК, Оливер Дерковски.
Тетовската полиција лишила од слобода 44-годишник од градот кој на Шар Планина при подготовка да направи скара, запалил оган што се проширил, па изгорела поголема површина сува трева.
Штипскиот Суд издаде согласност за потерница по Игор Спасов на територија на државата.
Спасовски: Некоординираност на институциите при справување со криминалот претставува проблем во државата.
29 октомври
Министерот за образование Арбер Адеми ќе се сретне со претставници на Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК), откако во саботата најави историско покачување на платите во образованието и изрази оптимизам дека нема да дојде до штрајк на наставниците, бидејќи, како што рече Министерството и Владата нудат решенија
Метју Палмер во посета на Скопје
По обвинувањата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски дека Државниот завод за статистика фабрикува извештаи по нарачка на Владата, со свој став и демант излезе директорот на ДЗС, Апостол Симовски и целосно ги отфрли и демантира изјавите на Мицкоски како лажни и неточни.
30 октомври
Обвинителката Вилма Русковска во интервју на ТВ 24 рече дека Обвинителството нема докази дека некој е виновен за бегството за поранешниот премиер Никола Груевски
Рокот на важење на возачката дозвола за повозрасните возачи се продолжува од 70 на 75 години
Собранието ќе биде распуштено на 11 февруари, а веднаш потоа претседателот на законодавниот дом Талат Џафери ќе ги распише предвремените парламетрани избори што треба да се одржат на 12 април
Секој припадник на Армијата, без разлика дали се работи за воен или за цивилен персонал, од 1 март следната година ќе добива месечен надоместок од околу 7.000 денари за таканаречната закупнина или станарина за решавање на станбеното прашање
31 октомври
Палмер од Скопје со порака: Поддршката на САД за европската перспектива ја разјаснивме тука, а тоа ќе го разјасниме и со нашите европски партнери
Едуард Кукан: Тешко е да се работи со ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи не сакаат да се променат, Заев го следи интересот на граѓаните и државата
По сеопфатна истражна постапка, надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до Основниот кривичен суд – Скопје, достави обвинителен акт против 11 лица, меѓу кои е и поранешниот градоначалник на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски.
Јадранка Галевска, поранешен началник на Одделот за управни работи денеска при сведочењето за случајот „Титаник“ посочи дека незаконски биле издавани лични карти, најголем број во општините каде тогашната владејачка ВМРО-ДПМНЕ имала најслаб рејтинг
ДКСК со кривична пријава за градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, Јанева од Шутка побара апанажа, Сасоли ја посети Македонија, МОН и СОНК постигнаа договор за повисоки плати, Груевски беше ослободен од обвиненијата за „Траекторија“, Зекир Рамчиловиќ е нов потпретседател на Собранието, Камчев со кривична пријава за обвинителките Катица Јанева и Лиле Стефанова, Јанева доби куќен притвор, се промовираше платформата „Отворени финансии“ и Албанија беше погодена од катастрофален земјотрес во НОЕМВРИ.
1 ноември
Шестиот игран филм „Врба“ на Милчо Манчевски со македонска премиера истовремено во Скопје, Битола, Охрид и Штип
Мицкоски против одложувањето на изборите на сметка на ратификацијата на протколот од НАТО
2 ноември
ДКСК со кривична постапка против градоначалникот на Струга, Мерко за набавка на луксузно возило
Катица Јанева од затвор во Шутка побара апанажа
3 ноември
МТСП: 2.631 лице се стекнаа со социјална пензија
4 ноември
Верушевски доби 42.000 евра отштета за „Пуч“
5 ноември
Зеќир Рамчиловиќ предложен за потпретсдател на Собранието
6 ноември
Макрадули: Во првите шест месеци од годинава казнети 242 загадувачи на животната средина
Владата донесе одлука за воведување пилот програма за сеопфатно сексуално образование
7 ноември
Владата ќе издвои 2,9 милиони евра за купување објект за Мисијата при НАТО во Брисел
Љупчо Николовски избран за шеф на изборниот штаб на СДСМ
Заев изрази надеж дека ќе се постигне консензус за една изборна единица
Промовирана „Граматиката на современиот ромски јазик“
8 ноември
Протест на текстилните работнички во Штип
МОН и СОНК постигнаа договор за повисоки плати на наставници од 1 јануари 2020
11 ноември
Украдени новозасадените дрвца кај поликлиника „Чаир“
12 ноември
13 декември
Груевски ослободен за „Траекторија“
Рамчиловиќ избран за нов потпретседател на Собранието
15 ноември
18 ноември
Министерски форум за правда и внатрешни работи ЕУ – Западен Балкан во Скопје
Меѓународен ден на детето: Преку 200 поплаки за повреда на правата на детето
19 ноември
Катица Јанева оди во куќен притвор по одлука на скопскиот апелационен суд
20 ноември
Владата ја усвои Стратегијата за транспаретност 2019 – 2021
Меѓународен ден на сеќавање на жртвите на трансфобијата
Трошењата на државата на увид на јавноста преку веб платформата „Отворени финансии“
21 ноември
Франција го ратификуваше Протоколот за НАТО, остана уште Шпанија
Министерката Царовска прогласена за „Жена на годината 2019“
Одбележување на Денот на албанската азбука
Над 150 илјади евра исплатени на Јанева плус од платата, покажува базата „Отворени финансии“
Девет членки на ЕУ се потпишаа на писмото со кое се бара преговори за Северна Македонија во март
За здравството во 2020 година предвидени 7,1 милијарда денари
24 ноември
25 ноември
Меѓународен ден за борба против насилството врз жените
26 ноември
Земјотрес во Албанија, РСМ испрати спасувачки тимови
29 ноември
Од настаните кои го одбележаа ДЕКЕМВРИ се издвојуваат започнувањето на судскиот процес за „Рекет“, првата исплата од „Мој ДДВ“, протестите за чист воздух, изгласувањето на новиот државен ревизор во Собранието, маршот на сексуалните работнички, исказот на Ременски за случајот „Рекет“, едностраното раскинување на договорот за Иловица, лидерската средба Заев – Мицкоски и конечното потпишување на колективен договор во културата.
2 декември
ДКСК со Годишен план за следење на имотна состојба
3 декември
Граѓани протестираа против извршителите по трет пат
Започна судењето за случајот „Рекет“
4 декември
Владата ги прифати седумте барања на „Марш за чист воздух“ и повторно ги покани на средба
Уставен Суд одлучи да не поведе постапка за Законот за амнестија
Три години затвор за Кичеец за третообвинетиот во случајот „Рекет“
6 декември
Исплата на повратот на ДДВ од скенираните сметки
Комисијата за избори и именувања го предложи Максим Ацевски за главен државен ревизор
Одбиено барањето за апанажа на Јанева во Собранието
9 декември
МВР со кривична пријава за загрозување на сигурноста на претседателот на РСМ
Меѓународен ден на човековите права
Фестивал на слободата на ЦИВИЛ
11 декември
УЈП известува дека ВМРО – ДПМНЕ должи 22 милиони денари на компанијата Полиестердеј за рекламен материјал за кампањата на Силјановска, на ДКСК и се врзани рацете за финансирањето на кампањата на ВМРО-ДПМНЕ, и ревизорите немаат одговор што понатаму
12 декември
Пратеничката група на ДУИ поднесе речиси 5.000 амандмани на предлог – измените на Изборниот законик, ВМРО –ДПМНЕ поднесе 9 илјади амандмани
Обвинет во „Диво насеље” и пратил прислушувани материјали на Фетаи за случајот ,,Монструм”
Собранието го изгласа новиот државен ревизор
13 декември
15 декември
Започна наградна игра Мој ДДВ #Моја награда учествуваат и фискални на кои нема пресметан ДДВ
17 декември
Марш на сексуалните работнички
Ременски даде исказ за случајот Рекет пред ОЈО
Владата донесе одлука за едностран раскин на Договорот за концесија за рудникот Иловица
Собранието распиша оглас за нов состав на Антидискриминациската комисија
18 декември
Почнува расправата за илјадниците амандмани за измените на Изборниот законик
Обраќање на претседателот Стево Пендаровски пред пратениците
Медиумската платформа на ЦИВИЛ – дел од професионалниот регистар на онлајн медиуми
19 декември
Прес на ЦИВИЛ за избори, изборен модел, реформи, набљудување…
Парламентарниот комитет РСМ-ЕУ препорача почеток на преговорите за членство до крајот на март 2020
21 декември
Панел дискусија „Жртви на режимот –сведоштва и слики“ во организација на ЦИВИЛ
22 декември
Познат износот на буџетот за 2020 – 3,9 милијарди евра
23 декември
Започна Утринскиот брифинг на Слободен печат со Сашо Ораноски и Александар Чомовски
Одложено рочиштето за „ТНТ“, претепан екс градоначалникот Трајковски
Поранешен градоначалник на Демир Капија обвинет за злоупотреба на службената положба
24 декември
ДИК ја усвои програмата за задолжителна едукација на ОИК и ИО
26 декември
27 декември
28 декември
Лидерска средба на Заев и Мицкоски
Драган Ковачки е предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за технички министер за внатрешни работи
30 декември
ВМРО –ДПМНЕ ја објави листата предлози за техничка влада
Апелација одлучи: На Груевски и понатаму му се суди во „Траекторија“, застарувањето не важи
Потпишан Колективниот договор во културата
31 декември: Новогодишна честитка на ЦИВИЛ
Хронологијата ја подготвија: Игор К. Илиевски, Маја Ивановска, Ангела Петровска, Дехран Муратов, Дијана Тахири и Биљана Јордановска